Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXII

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXII
1. Конечно, во еден од снимените разговори што ни се достапни via Italia го чувме она што одамна го претпоставувавме: беше споменато и името на Зоран Заев. Не дека тоа беше некакво изненадување! Напротив! Прашање на денот беше и останува кога местото и улогата на Зоран Заев како врв на пирамидата наречена “мега афера “Рекет” ќе исплива во јавноста.
Но, наместо прво осомничениот, второ осомничениот, Катица Јанева, Рускоска и сл, јас ќе му пријдам на проблемов од еден сосема друг агол кој, според мое длабоко уверување, неминовно наметнува заклучпок дека врв на пирамидата позната како: “Рекет” сепак, може да се претпостави (за да не се влечкам по судови за клевета или навреда на честа и сл)  дека е лицето ЗЗ.
Трагот го гледам токму во телевизијата 1ТВ на Боки тредичи. Имено, добро се сеќаваме како пред година и нешто 1ТВ влезе триумфално, на голема врата во македонскиот етер со раскошни и перфектно опремени студија, 100% екипирана со персонал, а прибра околу себе врни новинарски пера што ги плаќаше главно во кеш, најчесто во цврста валута, евра!
Телевизијата е многу скапа работа: изискува пред се скапа и софистицирана студиска и друга опрема, систем/мрежа на предаватели ширум Македонија, вработени, дописници и неопходна папирологија како дозвола за работа, концесија, фреквенција и низ други детали кои чинат скапи пари, но и комплицирани процедури. Боки тредичи сето тоа го имаше на тацна што некој неминовно на највисоки позиции во владата му го овозможил.
Кога на 1ви април годинава Боки тредичи приреди невиден гламур по повод првата годишнина од 1ТВ поставив прашање во порталот mn.mk: од каде му се парите (станува збор за милиони евра) за да стартува буквално преку ноќ со тв мрежа на национално ниво и тоа од самиот старт со полн капацитет? Дали со 5те милиони долари што јавно ги најави Стејт департментот преку ЈуЕсЕјд пред претседателските избори за “демократизација на медиумите во Македонија”, дали од Сорос со кого ЗЗ се гушкаше во Давос во јануари годинава, или пак од некои црни фондови во Владата? Боки тредичи се правдаше дека пари му дале француските масони на кои им пристапил, но тоа се приказни за мали деца.
Во неколкуте циклуси избори Боки тредичи ја повика ЛЏБТ заедницата да го подржи Зоран Заев, а дотичниов очигледно му се одолжи, претпоставувам, со телевизија на национално ниво, плус обезбедено финансирање преку рекет на домашни бизнисмени!?
Како и да е: останува да ги слушниме и останатите снимени разговори како што најави новинарот Ларис Гајзер за работите да станат уште појасни.
2.  Аферата “Рекет” зема такви размери што ниту еден Стивен Спилберг не ќе можеше да ја осмисли и режира! Сега сосема оправдано се поставува прашањето што ќе подготват ЦИА и Стејт департментот бидејки работите полека но сигурно водат кон, како што некои медиуми го нарекуваат  “врвот на пирамидата” Зоран Заев!? Впрочем, Зоран Заев е нивен продукт за да го реализира она што и го реализираше, а што е зацртано во “Тиранската платформа” (Читај: Платформата на ЦИА).
Дали Стејт Департментот ќе одлучи да го вади од калта ЗЗ во која е заглавен, не до гуша, туку до темето, за да им го комплетира сценариото за разнебитување на Македонија!? Остануваат уште неколку “ситници”, како на пример да се наштима пописот на населението што предвидува процентот на албанците во МКД да се набилда по секоја цена на 30%, а не 15% или дури и помалку колку што најверојатно е!?.
Би им препорачал на оние типови во ЦИА и Стејт Департментот да престанат да не малтретираат со нивните сценарија за разнебитување на Македонија ако сакаат воопшто да се поврати традиционалното проамериканско расположение кај македонците кои биле и остануваат лојални пријатели и сојузници на САД, а од скоро и како полноправни членови во НАТО. За останатото сами ќе се погрижиме.
Во меѓувреме сепак уследи реакција од Американската амбасадорка Н.Е. Кејт Мери Брнс која констатира на фејсбук дека во аферата “Рекет” се работи за сериозни обвиненија за кои е потребен, според неа, “темелен, транспарентен, сериозен и навремен одговор”!
Впрочем и на американците не им служи на чест да имаат такви партнери како Заев, Рашковски, Катица Јанева и многу други од актуелната власт длабоко закопани во криминали и корупција!
Патем, колку за информирање, Иван Стоилковиќ неодамна соопшти дека во една странска амбасада веќе се правеле планови – доколку загусти и аферата “Рекет” добие неконтролирани димензии, да го дислоцираат Зоран Заев во нивната земја!? Работата испадна: бродот тоне, глувците фаќаат магла!!!
3. Албанскиот премиер Еди Рама наместо да си ги среди работите во сопствениот двор, упати сериозна закана преку ЕУРОЊУЗ дека, според него:”Ќе биде штетно за регионот и неправедно доколку пред Албанија (!?) започнат преговори за членство со Македонија  во ЕУ” и додаде дека такво нешто “би можело да го дестабилизира регионот”!?
Не видов било каква реакција во домашниве медиуми на оваа изјава на Еди Рама која секако заслужува коментар. Дали изјавата е дадена за домашна или надворешна (у)потреба, или за двете (најверојатно за двете) не знам, но би го запрашал Еди Рама: човече, имаш ли огледало дома па да се погледаш и да се преиспиташ каде живееш? Твои медиуми те оптужуваат дека си на врвот на пирамидата за шверц на марихуана и други дроги, Холандија инсистира да се вратат влезните визи за твоите граѓани заради растот на организиран криминал од албанската дијаспора во таа земја, Интерпол соопштува дека најголем број на меѓународни потерници за тешки престапи се за твоите соплеменици… и да ненабројувам повеќе.
Впрочем, не ми е јасно со кој памет воопшто и според кои критериуми Македонија е ставена во ист кош како кандидат за членство во ЕУ со Албанија??? Под притисок на некои од соседите со цел тој процес да се оддолговлекува што е можно повеке, или…?
Наместо да се заканува со “дестабилизација” и слични нешта, Еди Рама треба да е среќен доколку и се случи Македонија добие заслужен термин за почеток на преговорите за членство во ЕУ бидејки тие искуства неминовно нашата земја ќе ги споделува и со својот западен сосед.
4. За расчистување со криминалите и корупцијата на актуелната власт предлагам прва мерка на следната влада да биде: замрзнување на сиот движен и недвижен имот на сегашниве властодршци стекнат по стапување на власт пред две и пол години и испитување на потеклото на истиот. Доколку не презентираат докази, за потеклото, имотот да се одземе и да се продаде, а средствата да се вратат во буџетот.
5. Деновиве поминав со кола по Западната магистрала и доживеав неколку шока. Првиот шок беше поради деловите од новата траса на автопатот од Кичево до Охрид. Не знам кој ја проектирал трасата што на моменти е буквално надвисната и чиниш само што не се струполи врз постоечката траса. Можеме само да гатаме колку ова архитектонско решение е рационално, но уште повеќе ќе гатаме кога ќе ми текне дека за таа траса треба да се платат, но и да се вратат од нашите џебови како даночни обврзници 600 (и со зборови:шест стотини) милиони евра!!!
Вториот шок го доживеав на преминот “Стража”! Живописно планинско место каде многумина патници застануваат да одморат, да се освежат и да се се надишат свеж воздух. Убавиот впечаток во моментот исчезнува кога ќе ги видите големите купишта ѓубре на сите страни. Се прашувам, зошто ја плаќаме таа фамозна “Македонија пат” што не си ја врши работата, но и зошто сопствениците на угостителски објекти на преминот не водат сметка за хигиената. Ах Европо, Европо, колку си далеку од нас! Скоро недостижна си!
6. Стево Пендаровски одржа конференција за новинарите на која искажа дека бил “разочаран” од Катица Јанева, но исто така, демек тој “искрено” се изјасни дека е против предвремени избори за да не се загрозеле евроатланските интеграции, а и пописот на населението.
Не знам дали овие заложби на Стево се сугестија од Калето чиј избраник е тој, за да се покрие другиот нивни избраник (ЗЗ), чие име почна да се врти во аферата “Рекет”, но јасна е неговата прикриена порака која е дијаметрално спротивна на заложбите на опозицијата: да нема предвремени избори и власта да ја заокружи Тиранската, односно платформата на ЦИА.
7.Слушам дека по повод 8ми септември, Денот на независноста, македонската дијаспора планира масовни протести пред македонскире дипломатски претставништва ширум светот!
За протестите во Вашингтон на нашинците им сугерирам да излезат пред седиштето на ЦИА или Стејт Департментот. Токму тие ни го скроија и остварија ова што не снајде со помош на булумента домашни колаборационисти, не обесчестија и ни ја доведоа замјата во невиден хаос.
Драги сонародници, не демонстрирајте пред Белата Куќа, нејзиниот сегашен станар, Претседателот Трамп е О.К.
8. Во последно време од јавноста буквално исчезна потписникот на капитулацијата во Нивице Никола Димитров. Едноставно го нема.
Нешто јанѕа ме зајаде да не ќе да го спрема Калето токму него за алтернативен премиер, како замена за Зоран Заев кој најверојатно ќе оди курбан заради аферата “Рекет”
 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top