Коментари

Власта ја дава и ја зема народот

Vesna Atanasovska-Manevska 2

Vesna Atanasovska-Manevska 2Весна Атанасовска

Власта ја дава и ја зема народот

Владетел

Со политика се занимаваат оние кои некогаш најмалку ја посакуваат. Да бидеш политичар во вистинска смисла треба да знаеш како да менаџираш  со масата народ.

Не е доволно само да си политичар.Tрeбa da бидеш умешен и да знаеш како да ја добиеш битката, за тоа, можеби и не ти треба цела војска.

Макијавели запишал:

”Но сепак, начинот на кој луѓето живеат е толку далеку од начинот на кој би требало да живеат, што секој оној кој не се занимава со она што е, туку со она што треба да биде, всушност побрзо оди кон пропаст отколку кон победа; бидејќи тој што се стреми кон добрина во сето она што го прави сигурно пропаѓа, затоа што околу него има многумина кои не се добри„.

Секогаш вистинскиот владетел или политичар и не мора да значи дека околу себе ги има најдобрите советници.

Понекогаш истите советници можеби гледајќи конкуренција во одредени личности, се обидуваат полека, но со сигурност да го оцрнат образот на квалитетните, лојални и работливи.

Затоа вистинските политичари или владетели имаат вистiнски принципи кои не зборуваат за нив туку се придржуваат кон нив и важат подеднакво за сите па и за својот брат, на нив не влијаат туѓите клевeти туку нивниот придонес мерен на вага.

Така се пече лојалноста кон одрeдена институција, организација или личност, на долги стази. Лојалноста не се стекнува за три месеци, за три години, не се стекува според образованието, туку со дела.

Често политичарите денеска се соочуваат со ласкавци и додворувачи. Понекогаш  политичарот и кога  не е во право тие го подржуваат во неговите ставови и намери. Јавно му искажуват како тој е најдобар, макар и да не е така, му завидуваат и му доделуваат комплименти за неговите говори итн. Но секогаш после неговото заминување се смешкаат за добро режираниот филм. Тоа е нормална дволичност.

Кога политичарот беше никој и ништо беше грд, сега  е принцот од бајките и сите го сакаат. Но има и такви кои се лојални почитувачи на  делото на политичарот, макар и виновен го бранат  до последно. Но се ми се чини дека последниве  се ретки.

Често во политиката политичарите меѓусебno доаѓаат во судир, не поради интерес, туку поради борба на суети. И сите страни  имаат свое оправдување, затоа сите останати треба да мерат на вага.

Макијавели во „Владетелот„ дава пример помеѓу две завојувани страни, и ги наведува следните причини:

„Ако твоите сојузници победат, тоа ти оди во полза без разлика дали си помоќен од нив или не;

Ако си помоќен, тогаш твоите сојузници се под твоја команда; ако твоите сојузници се посилни, тие секогаш ќе чувствуваат извесна должност кон тебе за твојата укажана помош;    

Ако твојата страна изгуби, ти сепак си го задржуваш губитникот како сојузник„.

Тој исто така за Владетелот вели:  „помудро е владетелот да не влегува во сојуз со поголема сила, освен ако не е приморан. Како заклучок, најважната доблест е да се има мудрост да се расуди кои потфати се најисплатливи, и потоа храбро занимавање со истите„.

Затоа политичарот мора да расудува помеѓу она што е исправно а што не е, што е добро а што е лошо.

Сепак е избран за добро да владее, власта ја дава и ја зема народот.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top