Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXVII

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXVII
 1. Само за 15 месеци од владеењето на СДСМ и ДУИ, според изјавата на самиот Зоран Заев, од Македонија се иселиле 300.000 лица!? Дури и да не се во толкав број, иселувањето (или белата чума како што го нарекуваат некои) е грда и загрижувачка реалност зa нашата земја.
     Причини има многу, дури премногу: политичката и економска нестабилност, сиромаштијата, лошите политики, оскудност на странски инвестиции, крајната несигурност кај земјоделците заради што ги напуштаат нивите, тотално отсуство на перспективи за младите, туѓите /странските/ агенди и сценарија……..
     Можеме да набројуваме уште многу, многу причини, но се прашувам: дали иселувањето не е последица на однапред таргетирани “цели” од одредени центри на моќ со цел тој процес на празнење на земјата не само да продолжува, туку и да се забрзува??? За ваква претпоставка ми се наметнува примерот со хистеријата што ја наметнаа пред неколку години таканаречените невладини организации против отворање на рудници за злато ву јужните и југоисточните делови на земјата? И, дали тезата за наводно загадување на почвата и човековата околина е вистинска причина за неколкуте референдуми во кои населението од тие краишта се изјасни против отворање на нови рудници!? Тезата за наводното загадување едноставно не држи бидејки експертите тврдат дека со најновите технологии за екстракција на златото од рудата  н е м а  загадување!!!
     Отворање на нови рудници би значело развој и просперитет на тамошните општини, воедно и своевидна гаранција дека иселувањето од тие краишта драстично ќе се намали. Конкретен пример: за  рудникот Казандол близу Валандово се најавуваше отворање на илјада (1.000) работни места! Ако се земе во предвид факторот четири (по четири члена просечно во семејството), тоа ќе значеше илјада семејства со четири илјади жители во Валандово и околината да имаат обезбедено работа, егзистенција, да примаат плата и да трошат, но и да не се приморани да размислуваат за иселување. Со еден збор станува збор се гарантира живот во градот и непосредната околина. Но по дискутабилниот референдум, таа идеја пропадна, рудникот не проработи, а луѓето продолжуваат да се иселуваат.
     За ваквата ситуација во огромна мерка се виновни и одговорни таканаречените невладини организации од кои најмногу се продолжена рака на туѓи, т.е. странски интереси! Впрочем, тие (невладините) речиси без исклучок се финансирани од токму туѓи извори (Сорос, ЈуЕсЕјд и слични) за да не ги боли глава да молат за средства за работа, туку сета енергија да ја сконцентрираат на цели зададени од други.
     Очигледно се работи за длабоко осмислен и долгорочен проект, без сомнеж! Единствено останува отворено прашањето: за кого е планирана испразнетата Македонија, или делови од неа, и кој треба да ја пополни таа празнина? За дојденци од непосредното соседство, или стотици илјади несреќници  – бегалци и азиланти од Бангладеш, Авганистан, Сирија.. од кои Европската Унија очајнички настојува да се ослободи???
2.  Здружението на патриотски ориентирани интелектуалци МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ се обрати неодамна до јавноста испровоцирано од полициската репресија на МВР по повод истакнувањето на знаме со шеснаесетзрачното сонце на фудбалски натпревар во охридското село Волино, а во чест на Денот на независноста 8ми септември!
     Бруталната интервенција на полицијата Македонски манифест ја нарече “идентификациски фашизам”!
mart
     Со цел автентично презентирање на случувањата во с. Волино, ја пренесуваме интегрално реакцијата на Македонски манифест:

     Македонски манифест најенергично ја осудува полициската репресија на владата на Заев врз жителите на с. Волино, кои решија да бидат отпор на идентитетскиот геноцид над Македонците, подготвен од цивилизациската перверзија на Брисел и домашните квислинзи. Тие, храбри и доблесни Македонци, решија да се спротивстават на бришењето на еден од архетипите на македонската исконска меморија-Сонцето од Кутлеш, кое им се подарува беневолентно на грчките хиени, иако тие тој симбол никогаш не го поседувале и за свој знак го имале бувот, симболот на ноќта, а кај Македонците вестител на смртта и тагата.

     Тоа може да се провери и кај Грејвс, еден од најголемите зналци на античката, таканаречена грчка митологија, и кај старогрчкиот комедиограф Аристофан, кај мајсторот на античката трагедија Есхил, па и кај многу речници на симболи на Западната цивилизација, која сега преку нејзините сезнајни жални политичари сака таа вистина да ја замачка и скрие. Арно ама архетипските симболи се отпорни на таквиот вид на перверзно замачкување, како што се прави сега тоа и со Шеснаестозрачното Сонце од Кутлеш, исконски македонски симбол, затоа што Македонците, имено, како што вели и Св. апостол Павле во своите Посланија до Солуњаните и Филипјаните се “синови на светлината“, кандила што горат во “расипаниот свет“. А Грците со нивниот архетип, симболот на бувот се синови на ноќта, на ноќното сонце што се покажа како несреќа за Македонците.

     Македонски манифест ги поздравува жителите на Волино и ги охрабрува во нивниот отпор кон идентитетскиот геноцид што го спроведуваат врз Македонците Брисел и Вашингтон заедно со квислиншката влада на Заев. Тоа е почеток на семакедонскиот отпор кон тој страшен идентитетски геноцид над цел еден древен народ со милениумски континуитет на постоење за што сведочи и Библијата, најважниот не само религиозен туку и антрополошки и културолошки документ на Западната цивилизација. Браво Волинци, така се чува самопочитта и брани идентитетот и по катастрофата врз него.

     Таа катастрофа е резултат на повампирениот еврофашизам, на кој му се приклучува и грчкиот кој заедно со бомбардерите полни со смрт на Черчил 1948 фашистички ги чистеше Македонците од родните огништа и гробовите на предците и прапретците. Е, тој геноциден фашизам над Македонците сега е повторно присутен од страна на вавилонската ороспија Европа и Грција, како и на другите околни балкански хиени, кои таа ги користи за конечна смрт на Македонија и Македонците. За жал, пак, во тој геноциден проект за ништење на македонскиот генерички идентитет Брисел и Вашингтон сега ја искористи максимално и македонската влада на Заев, инсталирана за таа мрачна цел од нив.

     Волинци храбро се спротивставија на тоа, иако перверзната влада на Заев го маскира во своја полза инцидентот, и Македонски манифест уште еднаш ги поздравува за тој доблесен чин, повикувајќи ги сите доблесни Македонци да застанат во општ отпор против идентитетскиот геноцид и фашизам против нив на Брисел, Вашингтон, Грција и квислиншката фашизоидна влада на Зоран Заев, Шеќеринска и Димитров. Тоа. Македонски манифест наскоро ќе го посети со древниот македонски симбол, Шеснаестозрачното сонце од Кутлеш, поточно од срцето на античка Македонија, Волино и неговите доблесни Македонци како алка за врзување на големиот синџир на македонскиот отпор против евро и амеро, но и против домашниот идентитетски фашизам што го промовира владата на Зоран Заев.

mart2

Амблем на с.Волино

mart3

Волино – карикатура (по фудбалскиот метеж 2019)

     По се што е изнесено погоре, јавно го прашувам министерот Оливер Спасовски: Министре, дали случајно планирате со еднакво дозирана енергична и брутална акција да интервенирате во Зајас и селата пред и после ова село против континуираното истакнување на знамиња на странска држава, во случајов Албанија, спротивно на постоечкиот Закон за знамиња??? И, министре, не сметате ли дека еден ден на оваа ненародна власт ќе и дојде крај и вие како прв човек на “органот” што врши насилие над недолжниот народ ќе треба и лично да се соочите со одговорност??? Ова само како тема за размислување ваше и на тие околу вас!!!
3.  За нов лидер на единствената партија на македонците во Албанија е избран Васил Стерјовски. На конгресот на Македонската алијанса за европска Македонија (МАЕИ) одржан неодамна во Тирана донесена е  р е з о л у ц и ј а во која македонците побараа македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да биде службен во општините каде 10% од населението се македонци, а личните документи да се издаваат и на македонски јазик.
4.  Актуелниот министер за надворешни работи на Грција Никос Дендијас (данди/денди на англиски значи прчко, фудул) убеден е дека ќе не убедел да заборавиме дека сме македонци и дека ќе не приморале “преку преговорите за членство во ЕУ да се претставуваме како граѓани на Северна Македонија”!? Тој го изјавил ова за грчкото радио “Реал ФМ”, одговарајки на прашање за точките од капитулантскиот договор од Нивице, со кои неговата партија Неа Демкоратија не се согласува.
mart4

     Дандијас изјавил дека грчката страна ќе инсистира да не приморацелосно да прифатиме дека називот на граѓанините на нашата земјата да биде „граѓанин на Северна Македонија“!? Министерот се закани дека нашата земја “мора да ги исполни обврските, односно  треба апсолутно да се придржува до збор, до запирка, до точка, до нивните (македонските) обврски” (според капитулантскиот договор од Нивице).
     И што да се коментира за овие типуси и нивните политики? Сеуште живеат во средновековието и се замислуваат некаква величина!?
5. Конечно една убава вест од Софија: седмата по ред средба на експертско ниво на мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата заврши со тотален крах!!! Средбата беше посветена на прашањето за етничката припадност на Гоце Делчев. Бугарската страна очекуваше (но и најави уцени за европските интеграции на Македонија), дека македонскиот дел од мешовитата комисија туку така, на послужавник (по урнекот на изјавите на Стево Пендаровски) ќе им го подари Гоце на бугарите!? Арно ама на мое и на сите нас огромно задоволство, овој пат бугарската похлепа за нашите историски вредности и личности кај македонските експерти наиде на ѕид на одбивање од македонските историчари!!!
    Ваквиот епилог отвора и многу прашања! На пример, дали лицето Зоран Заев почнува да ретерира од лакрдиското расфрлање со наши личности и настани од историското минато; дали и Калето (кое му суфлира ставови на Стево Пендаровски) почна да ретерира од Тиранската платформа за сеопшто разнебитување и обезличување на земјата, и дали власта почна да покажува заби, со други зборови  к о н е ч н о  да почне да ги почитува интересите на својата сопствена држава кога преговара со соседите???
     Е сега, што правиме со лицето Стево Пендаровски??? Дали барем ќе се извини на сопствениот народ бидејки лично тој го оскрнави светиот лик на нашиот Гоце (Делчев) прогласувајки го за “Бугарин”, или повторно, како многу пати до сега, ќе чека инструкција од Калето. Лично од оваа индивидуа (Стево П.) такво нешто не очекувам, но сепак да почекаме и да видиме.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top