Коментари

Понижувањето кое оваа власт и го донесе на македонскиот народ е огромно

1svekrva copy copy copy copy

121Свекрва

Понижувањето кое оваа власт и го донесе на македонскиот народ е огромно 

Македонија била постара држава и од грчкото царство

Во екот на аферата „Рекет“, врз спомениците на Александар Македонски, Филип Втори и Олимпија деновиве осамнаа плочки со текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство. Истовремено се вршеше отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата. Со овој чин симболично започна затемнување и фалсификување на македонската историја, како и обезличување на македонскиот народ.

Ваквиот потег на македонските власти е резултат на склучениот Преспански договор, во кој има посебен член што се однесува на симболите и историските личности што се дел од наследството на двете соседни земји. Меѓутоа, со отварањето на аферата „Рекет“ во која освен за Боки Тредичи и Зоки Кичеец, медиумите говорат за вклученост на високи личности од извршната, законодавната и судуската власт, отвара многу прашања.

Едно од нив е дали некој од овие личности зел поткуп за да го смени името на земјата.

Изгледа дека само Киро Глигоров бил еден од политичарите кои го отфрлил поткупот понуден од Грците со посредство на Фрчковски. Имено оваа афера говори дека во земјата има многу лица на позиции кои се спремни за пари или под уцена многу лесно да ја продадат и сопствената мајка а не пак името на земјата.

Едноставно еден дел од оваа генерација на македонски политичари немаат храброст да се откажат од лесниот и лагоден живот, ниту доволно машкост да кажат НЕ на притисоците без разлика на сите ризици и опасности. Овие продадоа се што можеа: име, идентитет, а ни го скрија и сонцето од Кутлеш за да можат во темнината полесно да крадат. 

Едноставно овие денешни луѓе не се ков како нашите претци Имено од минатото има многу примери како Македонците не ги даваа своите просветители Кирил и Методиј, и им се спротивставувале на нахалните Грци.

Така на пример во записот на свештеникот Димитрија од 1865 година (Запис од книгата “Житие светих” во  Кривопаланечката  црква, претпоследната непагинирана страница) се вели:

„ Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, јас ереј Димитрија, роден сум во с. Огут, Кривопаланечко и 12 години пастирував во родното село, кога на 1848 лето Господово првенците на градот Крива Паланка ме главија за свештеник, против вољата на Неговото Високопреосвештенство грчкиот  Кир Гавраил. За моето назначување се заложи најмногу г-н Михаил Македонски, зашто сум роден Маќедонец и службата ја терам по славјански.

Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денес мир, иако  сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство. Ние сме си имале наши словенски учители и просветители Кирил и Методија, кои ни го оставија нашето словенско писмо. Тие се родум Македонци од Солун, славната престолнина на Македонија. Тоа не ни го признава владиката Грк, па затоа ние не сакаме да пастирува, туку да си имаме наш архипастир Словен, во век и веков. Амин…”

Уште во 19 век бугаринот Стефан Захариев зборува за посебноста на македонскиот народ. Во борбата против грчката доминација тој на 25 март 1870 година ја превел и напишал статијата „Македонско пирување“, која е објавена во цариградското списание „Читалиште“ од 1871 година. Авторот говори за потчинетоста на стара Грција под македонската власт. Во исто време авторот ја подвлекува тогашната состојба на Македонците и влијанието на фанариотската пропаганда. Во статијата, која како да се однесува за денешно време и постапки на владата на Заев која прави се Македонците да се откаже од својата народност, се вели: 

„ … Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам и оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се оддалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше…“

Понижувањето кое оваа власт и го донесе на македонскиот народ е огромно. 

Наместо да го брише шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, зградите и плоштадите, подобро е тоа да го врати за да блесне и да го тргне мракот надвиснат над македонскиот народ и македонската историја.

Исто така наместо да става плочки на спомениците на Александар, Филип и Олимпија на кои пишува  дека овие историски фигури им припаѓаат на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство, треба да стават плочки со текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката македонска историја и цивилизација и на светското културно наследство.

Имено, во историјата е прифатено дека по смртта на Александар Македонски настанува хеленистичкиот период. Но, походот на Исток не го извршил некој грчки крал, туку македонскиот крал Александар Македонски, кој претходнол со својот татко Филип ја покорил Грција.

Походот на Александар Македонски кој тргнал на Исток со својата македонска војска овозможило мешање на културите: македонска, грчка и староисточната. Дури и по неговата смрт биле формирани монархии на чие чело биле македонски династии. Ако Македонците биле главни носители на општествата, а но не грчки, кои всушност биле најголеми противници на Македонците , тогаш зошто тој период да се вика хеленски а не македонски.

Сепак како и да е, Македонија имала држава уште од време на антиката, додека кај Грците постоеле градови полиси.

Всушност Македонија била постара држава и од грчкото царство, кое се формира дури во 19 век.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top