Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – ХХХ

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – ХХХ

1. Бугарската налудничавост по “македонското прашање” не стивнува! Бугарските политички елити, особено тројката Каракачанов-Радев-Захариева, како што наближува 15ти октомври кога Европскиот совет треба да се изјасни дали ќе даде или повторно ќе одложи да даде датум за почеток на преговори за членство на РМ, се погласно лансира вистински плотуни на гнев, па дури и бес со отворени уцени за прифаќање на некаква си заедничка историја (!?), постојано заканувајки се предупредувањето дека: “бугарската подршка на Република Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ не е безусловна”.

Потпретседателот на бугарскиот дел од заедничката Комисија за историја Наум Кајчев порача дека Бугарија ќе не “европеизирала” доколку македонскиот дел од мешовитата Комисија за историски прашања ги прифатила бугарските гледишта и ставови од “заедничкото минато”!? Бог да чува и да брани! Што да рече човек на ова: Доживеавме да сме во ситуација една Бугарија да не европеизира!?

А да ги потсети човек каде беа Бугарите до пред деценија-две, кога доаѓаа кај нас на печалба за неколку “червени”… Неспорно е дека  Европската Унија во голема мерка економски и не само економски ги преобрати Бугарите, но ментално (барем по таканареченото македонско прашање) според нивното однесување, сеуште се на ниво од периодот на Тодор Живков, па дури и полоши!

Ороводец на антимакедонизмот во Бугарија без сомнение е оној мрачен тип Красимир Каракачанов, непоправлив шовинист и иредентист, кој во континуитет не бомбардира со негови бесмислени пораки, како на пример:”Зошто се срамите да бидете Бугари?” (забелешка: Именката “Бугарин” доаѓа од грчкиот збор”вулгарос” што значи прост/ак, примитивен, раја на турски, или плебс на латински). Па Красимире, ако те прави среќен да се чуствуваш прост, раја или плебс, нека ти е со среќа, но немој нас – Македонците да не трпаш во ист кош!

Каракачанов смета дека Бугарите во мешовитата Комисија за историја “преговарале со земја во која живееле нивни (демек бугарски!?) сонародници, иако политичките елити (во Мк.) не сакале да ја признаат вистината”. Која вистина бе Красимире? Зарем дојде ти да ни пласираш вистини и да не побугарчуваш? Ако дојдовме на тоа дереџе што да речам, освен: Зини земјо проголтај не!  Завалијата Каракачанов дури предупреди: “Моето трпение одамна заврши! Скопје не може да измислува нова историја!”? Како треба Скопје да постапи според тебе Красимире Каракачанов? Да ви аминува на се што испокрадовте, особено во 19от век, па наваму? Во право беше историчарот пок. Драган Ташковски кој вашето однесување  го нарече: “културен паразитизам”, бидејки присвоивте се што можеше да се присвои и сега уценувате да ви ја официјализираме кражбата!? Тоа нема да помине Красимире, без разлика кога ќе почнат и колку ќе траат преговорите за членство во ЕУ!

Во дебатите на историските теми и дилеми Македонија – Бугарија се вклучи и поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој го предупреди својот колега претседателот Радев да “не покажува мускули кон Македонија!” За разлика од него, министерката за надворешни Захариева повторно се огласи по којзнае кој пат со отворена најава дека ќе на уценува во преговорите за членство во ЕУ, а таа изјава ја гарнираше со констацијата дека:”Makeдонија била национална кауза за Бугаријаа, а историските теми (за коишто преговараат комисиите од двете земји) биле најблиску до нивните (бугарските) срца!?

Едно е сосема јасно: во текот преговорите за членство во ЕУ најмногу проблеми без сомнеж, ќе создава Бугарија, дури повеќе и од самата Грција.

Некој спомна договор за пријателство со Бугарија!?

Патем, кога говориме за спорот со Бугарија, една од централните теми секако е ликот и делото на нашиот најголем јунак Гоце Делчев. Еве што за него неодамна напиша почесниот конзул на Македонија во Хрватска и еден од основачите на катедрата за македонски јазик на универзитетот во Риека, Горан Калоѓера: “Гоце (Делчев) со целото свое битие бил и сеуште е вткаен во македонската историја”!

2. Единствениот Македонец, член во албанскиот парламент Васил Стерјовски покрена неодамна иницијатива за враќање на правата на Македонците муслимани во областа Гора што им биле укинати во 1949та година.
И додека Стерјовски се бори за правата на своите сограѓани, Бугарија агресивно настојува да ги побугарчи давајки им бугарски пасоши само да се изјаснат како Бугари, им нуди стипендии и други активности!
Неодамна во областа Шиштовец, општина Кукс, е одржана тродневна манифестација : “Ден на културата на Гора” на која настапиле ансамбли од Благоевград и на Македонците од областа Гора. И додека Бугарите агресивно работат на бугаризација на македонското малцинство во Албанија, нашата амбасада во Тирана упорно молчи, како и македонското МНР!?
Колку за потсетување: кога пред некоја година Албанија го носеше законот за малцинствата, беше вметнато и “бугарско малцинство” (иако такво нешто во Албанија не постои), но земјата (Албанија) беше  уценета од Бугарија дека ако не го стори тоа, негативно ќе се одрази на европските интеграции на земјата! 
goraНа сликата:Македонски деца од Гора во костими во боите на бугарското знаме!
3.   И сега што правиме: Во медиумите во Македонија објавен а извештајот на Венецијанската комисија која ја проверуваше законитоста и одржливоста на насила и нелегално донесениот Закон за јазици којшто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да го потпише, но по повторното усвојување од парламентарното мнозинство СДС-ДУИ беше објавен со потпис на нелегално избраниот спикер на Собранието Талат Џафери. Експертите од Венецијанската комисија констатираат дека контроверзниот закон за јазици оди премногу далеку и наметнува нереални обврски на институциите, а може да го загрози функционирањето на целиот судски систем во Македонија!!!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски повика да се имплементираат одредбите и заклучоците од Венецијанската комисија и да се укине двојазичноста во судовите!

Првичната реакција од СДС е дека штом ќе пристигне официјалната верзија на заклучоците од Венецијанската комисија на 17ти овој месец истите, наводно, ќе биле имплементирани, но за претставникот на ДУИ Артан Груби Законот за јазици бил добар и го гарантирал мирот (!) за којшто “немало цена ” (овие повторно повторно со закани по мирот, или?)!!!

3.  Mногу болната тема за петкратното убиство кај Смилковското езеро (12. април, 2012) пак исплива во јавноста, овој пат од снимен резговор на припадник на безбедносните служби со некои функционери во Скопје, и повторно не потсетија дека Косово упорно одбива да ги предаде на македонските власти дирекните извршители на злосторот Алил Демири и Африм Халиловиќ.

Според мене, и овој пат станува збор за замајување на јавноста!? Јавно им се обраќам на надлежните во државата: ги знаеме извршителите (македонските служби добро си ја завршија работата). Но што сстанува со  м о т и в о т  за злосторот и зошто до сега не чувме ни збор за тој клучен аспект? Ќе ви помогнам: мотивот барајте го на релација Бондстил-Брисел-Вашингтон.

4.  На парламентарните избори во Косово победи опозиционото движење Самоопределување на Албин Курти. Оваа победа дочекана е со олеснување во соседството и пошироката меѓународна јавност. Курти важи за силен борец против корупцијата и поборник за  воспоставување на добра соработка со соседите. Најави дека ќе ги укине таксите од 100% за увоз од Србија, ама ќе бара реципроцитет од Белград за признавање на регистарски таблички и документи со назив Република Косово, како и воени репарации (што е неопходно да го сториме и ние према Бугарија како окупатор во Втората светска војна), пензии и враќање на 1.200 артефакти од Косово.

Да се надеваме дека промената на власта во Косове ке биде добра вест и за нашата земја (иако Зоран Заев беше во невидена интима со Рамуш Харадинај, оптужен за воени злосторства, а според извори од Американската амбасадо во Скопје, со него (со Харадинај) СДС го договарал инцидентот во kумановско ” Диво насеље” кога загниаа осум македонски полицајци).

5.  Државниот секретар на САД Мајкл Помпео не почести со неколкучасовна посета. Слета во Охрид каде подели силни комплименти на Стево Пендаровски и Зоран Заев за Преспанскиот договор и искажа голема подршка на неговата земја и влада за евроатланските интеграции на Македонија!

Истовремено, Белата Куќа го разреши од функцијата помошникот на заменикот државен секретар Метју Палмер кој во повеќе наврати јасно инсистираше аферата “Рекет” да се расчисти до крај без разлика кој се политичар е инволвиран во неа и сите подеднакво да одговараат пред законот!!!

Во меѓувреме порталот ПЛУСИНФО објави неофицијално дека Зоран Заев наводно бил поканет во втората недела од ноември да ја посети Белата Куќа и да има средба со претседателот на САД Доналд Трамп!?
Се прашувам: дали македонските политичари ја сваќаат пораката и сериозноста на овие три информации?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top