Коментари

Правда и правичност? – Што беше тоа!?

пишува: Светислав ВАСЕВ

Правда и правичност? – Што беше тоа!?

По којзнае кој пат во овие две ипол години , повторно сме сведоци на политички прогон, во Македонија под власта на Заев правната држава одамна ја погребаа. Ја уби Заев и врхушката околу него. Тука суди политиката, а не правото.

Веќе и на врапчињата на гранките им е јасно. Кога има апсења – Се апсат членови на ВМРО. Апсењата секогаш доаѓаат кога власта тоне, неуспесите се присутни на секое поле и тогаш кога анкетите покажуваат пад на СДСМ, е тогаш драги мои веќе и сами гледате, очевидно е… се прибегнува кон апсење. Не е важно кој, важно е да има уапсени, да се крева фама, да се зборува за се, само за неуспесите на власта не. Не е важно што народот нема што да јаде, што се иселува, што е лошо образованието, што земјоделците солзи ронат, што нема квалитетно образование, во тој момент власта сака топ тема да биде тоа што се апси.

Е до кога бе другари? До кога со тие стари фори? До кога ќе се апси за да се покрие скандал, до кога ќе се штанцаат обвиненија без основ?

Држењето на целиот систем во грч, само за остварување на моменталните лични амбиции на поединци се вика автократија.

И тука нема право, нема правдина, нема правичност. Има само интерес што подолго да се остане на власт. За таа цел целиот државен апарат е впрегнат.

Но тоне, системот кој мислеа ќе трае долго им се распаѓа одвнатре. Криминалот и корупцијата, како и превирањата во сопствените редови веќе ја расипаа машината. Дополнително се поочевидниот прогон им создаде слика на гадење на граѓаните. Неправдата и неправичноста болат, го болат целото општество, особено кога тие ќе станат епидемични.

Кога ќе дојде време за наплата ќе биде лошо, како за извршителите, така и за нарачателите. Еден куп пресуди ќе паднат во Стразбург, ноторните прекршувања во постапките, како во случаите со Чавков, Јанакиески, Ристовски, сега и Димовски и Митески ќе треба да ги платат македонските даночни обврзници. Но болката на нив и нивните семејства неможе да ја надокнади никој.

Македонија стана држава со политички затвореници во 21 век, цели семејства се жртви на тортура на тлото на модерна Европа. И ова верувајте нема долго да трае. Чука часовникот. Западната цивилизација нема да дозволи некој аврократ во Македонија да имитира модерна инквизиција, власта го знае ова и затоа е во паника.

Доаѓа време на правда и правичност. Ќе биде можеби тешко за државата, но неопходно за нејзиното битисување.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top