Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXI

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXI

1. Помина уште еден : “Ден на востанието….. “, нов назив што го наметна новосоздадената актуелна антимакедонска владеачка номенклатура, наместо традиционалниот назив: “Ден кога пукна првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор”. Промената на термините за овој историски ден -длабоко всаден во душите на Македонците, не е некое помодарство, туку одраз на политиката на актуелнава власат која во континуитет го игнорира македонското историско наследство и крајно неодговорно ги прифаќа туѓите (во случајов со 11. октомври), бугарските позиции, како што изјави воедна прикика самиот Заев: “Едно е ако се каже “бугарски фашистички окупатор”, а сосема друго ако се каже само “окупатор”. Демек многу болно било за Бугарите да се тврди дека биле “фашистички” окупатори, а само терминот “окупатори” не толку!?

     Па дури и овој “поблагиот” термин бугарската страна во последно време настојува да го ревидира преку изјавите на некои нивни квази-историчари кои подмукло лансираат тези дека Бугарија не била окупатор на Македонија во Втората светска војна туку – замислите: била “ослободител”, иако постоечките документи во македонските архиви недвосмислено јасно го потврдуваат спротивното!

    А што да кажиме за самото одбележување на Денот на востанието: класика и веќе видено: неброени делегации на стари и млади со цвеќиња или венци во рацете, но за разлика од порано во обраќањате јасно се почуствува своевидна “самоконтрола” (сепак по директива на власта) на говорниците да се избегнува споменување ПРОТИВ КОГО е дигнато Востанието, ниту пак да се спомене терминот “фашистички окупатор”, туку само “окупаторот”.

    Буарски историчари, академици (на пример Воденичарски пред неколку години) тврдат дека во нивните учебници по историја  н е  п и ш у в а л о (!?) дека Бугарија била сојузничка на фашизмот. Па господо историчари, не е тешко самите да се уверите во тоа! Доволно е да кликните на интернет и ќе најдете мноштво фотографии на вашиот цар Борис III како се гушка со водачот на Рајхот Адолф Хитлер. Или дојдите во Скопје каде се чува комплетната архива за бугарското фашистичко антиеврејско законодавство (за погромот на македонските Евреи најодговорна е царската фашистичка влада на Борис III) и се ќе ви биде кристално јасно!

2.  Носител на активностите по повод Денот на востанието по традиција и овој пат беше Сојузот на борците, организација што по вокација би требало да биде непартиска и неполитичка! Но се поставува прашањето: Кој денес ги претставува борците од НОБ? Такви според биолошките закони речиси и нема многу живи, осем можеби малкумина кои биле мобилизирани 1945 година  за на Сремскиот фронт!? А за да не угасне самата организација, истата се пополнува со синови и керки на борци, пензионирани офицера на ЈНА или на АРМ, пензионирани припадници на МВР и слични, само не со вистински борци!!!.

     Колку за илустрација на кадровските состојби во Сојузот на борците: актуелниот потпретседател на Сојузот на борците од НОБ е лице кое понављало клас во гимназија, а не служел ниту војска бидејки бил прогласен за  н е с п о с о б е н, no бил син на учесник во НОБ од 1943. година!? И што би рекле на ова учесниците во Фебруарскиот поход, борците во битките кај Лопушник, или ослободителите на Скопје и останатите градови во Македонија? Претпоставувам дека би биле лути бидејки се девалвира сиот нивен труд и жртви за ослободувањето на Македонија од бугарскиот и италијанскиот фашизам.

     Посебно иритира неспорната и сосема очигледна политизација на Сојузот на борците од актуелната врхушка на таа организација, особено од актуелниот им потпретседател кој е активен член, активист и некогашен функционер на СДС. Тоа дотичниот и самиот го потврди со неколку посети кај Зоран Заев за да изрази подршка за неговите политики, вклучувајки капитуланстскиот договор од Преспа. Што би рекле на сето ова вистинските борци кои ги дадоа животите за слободата и независноста на Македонија и ги оставија коските по македонските планини, можам само да претпоставам!

     Току заради гореизнесеното а vo контекст на постоењето и иднината на организацијата Сојуз на борци предлагам, како идеја за размислување, оваа организација да се преименува како СОЈУЗ НА ВОЕНИ ВЕТЕРАНИ, како легитимен наследник на Сојузот на борците, а би ги обфаќала и македонските војнци и офицери кои под знамето на ООН служеле на Синај и во други кризни точки ширум светот, во Авганистан и вo меѓународни мисии, како и бранителите од војната во 2001 и воените ветерани од боиштата по распадот на Југославија

     Сметам дека на ваков начин ќе се поврати достоинството на организацијата Сојуз на борци/ Сојуз на воени ветерани, што ќе биде голем стимул на илјадниците нејзини припадници кои сеуште можат да даваат свој придонес за одбраната и враќањето на достоинството на организацијата кое на парчиња го разнебити актуелнава власт.

3.  Во моментов кога го пишувам овој текст (вторник, 15ти октомври, точно на пладне) во Луксембург министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ расправаат дали на Македонија и Албанија, или само на едната од нив, да им се определи датум за почеток на преговорите за членство во Унијата. Иако неизвесноста може да потрае уште некој ден (лидерите на членките на Унијата на највисоко ниво треба на 17ти и 18ти октомври да пресечат дали ќе се определи конкретен датум за почеток на преговори или ова прашање ке се одложи по којзнае кој пат, за напролет!?

      Шансите конечно да бидеме наградени за придонесот и жртвите што изминативе три десетлетија ги даде РМ за мирот и стабилноста на стариот континент се само теоретски пред се заради блокадите што на тој пат во континуитет ги поставува Франција. велам “во континуитет” бидејки ваквиот однос на званичен Париз е – што би рекле самите Фанцузи: “дежа ву” и силно потсетува на самитот на тогај Европската Заедница во Лисабон (1992) каде под притисок на Франсоа Митеран се донесе фамозната “Лисабонска декларација” со која се бараше од Република Македонија да го смени своето уставно име доколку има амбиции за членство во ЕЗ/ЕУ, што е акт без преседан во меѓународните односи!!! “Та нема ние (членките на тогај ЕЗ) да си ги расипуваме нашите односи (со Грција) заради таму некоја ……  “,  го образложи тогај францускиот став Жорж Помпиду!? (Мислам дека и овој пат Франција одработува за Грција, иако претпоставував дека тоа ќе го прави Кипар)

     Францускиот став го дефинира претседателот Макрон кој инсистира на реформа на преговарачкиот процес за земјите кандидати и бара дополнителни докази против корупцијата и за независно судство! Блумберг е уште подиректен: Париз е против било каков датум за преговори за Македонија и Албанија пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата “методологија”.

     Меѓу членките на ЕУ постои можеби до сега невидено разногласие во историјата на постоењето на оваа асоцијација – едни се за определување датум за почеток на преговорите на двете земји-кандидати, Македонија и Албанија, некои се за опоределување датум само за Македонија, на што се чуја гласини дека на таквата опција Италија може да стави вето бидејкисилно ја подржува Албанија! Изгледите да се стави точка на оваа какафонија се сепак скоро никакви заради оној ноторен консензус (според мене: е д н о у м и е) во донесувањето на одлуки и очигледно тоа нема да се случи.

     Таквиот епилог ќе значи дека актуелната влада во МК не успеа да ги убеди членките дека е достојна да не внесува во членство во Унијата и покрај фактот што распродаде се што ни значеше и ни значи како земја и народ, но очигледно старите сојузништва и интереси, лицемерието што е  главна одлика на развиениот и “демократски” запад и овој пат превагнуваат.

     Како и да е, животот си врви понатаму, Вардар и понатаму ќе тече спокојно, но Македонија тапка во место заради неспособната на актуелната коруптивна власт! Чаре? ИЗБОРИ СЕГА и ВЕДНАШ! Во спротивно, нема да се гледа амбисот во којшто во слободен пад тонеме се подлабоко и подлабоко.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top