Коментари

Послушајте патриоти – вистински и лажни

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Послушајте патриоти – вистински и лажни

Време за солење памет не треба и за удирање во гради кој е поголем патриот е тотално губење време. 

Толку се направивте сите патриоти, паметни и божји маченици што со расцепкани партиички, лажни профили на фејсбукот и критики кон Грујо, Мицко и ВМРО ДПМНЕ така да веќе не се издржувате и не се поднесувате. Воедно заборавивте и едно зборче да кажете за најголемото зло во Македонија последниве 200 до 2000 години – Заев и партијата сатанистичка СДСМ. 

Уште малку Тричко, Милчин и Политико ќе ви станат светци  а Героски како Исус спасител поради преголемата храброст да открие кои се рекетари само затоа што доби прст во уста од неговите. 

Колку само е проѕирна лажната патриотска македонштина на сите вас „таканаречени патриоти“ па дури и кај нормални патриоти кои пробуваат да бидат реални и спуштени на земја. 

Мојот гнев кон вас е преголем затоа што или сте глупи или се правите на Тошо.

Америка направи 300 чуда и ќе прави се до оној момент додека ВМРО-ДПМНЕ не ја прогласат за непожелна и кобајаги терористичка. За Грујо и Мицко само едно ќе кажам – да не си им во кожа и да не даде Господ да ви даде и 1 % на сите вас сето она што тие го преживуваат и осеќат секојдневно затоа што се Председатели на Македонска национална партија. Капак на се е уцената ѓаволска – прием во ЕУ и НАТО. 

Затоа патриоти, вистински и лажни сакам само едно од вас, да почнете да критикувате по комуњарите и Црпко и да ги столчите како шлепер жаба и воедно да ги оставите на мир Грујо, Мицко и ВМРО ДПМНЕ или уште подобро заедно да ги треснете СДСМ со Црпета и тоа најбрзо.

ПАРТИОТИ ИМА САМО МАКЕДОНСКИ, СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИТЕ НЕКА СЕ ГОНАТ КАЈ ЈУНКЕР, МОГЕРИНИ, ХАН И МИЦОТАКИС.

СМРТ ИЛИ СЛОБОДА.

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top