Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXIV

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXIV 
1.  Во Министерството за надворешни работи се одржа редовната годишна конференција
„Амбасадорски совет“ на која доминантни фаци беа тандемот Пендаровски-Димитров. Море таква сплотеност и блискост меѓу овие двајца – не ќе да е видена одамна: те срдечни ракувања, те заеднички фотографирања, те взаемни надополнувања во нивните говори…. Милина да го фати човека и да се радува на невидената(!?) хармонија меѓу овие две водечки фигури од државното раководство.
Арно ама, ко ќе се сети човек дека до само пред некој месец обајцата беа лути противници – кој од нив да биде кандидат за избор на претседател (додека не пресече Калето тоа да биде Пендаровски), Стево одеше од амбасадор до амбасадор со папка полна со исечоци од јавни настапи на Димитров за да го кодоши и омаловажува пред странците и да се промовира самиот себеси како демек подобар кандидат!?
Работите очигледно се посмирија меѓу нив двајца во последно време бидејки се чини дека и на потписникот на капитулантскиот акт од Нивице му е ветена повисока позиција (така брујат медиумите), т.е. тој (Димитров) да биде замена на компромитираниот и до гуша заглавен во корупциски афери Зоран Заев,
2.  Република Македонија се соочува со скандал од невидени размери познат како “Рекет” во којшто, како што се одмотува клопчето, излегуваат во јавноста бројни ликови од актуелната власт. Иако и од Брисел и од Вашингтон веќе пристигнуваат сериозни пораки да сe интензивира истрагата, која амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар ја нарече “реалити шоу”, нашиот претседател Стево Пендаровски ни порача дека “се што требало да биде превземено (се мисли на истрагата), според негово мислење, било превземено”!?
Ало Стево, каде живееш бре човече? При толку советници не допира до тебе што се случува, не ја согледуваш (или не ти ја сервираат) реалноста што тресиш зелени во јавни настапи??? Не ги слушаш ни пораките од Вашингтон и Брисел???
Па не е ни чудно што тоа го правиш Стево, бидејки ти и самиот си составен дел од оваа политичка констелација што брутално ни беше наметната од страна со единствена цел да не разнебитат и обезличат и да не елиминираат како нација со свое богато минато, но, за жал, неизвесна иднина.
Дали тебе ти се допаѓа, или не, ти Стево ќе бидеш запаметен како еден од клучните измеќари на странците во скрнавењето на овој народ што своевремено го нарече “стока”  и се расфрлаш со констатации за работи и личности за кои не се разбираш, како на пример дека Гоце наш бил Бугарин!
Ах Стево, Стево, што ли уште ке ни приредиш самобендисан некадарнику???
3.  Ни престојат кадровски “зајакнувања” во власта и тоа од кадри – припадници од терористичката ОНА. Хисен Џемаили амнестиран злосторник, расист кој со нож оргијал врз грбовите на работници на ГП Маврово е предложен за министер за привлекување странски инвестици (!?), а за генерален конзул во Минхен (не се ни трудам да му го споменам името) е предложен исто така терорист, припадник на ОНА.
Што уште може да очекуваме од актуелнава коалиција мачно ми е и да помислам!
4.  Лицето Зоран Заев кој во моментов ја окупира позицијата премиер, иако споменат во некои тајно снимени телефонски разговори од аферата “Рекет”, упорно тврди дека немал ама баш ништо со неа. Останува да видиме што ќе покаже понатамошната истрага, а тој и понатаму упорно настојува да ја држи власта во свои раце. Познатиот новинар, Словенецот Ларис Гејсер констатира дека “порано или подоцна тој (ЗЗ) ќе мора да замине – тој е минато и меѓународно е мртов”, но Муртинецов сеуште не помислува да се повлече! Или можеби такви инструкции добива од тие што го донесоа на власт, бидејки ова што се случи со криминалот во СЈО во којшто е инволирана речиси половина влада е и нивен грев и срам бидејки истите тие ги донесоа на власт и кумувааа во создавањето на тоа контроверзно СЈО што сега им се враќа како бумеранг.
5. Од Бугарија ништо ново. Сега посегнаа и на манастирот Св. Јоаким Осоговски  и на самиот светец и патрон на манастирот! Од нигде, никаде се појави некаков си “историчар” Пламен Павлов кој тврди дека и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, како и неговиот патрон, наводно, се бугарски.
„Манастирот ‘Св. Јоаким Осоговски’, како и самиот негов патрон, се категоричен дел од бугарската историја и од нашето културно наследство. Во тоа не може да има никаков сомнеж“, изјави за бугарското радио Фокус Пламен Павлов, професор по историја на Византија и на балканските земји од 4 до 15 век на универзитетот во Велико Трново. Историчарот додава дека Јоаким Осоговски е еден од тројцата следбеници на Св. Иван Рилски, „така што тој во голем степен е продолжувач на бугарската духовна традиција од времето на Првото бугарско царство“, рече “историчарот Павлов”.
И што да му порачаме на овој “голем познавач на истoријата на балканските земји”? Лудаку еден, што го прави светецов Бугарин? Колку светци делувале на Света Гора, Рим, или не знам каде се по светов, па тоа не ги прави етнички ……? Патем, се согласувам со констатацијата што неодамна ја изговори Стево Пендаровски дека допрва ке имаме проблеми со Бугарија, и покрај некаков си меѓусебен договор за /не/пријателство.
6.In memoriam: Почина Јордан Костадинов, еден од основачите на ОМО „Илинден“

По кратко боледување, во 87-мата година од животот почина Јордан Костадинов Иванов, македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Бугарија.Како македонски национален активист бил два пати затворан од бугарската власт во најтешки затворски услови.

Еден е од основачите на македонската организација ОМО Илинден и нејзин лидер. Целиот свој живот го посвети за човековите и националните права на македонците во Бугарија, борец за македонската кауза. Во повеќе наврати покрена судска постапка пред Судот за човекови права во Стразбур и во повеќе пати Бугарија беше осудена за кршење на човековите права на македонците во Пиринска Македонија.

Бог да го прости братот Јордан!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top