Коментари

Zoon politicon

Goce Markov

Goce MarkovПишува: Гоце Марков, колумнист, Македонец и Човек

Zoon politicon

Индиферентната природа на луѓето во спектарот на надворешни соработници и неми набљудувачи не донесе до ова ниво на колекционери на дневни вести од трета класа и фискални сметки со поврат од 0.19!

Па Бога ми еден и единствен, повеќе и не заслужил Народ кој се крие!?

Од детството па се до денес, постојано нешто собира а ништо продуктивно…сто илјади пати помножено со нула е…довчерашни барјаковеачи и автобусоуживатели, стари јаки тврдокорни а и новокомпонирани, сега вртат марихуана на ангро во локалните шпионски претставништа!? А бре ми се гади од Вас!

Овие другиве бар имаат доблест да се изјаснат кои се, јавно да кажат!Какво идеализирано општество, какви бакрачи? Па вие шлајфате у место триесет години, вие г-да сте вечни владетели, вечни улизици и хемороиди во шупакот де на овие де на оние, неважно!

Вие сте онака, воопштено најниското кај човековиот род, вие сте Алфа и Омега на локалните одлуки, вие сте ,,столбот” на секој колектив, вие сте алката која ги поврзува двата света…без вас би биле одделени со кантони и со утопија!?

Сонот, имагинарното како дете ми беа сенка на ѕидот а сега не се ни суета.

Кантонот на баба ми, паметам како дете беше втор дом или прв за првоборец награда, а за жената само обврска да раѓа повеќе деца.

Како до опшество по мерка?-праша политичкиот комесар!

,,Не е совршено она што ке се направи совршено, но и самиот пат до тој чин треба да биде – Непоколеблив.”

Самата смисла на Ничеовиот ,,самосвесен” пат кон пронаогање своја лична филозофија е обезбедување интелектуална независност, а со тоа што неколку години однапред на своите познаници би им ги простиле сите можни гревови (теистичкиот принцип на простување).Оваа (пре)обработена мисла на Ниче е всушност само логички патоказ кон себепронаогањето и себеспознавањето со вракање кон т.н. Исусовски модел, иако повекето лаици-интелектуалци го категоризираат Ниче во атеистичкиот дел на се она што се вели етика, морал и духовни перспективи.

И Ниче верувал во Бог ама бил многу лигав!?

Преку етиката, теорија на Ч.М.,,Заробениот ум”, значи говориме за отфрлање на стариот модел на бирократија на еден, заробен ум, кон создавање на професионализам ослободен од ,,партиските” стеги и задржувањето на интелектуалното ткиво .

Со самиот процес би се одредила медио-популацијата за одреден политичко-економски систем ослободен од двете страни на власта.Имаш медии инсталации-работници, интелактула-носач и потрошувач-Влада?!

Во суштина тоа би било обезбедување на стартни позиции на т.н. zoon politicon, или пак формирање и пополнување на работни места по теркот на довчерашниот реал-социјализам во транскрипт, по ургенција, роднини, а бре каков е…н капитализам!?Од филозофско-политички аспект значи,адекватност, компетенција, квалитет и промовирање по заслуга.

Наместо утопија може да видиме контрапункт а тоа е проституција со  невиноста на територијата која се договара да се венча во здоговорен брак наречен Кантон.Која слобода на одлуки?

За да овој утопистички приказ на авторот прозвучи побезболно тоа би се пресликало вака:

а)Избор на кадар по квалитет или трупање на негативна селекција по теркот на ,,владини директори”, шема од ’91-та до денес!?

б)Преквалификации по теркот на Западната машинерија задржувајки го респектот на традицијата, наспроти купување дипломи и вработување по линија на Дизел!?

В)Подигање на свеста на новиот Македонец , продуховен и културно обогатен без ,,јазични” обременувања и рамки во состав на  македонската традиција.Така и и самиот лајт-мотив освен ослободување на простиот homo consumens, економски и политички зависен, да разговараме за националните чувства, наспроти апатридите и трговците со човечки души.Наспроти ова го имаме новиот систем на ,,вредности”, шарен, лажен, несигурен и обезбеден со сила од надвор.Се ви е лага!

Во таква корелација настанува конфликт на ,, потрошувачката болест”, наспроти идеализмот на освестените национални чувари без разлика на религија, партија, пол или возраст.

Со горенаведените три постулати  дебилната желба на потрошувачот-единка би се развила во концептот – паразитизам, кој пак е зависен од бенефициите на одредена политичка гарнитура, на одредено време и на одредено дејствие.Таквите единки се донатор на опшествени вирусни инфекции кои го деградираат колективниот конзервативен модел на политичко општење.

Иако звучи Фромовски и труло, генерален заклучок е дека и самиот чин на психолошка одредница на една интелектуална единка, всушност  не е чин на конформизам, но чин на идеализирана и напредно – прогресивна матрица, различна од простата мејоза на свеста која се униформира скриена под плаштот на  оваа или онаа партија.

Духот на индивидуата и формирањето на ,,колективна свест” позајмено од аналите на марксизмот и ден-денешен е погодно тло за култивирање на заробените умови.

Новата ментална матрица е селекција на оправданите и неоправдани  средства да се постигне ефектот на ,,стаклени нозе” или да се разобличи лагата и да се наметне вистински дискурс на лаѓата!

Е бегаат!Ќе бегаат!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top