Коментари

Во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски!!!?

a 1

a 1Свекрва

Неопходно потребно во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски!!!?

„Но бидејќи таа воодушевеност за народна просвета растеше со исполински чекори, во Велес се најдоа противници на тоа: Г. архиепископ Антим со рамните на себе зборувајќи: „дека сите народи се просветија од Грците и заради тоа е неопходно потребно во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски, затоа децата уште од дома го знаат својот јазик.“ – пишува Јован Нешковиќ, познат војводински просветен работник, кој учителствувал во Велес во 1857-1859 година. Ова значи дека уште тогаш се знаело за посебноста на македонскиот јазик.

Во 50-тите и 60-тите години на XIX век, се поставува во јавни дискусии прашањето за писмениот јазик што треба да го усвојат Македонците. Тогаш доаѓаат до израз две основни гледишта: 1. дека треба да се создаде единствен бугарско-македонски литературен јазик, со еднакво учество на бугарско-македонски литературен јазик, со еднакво учество на бугарски и македонски особености и 2. дека треба да се создаде посебен македонски литературен јазик, со оглед на тоа дека Македонците претставуваат посебен народ

Во едни такви услови, македонскиот јазик се повеќе го завзема своето место и го истиснува грчкиот јазик од училиштитата. За ова има повеќе сведоштва меѓу кои и она на учителот Јован Нешковиќ, познат војводински просветен работник.

Во една од дописките испратена од Велес, тогашниот учител Јован Нешковиќ, кој учителствувал во овој град во 1857-1859 година, го известува новосадскиот весник „Србски дневник” дека во 1857 година велешани отвориле трговско и женско училиште и дека тој бил поставен за управител на основните училишта во овој град.

Ј. Нешковиќ во својот допис до новосадскиот весник, за отварањето на трговското и женско училиште ќе напише:

„Особено ми е мило што можам да ви јавам дека просветољубивите велешани веќе отворија во својот град во минатата (1857) година трговско и женско училиште. Кога веќе еднаш формираа такви институции, се надеваме дека ќе гледаат и да ги одржат. Трговското училиште ќе им биде од особена корист, зашто велешаните својата трговија ја распространија дури до Виена. Главната седница на училишните членови беше одржана на 5. II 1858 година под претседателството на просветниот архиепископ Антим. Тогаш е избран и училишниот надзорник г. Јован Нешковиќ и е потврден за управител на основното училиште.“ (Из Македоније, Србски Дневник (Нови Сад) бр. 26/1858. Според Бранислав Вранешевиќ, Војводинската јавност за школството на Велес и Штип во времето на Преродбата на македонскиот народ. – Школството, просветата и културата на Македонија во времето на Преродбата. Скопје 1979, стр. 319 -320.)

Покрај овој допис, учителот Нешковиќ испраќа уште еден допис во кој говори за постоење на македонски јазик, кој архиепископот Антим сака да го забрани. Во статијата која ја напишал Ј. Нешковиќ и ја објавил во новосадскиот весник „Србски дневиик” (44/1858) стои:

„Овде мислам нешто да ви кажам за денешниот напредок на народната просвета на ова место. Од 1848 година Велес почна да се буди од длабок сон и сега веќе стекна убав глас во своето соседство. Неколкумина родољубиви мажи го посеаја кај своите сограѓани она божествено чувство за просвета и наука кои толку векови ги немаше во цела Македонија, на чиј пат му стоеше грчкото свештенство… Некои родољупци почнаа да ги праќаат своите деца да учат во главните европски градови, а во тоа ги помагаа и другите посиромашни деца, а со просветата се разбуди и чувството за своја народност.

Но бидејќи таа воодушевеност за народна просвета растеше со исполински чекори, во Велес се најдоа противници на тоа: Г. архиепископ Антим со рамните на себе зборувајќи: „дека сите народи се просветија од Грците и заради тоа е неопходно потребно во Велес во училиштата да се учи на грчки, а не на македонски, затоа децата уште од дома го знаат својот јазик.“ (во оргиналот стои: „Но, како је ово одушевљење за народну просвету расло исполинским корацима нађе се противника томе и у Велесу: Г. архиепископ Антим са себи равнима говорећи: „да су се сви народи просветили од Грка, пак зато да је неопходно нужно, да се у Велесу учи у училиштима грчки а не македонски, јер деца јошт од куће знају свој језик.”) Но еве, фала богу, не може ништо да се стори, зашто ете во Велес се гради ново трговско училиште во кое се предава немски, француски и елински – но на грчко-загорски јазик.

Нека им биде среќна оваа установа на велешаните, зашто нема за народот среќа без образование.

А архиепископот Антим нека тргне по подобар пат и ги избие од главата своите фанариотски мисли, па ќе се нарече добар пастир.“

Ова е уште еден пример дека уште во XIX век се знаело и се говорело за посебноста на македонскиот јазик. И тогаш на Грците, како што може да се прочита им сметал македонскиот јазик, кој дури по Втората светска војна, по ослободувањето и создавањето на македонската држава, го доби своето место во училиштата. По повеќе децении од ослободувањето и од независноста на земјата сега македонскиот јазик е повторно загрозен.

(Извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 186 и 190)

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top