Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ XIX

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ XIX

1. Одамна не сме чуле и не сме се израдувале на некоја убава вест, но конечно една ни пристигна деновиве. Нашата меѓународно афирмирана филмска режисерка Теона Стругар Митевска ја доби престижната награда “Златна арена” на меѓународниот филмски фестивал во Пула, Република Хрватска.

Во многу силна конкуренција филмот на Теона “Господ постои, името и е Петрунија” со едногласна одлука на меѓународното жири ја доби престижната “Златна арена” за најдобра режија.

Ова е седма награда што ја доби филмот на нашата Теона, а веруваме ќе следат многу други.

Искрени честитки за Теона и желби за уште многу слични награди и признанија!

2. Зоран Заев не престанува да ги еродира македонската самобитност и славно минато! За грчката телевизија Алфа даде интервју во кои истресе (во буквална смисла) небулози дека, според него, “Македонија присвојувала (!?) туѓа историја и со тоа ги нарушувала односите со соседите”! И можете да замислите каква еуфорија вака изговорената будалаштина предизвика особено во Бугарија! Речиси сите медиуми таму, без исклучок, ја цитираа изјавата на “црпнатиот од нива”, како што самиот се нарекува, во стилот, демек ете конечно се најде некој да ја признае вистината, нивната вистина!?

Ширум Македонија уследија бурни реакции на последната вербална егзибиција на Заев, а можеби  најдобар коментар беше на академик Ќулафкова која му порача “престане да ја нуди Македонија како монета за поткусурување и да ја води во бездна”.

Но не е само Заев тој што не бламира кај ќе стигне! И клонираниот консензуален (избор на Калето) претседател на државата Стево Пендаровски е многу агилен за разнебитувањето на Македонија, особено со констататицаја (?) дека  “Гоце Делчев се декларирал како Бугарин”. Не знам дали со нас граѓаните кои си ја сакаме татковината нешто не е во ред, или пак со него лично!?

3. Угледниот новинар-коментатор Драган Павловиќ Латас напиша коментар во кој најавува дека во април идната година ќе имаме предвремени парламентарни избори, а во јануари ќе се формира преодна влада што ќе ги подготви изборите. Алелуја! Дури еден ден повеќе опстанок на власт на актуелниве узурпатори во Македонија е премногу!

Апелирам до нашинците во раселена Македонија да се мобилизираат уштре сега, веднаш и да лобираат кај своите блиски во татковината најсериозно да ги сватат овие избори кои, сакале ние да веруваме или не, може да бидат судбоносни и последна шанса да се спаси барем нешто што остана од нашето македонско битие!!!

4. Норвешката влада покренала истрага за да утврди каде завршија трите милиони евра што ги донира на општина Тетово, наменски, за расчистување на дивите депонии во градот. За таа цел е задолжен и високиот норвешки дипломат Геир Јохансен да ја утврди на лице место фактичката состојба. А фактичката состојба укажува дека парите од норвешките даночни обврзници ги нема, или што би рекле “ги папала маца”, а ѓубрињата околу Тетово останаа.

И сето ова се случува кога градоначалничка на Тетово неколку мандати по ред е жена, демек дама, плус тоа интелектуалка и универзитетска професорка, што подразбира дека приоритет треба да и биде хигиената и чистотата на градот. За жал реалноста потврдува дека тоа не е случај: градот се дави во нечистотија, ѓубрето наместо да се носи во депонијата Дрисла во Скопје, што е договорена работа, се фрла во јами што се копаат низ тетовското поле со што се загадува почвата и подземните води.

А што мисли градоначалничката? Со вакви “вредности” и грди реалности ке одиме во Европа? Таа лично сноси најголема одговорност за состојбите бидејки не прави она за што е избрана, но и платена да го прави. Со ваков однос чинам дека и на норвешките донации им се наближува крајот.

5. Порталот Инфомакс објави статија, документирана со факсимили, според која не се само Катица Јанева, Боки 13 и Кичеец инволвирани во корупцискиот скандал со уценување на бизнисмени и тоа за големи износи. Според Инфомакс, и поранешниот агент на ЦИА во американската амбасада во Скопје Дејвид Стивенсон формирал фирма со адвокатот на Зоран Заев Филип Медарски под називот СТЕЈТКРАФТ, со цел да нудат услуги (!?) на обвинетите и осудените лица од прислушкуваните разговори, за намалување на казните, или преиначување на пресудите и тоа за мошне големи износи.

Значи актуелнава мега афера со корупцијата предводена од шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева, со нејзините пајташи Боки 13 и Кичеец има и меѓународна димензија преку агентот на ЦИА Дејвид Стивенсон! Останува само да се утврди дали постои линк помеѓу двете банди уценувачи, или тие делувале самостојно, секој за своја сметка

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top