Коментари

ИЗГРЕЈ ЗОРАН НА СПОДОБАТА

Ламбе Арнаудов

Насловот на текстот е синоним за зло, црнила, вампирство, а е антоним за Изгреј зора на слободата – химната на ВМРО која патем кажано, доста време после 1944 год. во Асномска Македонија беше и официјална државна химна со која започнуваше секој училишен ден.

Од кога ИзгрејЗоран на сподобата се појави над небото на Македонија, светлината ја испушти својата душа, Сонцето ни се скара, ниту соработува со нас, ниту нé грее. Иако сме изложени на пеколни горештини и сме во портокалова и црвена фаза на сите ни е студено околу срцето и во душите.

Македонија географски се наоѓа длабоко на југ, а ти ја крсти северна и ја направи куриозитет во географската наука оставајќи ја без другите три страни на светот. Макар што никаде на планетава нема друга земја со име Македонија, чисто или со некаква географска, идеолошка или не знам каква друга додавка, се осмели да ја распарчиш нашата Татковина не само по паралели (38та Кореја) туку по напоредници, по речни теченија, патишта, ќошиња и планински венци.

Пред некое време како премиер тешко се обрука и ја обвини својата татковина Р.Македонија дека ја краде историјата на соседните земји. Има ли поголем арамија од тебе, ти кој на Македонците им ја украде Македонија со целото свое битие.

Од држава направи тетратка – вежбанка на која се изживуваат, вежбаат и онанираат домашни и надворешни душмани, а најмногу ТИ.

Грубо ја откина корицата на која традиционално стои името на стопанот, сопственикот на тетратката, историјата ни се бришани листови, идентитетот коси црти, а деловите откинати од Македонија од непријатели или галантно подарени од домашни предавници како ТЕБЕ, се искинати страници од тетратка. Остана само последната задна корица, на која стои секогаш таблицата на множење која ги симболизира бројните грабежи, рекети и предавства што ТИ и твојата врхушка и го прават на својот народ.

Ги подели луѓето, брат со брат не сакаат да се видат, растури долгогодишни пријателства, скара соседи, татко и син не зборуваат, а на мајките оган им гори во душата гледајќи што се случува.

Македонија ја водите ТИ и твоите партиски послушници, срамно и безочно дрско, продавајќи сé  што е имот на единствениот легитимен стопан – народот и при тоа пљачкосувајќи ги македонските граѓани, безмилосно рекетирате за вашите џебови и за српски проблематични типови. Земаш од своите даваш на туѓите, најмногу лапаш за себе.

Патолошки измамници сте до срж, ви беше тешка само првата лага, а потоа ви стана навика, за на крај да ви биде составен дел на клетките и ткивата, на градбата на вашите нервни завршетоци. Не велам на мозокот зошто го немате. Да имавте мозок колку еден петел (2 гр.) ова немаше да ӣ го правите на Македонија и македонскиот народ.

Испозатвори честити луѓе и патриоти испраќајки ги на долгогодишни робии, а ослободи закоравени криминалци, претворајќи ги со тоа улиците, кејовите, булеварите, домовите и работните простории во безбедносно несигурни места, не ретко опасни по живот.

Со кој легитимитет владееш? Ги загуби изборите, ти пропадна референдумот, фрустриран си до небеса затоа што секогаш си втор, секогаш зад ВМРО-ДПМНЕ. Како втор направи коалиција со шампионот, ас од другата страна Али Ахмети. И сега нормално е дека и таму си втор, односно никој и ништо, што за Али е карта као кец на десетка. Ама така е кога ќе те постават а не си избран на слободни демократски избори.

Управуваш како да си праматар, препродавач на стока, а при тоа забораваш на мудрата изрека која гласи: “Со партија се доаѓа на власт. Со партија не се управува држава.“ – Андреј Љапчев

Лагите дека се бориш против сето тоа зло ти се многу проѕирни, затоа што во темелот на сите зла стоиш ти и твоите лакоми соработници. Општо е познато ако државата сака со воловска запрега може да фати зајак. Проблемот е што гонетиот зајак ја управува колата во кој се впрегнати воловите и ги тера на погрешна страна.

Сé на сé, собрано, помножено, се сведува на едно:

Пропаднаа врвовите, испливаа геризите.

Раните што ќе ги носите од гревовите никогаш нема да ви зацелат. Со каков и да е мелем намачкани нема да спречат крастите да ви се шират по цело тело. Кога се обидувате да ги сокриете облечени во конзерви и алуминиумски фолии од модните креации на Боки, Серџи и Кабри, нема да ве сокријат. Ќе ве предаде неподносливата реа на вашите злосторства кон народот и татковината. Сите, особено праведниците ќе бегаат од вас, а први ќе ве напуштат ортаците што во златното доба на рекетарството придонесоа за развој и подем на вашето предавничко и криминално воздигнување.

Почитувани вмровци. Сигурно се сеќавате на една напредна, горда, богата и просперитетна Македонија која пред три години од раце ви ја одзедоа душмани. Дојде времето да ја вратиме Македонија на народот. Повторно по којзнае кој пат сме исправени пред истиот предизвик. Хаваријата што ја направија вампирите на кои им е најслатка крвта на сопствениот народ, е огромна, но затоа сме ние тука да ја поправиме.

Убеден сум дека тоа ќе го сториме на радост на сите граѓани на Р.Македонија. Знам и зошто.

Пред некој ден ми пријде едно момче и ми рече: Стрико, се раскинав трчајќи за ВМРО-ДПМНЕ, а сега од овие денешниве останав без работа. Јас му одговорив многу добронамерно: Момче, ВМРО-ДПМНЕ не е атлетски клуб и продолжив: Сите честити Македонци сé што правеле и прават за ВМРО сега и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е доволно. Затоа што, тоа што го правиш за ВМРО го правиш всушност за Македонија. Сега сигурно си среќен и задоволен затоа што не си трчал залудно. Во овој момент можеби не лично за себе, ама тоа што си го направил за татковината е највисок дострел што поединец може да го направи за да се овенча со слава за век и веков. Ако си трчал само за да се пофалиш дека си го правел тоа, не е во ред. Секако сатисфакцијата мора да дојде за сите подеднакво, трчале или не. За тебе најголема сатисфакција ќе бидат успесите на државата, твојата татковина и плодовите нејзини кога ќе се достапни за сите. Тогаш те увервам ти ќе бидеш најсреќен, затоа што човек вреди онолку колку што луѓето ги прави среќни околу себе. Ова многу повеќе ќе те направи среќен од работата што секако заслужуваш да ја добиеш и ќе ја добиеш.

Честа што е вградена во нас ВМРОВЦИТЕ не е само прост збор, тој е збир на сите човечки вредности, љубов, патриотизам, родољубие, еднаквост, солидарност и еднаква стартна позиција за сите.

Но, честта не вреди ништо ако нема храброст. Храброста е таа што човекот го прави поинаков од другите. Без храброст нема чест, без чест нема ВМРО, без ВМРО нема Македонија, без Македонија нема и македонски народ.

Во тоа лежи и решението на енигмата ВМРО, зошто е единствен, уникатен, неуништлив, неповторлив и вечено внедрен во срцата и душите на македонскиот народ.

Заради непоколебливата посветеност – одаденост, лојалност и верност кон својот народ и татковината аурата на ВМРО никогаш не бледнее, туку напротив, од ден на ден се повеќе блеска.

Здроби ја небиднината што ја донесоа овие неранимајковци и обезбеди вечна среќна сетнина за својот народ и гордо исправена Македонија на чело со Христијан Мицкоски.

Ајде сите заедно – обединети под бајракот на ВМРО-ДПМНЕ и со лидерот Христијан Мицкоски да ӣ подариме на својата татковина нешто што никогаш и никому досега не сме го дале.

Македонија тоа го заслужува. Македонија со право тоа го очекува од своите верни синови.

https://kurir.mk/kolumni/izgrej-zoran-na-spodobata/

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top