Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXV

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXV

1.  Имам впечаток дека најкрупната корупциско-криминална афера во Македонија од осамостојувањето до денес –  “Рекет”, власта и теледиригираното судство како да настојуваат да ја релативизираат, т.е. да се минимизира нејзината димензија како скандал без преседан и да се сведе само на одговорност на неколку епизодни протагонисти, а главните (политичарите кои се сладеа на парите од рекетот на бизнисмени) да се алиментираат од било каква одговорност. Дури и фамозниот Ларис Гајзер замолкна (или го замокнаа со неколку милиончиња евра или долари сеедно?), иако се фалеше дека има уште снимени инкриминирачки материјали!

     Очигледно е однесувањето на Обвинителството истрагата за скандалот да се развлекува што е можно повеке, а и “меѓународната” не се потресе многу туку реагираше со соопштенија, колку само да се реагира за да не остане неречено! И што да се заклучи од сето ова осем дека истата таа фамозна – “меѓународна” е спремна да прогледа низ прсти ама баш на се на актуелните узурпатори на власта во Македонија за да реализираат до крај се што е зацртано во платформата на ЦИА, попозната како “Тиранска платформа”. Со други зборови, останува уште заевистите да го спроведат пописот на населението според кој треба да се констатираат проектираните (но апсолутно  н е р е а л н и!!!) 30% од населението албанци во Македонија, а и неизбежните парламентарни избори (редовни или предвремени сеедно), да бидат во полза на актуелната ненародна и антимакедонска коалиција СДС-ДУИ за да се докрајчи она што преостанува од ззацртаното во споменатата платформа?

2.   Лицето Зоран Заев секојдневно е со полна уста заложби за “почитување на правото”, “сите сме еднакви пред законот”, “правна држава” и слично, а самиот се мајтапи и не го почитува правото.

     Најсвеж пример е непочитувањето на одлуката на Управниот суд на Република Македонија кој пресуди дека легално на конгрес избраниот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Д-р Живко Митревски е нелегално сменет со класичен пуч од страна на актуелната влада! Митревски го подржуваат и Европската и Светската конфедерација на синдикати за што лицето ЗЗ е писмено известен, но дотичниот едноставно тоа го игнорира.

     За случајот е известена и канцеларијата на ЕУ во Скопје и еврокомесарката Могерини, но властите во Скопје мува не ги лази и не помислуваат да ја исправат неправдата. 

     И покрај се, неодминлив е заклучокот: продај си го сопстениот народ (како што го стори и сеуште го прави кликата на ЗЗ) и се ќе ти биде дозволено и простено!?

     Толку за европските вредности и стандарди!!!

3.  Актуелната влада-невлада во Македонија деновиве доби невидено кадровско зајакнување (!?). Доби министер каков што не би му посакал ни на најголемиот непријател!

     Нов министер за привлекување странски инвестриции е Хисен Џемаили, еден од осомничените за анималното изживување врз работниците од градежната фирма Маврово, кои беа заробени од терористичката ОНА во 2001 година.

Martin 

     Џемаили беше обвинeт дека со нoж се изживyвaл врз грбовите на градежните работници во 2001 година за што подоцна е амнecтиран.

     Морам да признам дека имам многу сериозен проблем самиот со себе да разграничам: дали да се поведувам од ставот:”Христијански е да се простува”, или “Да се простува, но да не се заборава”!? Како да простиш некому ваков злостор (види ја фотографијата погоре)??? Како да простиш на нацистите за сите злодела што ги направија на човештвото???

    Некаква аналогија во моите размислувања се обидувам да најдам со “помирувањето” што го одработи Тони Блер помеѓу терористичката ИРА и британската власт, по што исто така следеше амнестија (иако ИРА беше одговорна за над 30 илјади убиства во текот на речиси осум децении активност), но морам да признам – тоа ми оди многу тешко! Разликата е огромна: припадниците на ИРА (најголем број од нив) сепак постанаа лојални граѓани на Обединетото Кралство (Воениот командант на ИРА Мартин МекГинис дури се сретна со кралицата Елизабета II), а за припадниците на ОНА…. немам коментар (односни имам, но не сакам да го споделам)!

4.  Кон крајот на летово имав средба со мој драг пријател од дијаспората, по потекло од Беломорска Македонија, која средба толку ме потресе што сеуште не можам да се соземам. “Со години секое лето дел од одморот поминувам во Македонија.”, ми рече. “Го обожавам Охрид, езерото, најсреќен сум кога ќе запливам во него. Дури и гробно место си купив во Бутел за овде да почивам! Цел живот работев да го помагам ова парче од Македонија што ни остана по поделбите 1912-1913 година. Но сега, кога ни го променија името, ова веќе не е мојата Македонија за која животите ги дадоја тројца мои браќа во Граѓанската војна во Грција. Ја сакав Републиката! Но сега, по промената на името што настана и што ни го наметнаа од страна, а без да не прашаат нас – македонците од кој и да е дел да потекнуваме од распарчената татковина! Ќе дојдам само уште еднаш, но за да го продадам гробот во Бутел бидејки повеќе не сакам да почивам овде. Ова веќе не е мојата Македонија”!

     Не можев и сеуште неможам да се соземам од шокот што ме стрефи по оваа изјава. Ќе се обидам да го разубедам нашинецот да се откаже од намерата да го продаде гробот што си го купил пред многу години за себе, бидејки сеуште не има нас, многумина, кои не се помируваме со предавството што ни го направија домашни изроди и тоа за пари, за многу пари.

     Се прашувам постојано себеси дали вакви пораки пристигнувааат до оној створ, грабнат од нива во Муртино и оној самобендисан надувенко што ја потпиша капитулацијата во Нивице??? Сакам да верувам дека народот сепак еден ден ќе дојде по своето и ќе ги исправи неправдите што ни ги нанесоа на сите нас – на оние што ги дадоа животите на слободна Македонија, за  оваа генерација, но и за оние што следат по нас.

     Фашизоидната идеја за бришење на цели нации заради сулуди концепции и интереси нема

перспектива. Пред нас се нови времиња, ве уверувам!

5.  На стратегискиот форум што се одржа во Блед, Словенија, остварена е средба меѓу македонската делегација со одговорниот во Стејтдепартментот за Балканот Метју Палмер.

     Навидум ништо посебно: фото сесија со неколку веќе познати фрази дека американците многу не сакале и силно не подржувале…

     Но нешто што посебно ми остави впечаток од средбата беше дека од американска страна, веднаш до Палмер беше нам добро познатиот мрачен лик на поранешниот американски амбасадор во РМ Џес Бејли кој не растури и како држава и како општество по сите основи! Заклучок: претставата што ја приредија неколкумина конгресмени дека водат истрага за ненаменско трошење на пари од американските даночни обврзници за време на неговото (на Бејли) амбасадорување во Скопје е само   п р е т с т а в а и ништо друго. Планот на “длабоката држава” за разнебитување на Македонија и нејзино преименување и преструктуирање по теркот на ЦИА Бејли многу успешно го реализираше со сесрдна помош на лицето ЗЗ и антимакедонската коалиција СДСМ-ДУИ! Грдо, но за жал вистинито!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top