Коментари

Драган Богдановски – 90 години од раѓањето

mane 1

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

90 години од раѓањето на Драган Богдановски

Пред 90 години, на 18 септември 1929 година во кумановското село Клечовце беше роден Драган Богдановски, еден од најпознатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, идеолог и еден од оснивачите на партијата ВМРО ДПМНЕ.

За време на својот живот 30 години бил во челните редови на патриотската македонска дијаспора. Поради своите активности за исполнување на аманетот на претците на македонскиот народ, создавање на обединета и суверена македонска држава, тој бил повеќе години во затвор.

Воспитан во семејство со патриотски корени, во кое неговиот дедо бил илинденец, комита во четата на Атанас Бабата, Богоевски за време на своите студии на факултетот земјоделство и шумарство во Белград, се појавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб“. Поради овој чин тој за првпат ќе ги почуствува затворските келии. Четири месеци бил затворен во лошиот на глас затвор на Обилиќев венец, а по излегувањето од таму бил исклучен од факултетот и без право да се запише на било кој друг факултет во тогашна Југославија.

Ваквата постапка на тогашните власти ќе го натераат Богдановски во 1950 година илегално да ја помине границата и да замине прво за Јужна Америка (Аргентина и Бразил), а потоа во 1954 година за Европа. Студира во Париз на Сорбона на Факултетот за политички науки и новинарство, за да веднаш започне со политичко дејствување. Тој ја формира организацијата „Македонски национален фронт“ и го издава весникот „Македонска искра“, кој под притисок на јужниот сосед набргу згаснал.

Во 1958 година се жени и заминува да живее во Норвешка, каде продолжува со своите политички активности. Оспособува кирилична печатница и се јавува како иницијатор за издавање на весници, списанија и книги за Македонија. Тој го издава списанието „Македонска лоза” и „Слободна Македонија”, потоа го печати весникот „Македонија”, списанието „Македонска нација” и т.н. Ваквото дејствување на Богдановски му смета на тогашните југословенски власти и агенти на СДБ го киднапираат и од Париз го носат во Југославија.

По влегувањето во Југославија, преку Љубљана и Скопје, Богдановски е донесен во објект на полицијата во близина на Македонски Брод, каде што е под истрага година и пол. Потоа е воден судски процес зад затворени врати на кој Богдановски е осуден на 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година.

По излегувањето од затвор го прифаќа неговиот пријател Мане Јаковлевски кој со пмош на својот брат му обезбедува стан за живеење во Скопје. Меѓутоа, по добивањето на патна исправа (пасош) Богдановски заминува за Шведска каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија. Свесен за поделеноста во македонското општество, тој бара да се збијат редовите на Македонците во новата партија под името „Демократска партија на македонско национално единство“ или ДПМНЕ

Во 1990 година во Минхен Драган Богдановски и Гојко Јаковлевски од Берлин, носат одлука за формирање на партијата и истата да носи предзнак ВМРО. Иако на состанок се присутни Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, главен идолог и основач на партијата која се потоа се регистрира во Македонија, не е никој друг, туку е Драган Богдановски.

Поради неговите заслуги, на првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, кој е оддржан на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп, Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 година е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Европа. Меѓутоа, набргу доаѓа до заладување на односите со актуелниот претседател на партијата Љупчо Георгиевски и до конечно разделување со партијата. Во мај истата година Богдановски се обидува наново да ги збие разединетите Македонци и формира нова партија Македонски национален фронт, но таа не заживува, по што Богдановски се враќа во Шведска.

И денес постојат обиди да се дискредитира Драган Богдановски и некои други личности да се наметнат за идеолози и оснивачи на партијата. Меѓутоа, неспорна е улогата на Богдановски во формирањето на ВМРО ДШМНЕ, за што жив сведок сум Јас Мане Јаковлевски.

Драган Богдановски умира на 31 мај 1998 година. Починал во воз во Данска додека бил на пат за Шведска. Но, поради спорот со Георгиевски на погребот присуствува само еден член на партијата.

Денес кога би бил жив, Драган Богдановски би имал 90 години. Тој сигурно никогаш не би се сложил со промена на уставното име на државата, како и со низа договори на актуелната власт предводена од Социјалдемократите.

По повод 90 години од раѓањето на Драган Богдановски редно е да се потсетиме на неговите заложби за создавање на слободна и суверена македонска држава, како и на неговата борба за зачувување на името, традицијата и културата на македонскиот народ. Само така можеме да ја спасиме татковината и младите да ги вратиме на вековните огништа.

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top