Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXIII

tren
 Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXIII
1.   Се навршија 30 години од историскиот “Паневропа пикник”, настан кој ја преобрази Европа и стариот континент доби нов лик. На 18-ти август 1989 година членовите на повеќе национални организации на паневропското движење и на меѓународната Паневропа, предводена од  д-р Ото фон Хабзбург го организираа големиот пикник во местото Шопрон, во Унгарија кој настан спонтанмо прерасна во изблив на револт поротив угнетените од недемократските режими во источна Европа по што беше урната железната завеста помеѓу Унгарија и Австрија, односно помеѓу тоталитарниот исток и демократскиот Запад!
Настанот го искористија повеќе стотици источни германци кои слободно ја преминаа границата и преку Австрија се упатија кон западна Германија.
Паневропскиот пикник беше инспирација и за нас во Македонија. По референдумот за осамостојување на 8ми септември 1991 се појавија граѓански органиизации кои ги пренесуваа (пан)европските идеи и во нашата земја со цел што е можно поголема и побрза нејзина демократизација и европеизација!!!
Ќе биде забележено дека македонска “Паневропска унија” беше примена во полноправно членство за само три месеци од нејзиното основачко собрание што се случи во просториите на градското Собрание на Скопје со кое претседаваше Мартин Треневски, а копретседатели беа г-ѓа Доста Димовска и Горан Николовски, градонаќалникот на Скопје.
Беше избрано и првото раководство на Паневропската унија на Македонија со претседател Мартин Треневски, потпретседатели: Проф. Љубиша Георгиевски, Архиепископ г.г. Михаил и академик Ѓорѓи Ефремов, како и секретар и записничар инг. Јордан Бошков и Борис Трајковски.
Македонската Паневропа за кратко време стана ценета членка на меѓународното Паневропско движење во голема мерка благодарение на големата подршка на нејзиниот долгогодишен интернационален претседател Д-р Ото фон Хабзбург. Својот врв дома таа го достигна на крајот на минатиот век кога на трите челни позиции во државата беа членови Паневропејци: пок. Борис Трајковски претседател на државата, Љубиша Георгиевски претседател на Собранието и Љубчо Георгиевски, претседател на владата!
Паневропската унија ја лансираше грофот Куденхове Калерги 1923 година со книгата ПАНЕВРОПА што ја преведе на македонски Јордан Бошков. Тоа е најстарата невладина организација во Европа што се залага за обединување на Европа од Урал до Атлантикот! 31
32
Од основачкото собрание на Паневропската унија на Македонија. Сликата горе, од лево кон десно работното претседателство: Доста Димовска, Горан Николовски и Мартин Треневски
2   До неодамна си мислев дека на Балканов нема покоруимпиран премиер од нашиов ЗЗ!? Арно ама не било така! Според ТВ прилогот што неодамна го објави лидерот на албанската опозициона Демократска партија Љуљзим Баша, најкорумпиран да ти бил Еди Рама!? Имено, Баша тврди дека “сите меѓународни извештаи укажувале дека Еди Рама бил најкорумпиран премиер на Балканот”, а токму заради тоа последниве години во Албанија “не влегла ниту една странска инвестиција”.
Не знам дали навистина е така, но ако е така, тогај се прашувам како тоа Еди Рама е миленик на западот што упорно и силно го подржува (За Сорос и сличните и да не зборуваме).
Навистина е врашки тешко да се прават топ-листи на најкорумпирани премиери бидејки кој ќе ти кажи кој колку тежи, особено ако податоцитите доаѓаат од мас-медиумите. Така на пример, според бугарските медиуми Борисов тежел 3,8 милијарди долари, според некои наши медиуми кланот Заеви тежи преку 100 милиони евра…!? Се прашувам: луѓе, колку е доста, има ли насит, или како што изјави еден милијардер: “Да го заработиш првиот милион е тешко, понатаму се е спорт”!
3. Со нетрпение очекував да слушнам од нашите сонародници како поминал годинешниот традиционален Илинденски пикник што во организација на една од најстарите иселенички организации во северна Америка “Oбединети македонци” /United Macedonians/ се одржува во околината на Торонто.
Разбрав дека пикникот поминал во речиси траорна атмосвера, без интонирање на националната химна и без присуство на генералниот конзул на Република Македонија во Торонто.
Жално, но вистинито! Ете тоа е резултатот на политиката на лицето ЗЗ и на траумите што тој и лично тој ни ги нанесе на сите нам, доме и во дијаспората.
Патем, неодамна беше објавено дека лицето ЗЗ наводно се сретнал со нашинци од дијаспората и разговарал за инвестиции од иселениците во македонската економија!?
Слики од наводната средба не видовме за да се увериме дека навистина се случил таков настан, а ниту пак инвестиции ќе видиме по сите стресови, шокови и разочарувања што ни ги приреди ЗЗ на сите нас – дома и надвор од татковината.
4.  Угледниот дипломат и колумнист Ристо Никовски во свој коментар неодамна констатира дека проблемот со националната припадност на нашата легенда Гоце Делчев бил веке “решен” и дефиниран ио тоа по теркот што јавно го испресе – како од ракав, лицето Стево Пендаровски дека (според Стево), “Гоце бил Бугарин којшто се борел за Македонија”!?
Стево, завалијата, небаре татко на нацијата (!?) со вакви изјави и антимакедонско дејствување не го бива ни за очув, а камоли нешто повеќе. Сега ми е јасно зошто токму него го избра Калето за функцијата на којашто го накалемија: да им измеќарува на туѓите интереси и концепции, а не да служи на интересите на сопствениот народ што го плаќа!!!
Многу сум љубопитен што го советуваат Стевота дури двајца советници – поранешни министри на задворешни работи – незаменливиот Денко Малески (кој според тврдењето на проф. Ванковска за 40 години професорување на Правниот факултет има напишано само една скриптра!!!) и екс МНР Александар Сашо Димитров!?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top