Коментари

Историските извори говорат нешто друго кога се работи за името на Илинденското востание

1svekrva copy copy copy copy

121Свекрва

„Чуждата преса по Македонското възстание“ во Автиномия 1903

Македонија праславува 116 години од Илинденското востание и 75 години од АСНОМ. Овие светли денови на македонската историја се затемнети од актуелната владеачка гарнитура која во изминатата година го промени името на земјата, ги избриша одлуките на АСНОМ од Уставот и го потпиша Договор за добрососедство до Бугарија која бара за возврат за влегување во ЕУ да признаеме дека Гоце Делчев бил Бугарин и бара заедничко чествување на Илинден кое би го викале Илинденско-преображенско востание.

Сепак историските извори говорат нешто друго кога се работи за името на Илинденското востание. Имено во весникот „Автономија (1903)“ (Автиномия) кој е Задграничен лист на Внатрешната македонско-одринска организација и излегувал во Софија во текот на август 1903 година не се говори за Илинденско – преображенско востание како што го нарекуваат бугарските историчари, туку за Илинденско востание.

o1

Во првиот број на весникот Автиномия, кој се печати двојазично, и на француски јазик, на страната број 3 објавена е статија за странскиот печат кој пишува за востанието во Македонија. Самиот наслов „Чуждата преса по Македонското възстание“, говори како странскиот печат и македонските револуционери го именуваат востанието. Истовремено тоа укажува дека преставниците на Македонската револуционерна организација се дистанцираат од бугарската влада која ни со прст не им помогна на македонските востаници.

02

Инаку, весникот го редактирал скопјанецот Тома Карајовов и се печател во печатницата на Георги А. Ножарев. Во првиот број била публикувана „Декларација на ВМРО“ потпишана од задграничните преставници Христо Татарчев и Христо Матов. Во вториот број е објавено соопштение за објавувањето на Илинденското востание, а во третиот се објавени информации за тоа како се одвива востанието.  Во објавата за почетокот на востанието во Битолскиот вилает во таканаречена „протурка“ стои:

„Жребката е фрлена.Борбата започна.

На 20-ти вечерта (Илинден), во три часот по турски, согласно решението на Централниот Револуционерен комитет започнати се востаническите дејствија во целиот Битолски вилает. Сите борбени сили во каазите: Битолска, Ресенска, Охридска, Дебарска, Кичевска, Пореч, Демир-Хисарска, Крушовска, Прилепска, Леринска, Костурско и Кајларска – едновременно почнале да дејствуваат големи востанички маси.

Спроти достапните информации кои ги имавме уште истата вечер (Илинден) сите телеграфски (државни и железнични) жици се прекинати, секакви пораки се прекинати; така што надворешниот свет не знае што се случува од другата страна на Острово (гранично село меѓу Битолскиот и Солунскиот вилает.

Претседател на Битолскиот востанички штаб е: Дамјан Груев; членови: Пере Тошев, Борис Сарафов и А. Лоранчев. “

“След десетгодишно суштествување, организацијата сега за прв пат излегува отворено со свој орган. Неколцина весници, како: “Борецъ”, “Възстанникъ”, “Освобожденье”, “Борба”, “На оружје” и други, кои до сега се издаваа од реонските комитети во Македонија, бидејќи издавани со чисто пропагандистичка цел, не стигнаа до пошироката јавност. Природата на работата бараше организацијата да го дочека својот целосен развој, за да говори за неа и самите настани. “Денешните настани веќе се зголемија и се гласно зборуваат. Време е организацијата да му објави на целиот свет за своето постоење.“

Странскиот печат, поточно „Die Zeit“ кој го пренесува „Автономија“, известувајќи за настаните во Македонија, меѓудругото и за убиството на рускиот конзул во Битола Александар Ростковски.

Инаку, Александар Аркадјевич Ростковски (18 октомври 1860 – 26 август 1903) бил руски конзул и пријател на Крсте Петков Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец по потекло) во илинденските настани во Битола.

Во „Die Zeit“, парафразирајќи го, се говори дека со негово остранување се отвара простор за беспоштедно истребување на Македонците.

Значи уште во 1903 година во странскиот и македонскиот печат се говори за Македонско востание и Македонци. Оттука, денес секој обид да се преправа историјата е безуспешен.

o3

Покрај весникот „Автонимја“, се објавува на француски јазик „Bulletin de L’Autonomie“.

Тој е официален весник на Македонската револуционерна организација кој излегува во Софија во текот на 1903 година со цел да се пропагира борбата на Организацијата во странство за добивање автономија на поробениот македонски народ во Македониа и Одринска Тракија.

За многу години! АМИН!

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top