Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXVIII

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин Треневски, поранешен миистер и амбасадор
1. Од истокот ништо ново! Деновиве, по којзнае кој пат, повторно се соочивме со невидена агресија на закани и уцени од соседот со којшто, нели (!?), имаме Договор за пријателство и стратегиско партнерство, а со којшто договор, демек ќе да сме ги надминале со векови наталожените проблеми!?
    Овој пат бурните реакции од Софија и крајно уценувачкиот бес беа искажани од бугарскиот генерал на авијација на позиција претседател на бугарската држава Румен Радев, кој онака војнички се закани со “Нова национална позиција на Бугарија (кон Македонија) со јасни барања и критериуми за бугарскиот национален интерес”.
     Повод за бурната и театрална реакција на генералот на бугарската телевизија (за да може секој да го види и да го чуе) беше тоталното фијаско на состаноток на седмата средба на заедничката мешовита Комисија за учебниците и историјата на која бугарската страна не сакала да прифати Гоце Делчев да се дефинира како значајна личност за Македонскиот и Бугарскиот народ, туку тие инсистирале Македонски народ да не ce споменува, а да стоело “народите на двете држави”. Со други зборови, бугарите упорно – сега дури се поотворено и поагресивно (од позиции на членка во ЕУ која може да уценува) опстојуваат на шовинистичката позиција дека не постои македонски народ, туку дека ние сме во нивните очи нешто друго, како што тие посакуваат и ги гледаат работите.
     Генералот Радев на членовите од бугарскиот дел на Комисијата дури им постави и рок, онака строго војнички, за еден месец да се најде решение за сите спорни прашања за настани, личности, корекција на учебници, натписи во музеи, плакети, па дури и да диригира во уредувачката политика на македонски медиуми (!?) Во спротивно, Бугарија ќе ја преиспитала својата безусловна подршка за членство на Македонија во ЕУ!?
     Бугарската политика на присвојување на Македонија и се што е македонско не е од вчера! Напротив! Таа си има своја предисторија од деветнаесеттиот век кога царска Русија ги ослободи од отоманското ропство и им направи држава, по што тие веднаш започнаа со пропагандите и кражбата на македонски личности и настани. Сега, осилена со полноправното членство во ЕУ официјална Бугарија не се ни обидува да го сокрие чуството дека “сега му е мигот” дефинитивно да не зграбат и да ги остварат своите иредентистички соништа кон нас и се што е македонско.
     Такво нешто нема да се случи!
     Но проблемов има и други димензии. Неспорно е дека ЕУ се соочува со свои длабоки проблеми, во прв план брегзитот, но Унијата неминовно треба да се соочи и со грдите реалности што со своите политики и интереси ги создаваат некои од новопечените членки, во прв план Бугарија која ни од далеку не е зрела да биде нејзина полноправна членка. Обидете се, на пример, да ги споредите Бугарија со Финска, или Бугарија со Холандија, Белгија, Шведска… буквално со сите останати членки на ЕУ. Тоа едноставно не е можно.
     Можеби не ќе биде лошо Унијата да размисли да го прати актуелното бугарско државно раководство во некоја од земјите во Скандинавија, или да прати скандинавски воспитувачи во Бугарија за да видат и научат што значи добрососедство, меѓусобно почитување, толеранција и солидарност во регионот, за да престанат да се однесуваат како улични силеџии и со уцени да бараат од соседот нешто што не им припаѓа!
     Неминовно треба да се јакне и нашата позиција во овој клинч со бугарите, пред се со ревизија на таканаречениот Договор за пријателство. Да ја префрлиме топката на нивни терен (што би се рекло со фудбалски жаргон) и да побараме: а) Воени репарации за штетите и злосторствата што ги стори Бугарија како окупатор на две третини од Македонија во Втората светска војна; б) Да ни ги вратат сите реликвии и знаменитости што ги испокрадоја од македонските цркви и манастири во Балканските и во двете светски војни.
     Но да се погледаме во огледало и да се запрашаме: дали и ние самите не придонесуваме за ваквата ситуација? Колу за потсетување: Заев за само два месеци од устоличувањето потпиша некаков Договор за пријателство со клаузулки за коишто безуспешно се преговараше со децении, Пендаровски онака, ноншалантно, го прогласи Гоце Делчев за Бугарин којшто се борел за македонската кауза, а патем му се обрати на Бојко Борисов со:”Кај си љубави?” (Време е да си даде оставка и да престане да тресе глупости од овој тип).
     Е па драги мои, со вакво државно раковдство не треба да очекуваме ревизија на бугарските ставови и политики кон Македонија и се што е македонско! Напротив!!!
    А за погоре споменатите можни барања цврсто сум убеден дека бугарската страна длабоко ке се замисли и ќе  м о р а да ретерира од сегашните ултимативни позиции!!!
2  Скопска апелација неодамна ги одби жалбите и ги потврди доживотните затворски казни за терористите од инцидентите во кумановско „Диво Насеље“!
mail
     На сликата погоре: Makeдонската полиција на дело во кумановското “Диво населје”
    Основниот кривичен суд во Скопје на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското “Диво Насеље”, а на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата. Терористите од Косово влегле во земјата и се засолнил во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 2015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.
     За овој случај порталот mn.mk во десетина наврати го повика Јавното Обвинителство да покрене истрага по допрен глас, но тој глас очигледно засега не допира до нив!!! Имено, во една декласифицирана депеша од американската амбасада во Скопје до Стејдепартментот јасно стои дека делегација од политичката партија СДСМ била во Косово, непосредно пред комановскиот инцидент, каде со Рамуш Харадинај, воен командант на ОВК, била договорена терористичката операција во кумановско “Диво насеље”. Со други зборови, партијата СДСМ е одговорна и на душа носи осум македонски граѓани, полицајци, кои загинаа на должност од тероиристичките банди уфрлени, но претходно договорени, од Косово!?
     Патем, споменатиот Рамуш Харадинај неодамна побара осудените косовари/терористи да ги издржувале казните во Косово бидејки нивните фамилии многу пателе!? А тоа што истите тие завија во црно осум фамилии на македонски полицајци во инцидентот во “Диво населје” Харадинај очигледно многу не го загрижува!?!?!?
3.  Конечно дознавме нешто што всушност го претпоставувавме многу одамна: зошто Македонија не се поврза со гасоводот “Јужен тек”!? На седница на бугарскиот парламент Премиерот Бојко Борисов неодамна кажал дека тоа не се случило заради огромниот притисок од Европската унија и САД, за да и наштетат на Русија!?  Македонија испадна колатерална штета на вечното ривалство помеѓу западот и Русија, но ниту еден фактор што го блокираше проектот “Јужен тек” не ни помисли нам да ни ги надокнади загубите што се мерат на стотици милиони долари годишно само од транспортот на гасот, а згора на тоа и бенефитите од користење на евтин гас за македонските домаќинства и индустријата.

     Работава испадна како онаа народната:”Кога слоновите се борат, малите животни страдаат”.
4.  Единствената партија на македонците во Албанија “Илинден” започна кампања “Главата горе – изјасни се дека си Македонец”, со цел подигање на свеста кај македонците во таа земја кои се претпоставува дека се над 150.ооо. Македонци  во западниот сосед најмногу има во Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и други места, тврди Никола Шурај, претседател на друштвото “Илинден”.
     Aлбанските власти признаваат македонци само во регионот Мала Преспа, но не на целата територија на земјата.
     Кампањата се води на три јазици – македонски, албански и англиски и целта и е македонците да го сочуваат својот идентитет, култура, традиции, историја и обичаи!!!
     И што да речеме за оваа кампања осем: Браво бе нашинци! Секоја чест! Вие сте пример, заедно со најголем дел од раселена Македонија, но се разбира и голем дел во Републиката (од кои десетици гнијат во затвори за каузата) како се брани името македонско и татковината Македонија!!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top