Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XX

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XX 
1. Ни претстои уште еден Илинден! На 2. август годинава, на славниот Мечкин Камен пред присутните (од кои најголем дел ќе бидат донесени од власта со автобуси од целата земја, бидејќи народот најверојатно ќе апстинира) ќе се истопори Зоран Заев.
Се прашувам: Со кој образ се осмели Зоран Заев да говори за најсветиот и најсветлиот ден во колективната меморија на македонскиот народ кога лично тој најбрутално го испогани речиси целокупното наше минато од памтивек (од антиката) па и до нашата понова историја и се откажа со капитулантските договори од нашето минато подарувајки го на тацна на Бугарија и  Грција!? Да имаше образ и барем елементарно чуство за национална припадност и гордост тој (ЗЗ) такво нешто немаше да направи. Од друга страна, за жал, токму од за таа и таквата измеќарска мисија тој (ЗЗ) и беше одбран и устоличен од Длабоката држава во Вашингтон и бирократите во Брисел. 
Не знам на кој начин спичрајтерите на ЗЗ ќе се обидат да го намалат со зборови злото што ни го направи во неговото обраќање во Крушево? Злото што тој лично и тие околу него ни го сторија, а што Зоран Заев со сигурност ќе се обиде во говорот да го прикаже како голема придобивка за Македонија!? Но немам илузии дека длабоко во душите на Македонецот ќе преовлада горчина, овој пат  испратена токму од Мечкин Камен.

martin

На фотографијата од лево кон десно: 
Златна плакета по повод 50-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, десно горе: плакета по повод 40-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и десно долу: плакета по повод 30 годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Плакетите беа доделувани од државата Република Македонија на преживеаните учесниците на Првото заседание на АСНОМ
2. Конечно реагираше и фамозната МАНУ!!! Девет одважни академици и поименично: Катица Ќулавкова, Зузана Тополинска, Вера Битракова Грозданова, Витомир Мотревски, Ѓорѓи Поп Атанасов, Ратко Јанев и дописните членови Марјан Маринковиќ, Александар Димовски и Сашко Кедев реагираа со сопштение против штетните договори на Владата со Бугарија и Грција. Велиме “фамозната” бидејки од  МАНУ и покрај нашето тормозње во инквизиторски манир, без никакви скрупули и без милост, осем неколку поединечни реакции во јавноста од храмот на науката и уметноста покрај Вардар, уследи длабок, мошне длабок молк.
Дали од оваа реакција на “деветте величенствени” академици ќе се осоколи и одважи да воскликне јавно и гласно уште некој академик (ги има вкупно 49) останува да видиме и да се надеваме. Тоа впрочем е и нивна морална и граѓанска должност во името на научната вистина, но и заради паушалите што ги добиваат од нас, даночните обврзници.
3. Aкарм: Големиот брат од своевидната библија за тоталитаризмот на Џорџ Орвел, книгата “1984”, ни е пред нашите порти! Владата на “демократот” и “транспарентниот” Зоран Заев најавува громогласно, да се чуе на сите страни: “План за одлучна акција против дезинформации”!? Власта демек се повикува на сличен акт што донесла Европската Унија!? Но разликите се огромни и неспоредливи. ЕУ за таа цел ангажира слободни интелектуалци, експерти за комуникации, угледни новинари… А во нашиот случај, замислите, дали некоја информација е дезинформација ќе пресудуваат претставници од УДБа, МВР. МО, претставници од кабинетите на државното раководство, Министерството за комуникации и отчестност…. И сега оди и смеј напиши нешто против Заев, на пример дека двапати е аболициран за сторен тежок криминал, или за Стево Пендаровски дека е консензуален избраник на Калето и сл… !? Не знам какви се санкции за сторителите на, за власта “лажни вести”, ќе им паднат на памет на властодршците во земјаваа! Знам само дека вистинско критичко и истражувачко новинарство ќе има се помалку, а медиумите се повеќе ќе се ориентираат на спорт, мода, секс и слични дисциплини типични за таканаречениот жолт печат!
4.  Избликот на скандали што секојдневно се појавуваат во јавноста, што ни ги приредува актуелната влада ја охрабри во голема мерка најголемата опозициона партија која преку изјавите на нејзините челници веќе очигледно се гледа како победник на следните парламентарни избори и веќе устоличена во кабинетите на Илинденска Б.Б. Еден од водечките опозициони новинари/коментатори со Драган Павловиќ Латас со свој коментар енергично ја подржа и охрабри опозицијата, на што со своја реакција се јави исто така познатиот коментатор Тони Науноски со тврдења дека е прераноно за таков оптимизам!?
Поаѓајќи од старото правило што го промовира Винстон Черчил дека, според него, “не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите”, добро е оваа политичка мудрост опозицијата да ја има постојано на ум!!!
Впрочем, треба да се извлечат наравоученија од гласањето во вториот круг претседателски избори кога опозицијата беше прогласена за морален победник (!?), а претседател сепак стана консензуалниот кандидат на владеачката коалиција, кој воедно беше и избор наметнат од Калето,
Факторот ЦИА и албанскиот фактор се наша реалност и не смее да се изумат во ниту еден момент, тоа опозицијата треба да го знае!
Впрочем, Платформата на ЦИА попозната како Тиранска платформа за разнебитување на Македонија не е докомплетирана, а таа треба да се заокружи со пописот на населението каде е поставен јасен таргет што владеачката коалиција треба да го испорача, а за тоа да го направи, власта и нејзините ментори ќе мора да си обезбедат победа, по секоја цена и за да го остварат тоа авторите на Тиранската, односно платформата на ЦИА, нема да штедат (како и досега)  ни напори ни кеш!
5. Бугарија треба да и плаќа на Република Македонија воени репарации за сето зло, разурнивања, убиства и грабежи што ни ги направи за време фашистичката окупација )1941-1943), и да се извини, а не да не уценува за почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top