Коментари

Секоја солза на мајками ке ве кошта

56669635 10217177256758238 7101127287428349952 n

56669635 10217177256758238 7101127287428349952 nУставобранителот Николче од затвор: Родата место да ми помогне, ме намести – сам се пријавив а напишале дека ме бркале по ниви

Статус во групата Слобода за Николче Димитриевски:

Точно пред две години 17.10.2017 ова време бев во полициска станица Пролет на распит во врска за настаните од собранието.Во 2 часот на пладне по портали видов моја слика ,но кога видов дека ме бараат за убиство во обид за З.С. реков не се нормални.Бегство ми беше последната опција иако имав време од тут Куманово да фатам кај сакам таму можев да бегам,ама викам овие не се нормални ја ке одам сам да се пријавам не сум крив.

Со татко ми палиме колата и викам идам у 5 станица Автокоманда,но човечки инстикт во меѓу време викам на татко ми ајде да одиме до кај роднинава можеби ке каже нешто ке помогне и отидовме.Кога не виде не пречека со “топла насмевка”.

И како демек он не го знаеше проблемот чекаше да објасниме,кажавме што имаме да кажеме рече почекајте влезе до собата ,а ние седнавме надвор многу убав октомвриски ден и чекаме.Он излезе за помалку од 2 минути и вика сега ќе дојде командирот на алфите ке те спроведе и во најлош случај ке добиеш домашен притвор зошто сам се пријавуваш.Во меѓувреме ме праќа во продавница вика оди купи фанта ладна и НАЈУБАВИ колачи, ок ја без проблем идам се враќам и за помалку од 5 минути долета батката.

Си седна со нас и него му кажавме што требаше да кажеме рече добро земи си документот и ајде со мене.Но од брзање ја имав заборавено лична карта па татко ми мораше да оди до дома да ја земе.И не ја најде по наовчаникот од паника па му викам по тел земи го ПАСОШОТ.И ја со него во кола и во полиција со мене муабет во кола како да ми е најдобар другар,а и уште ми вика не му се јавувај на адвокатот он ке те доуништи види богати паметен пандур,нормално не го послушав.Стигнавме во дотичната полициска станица ја си искачам без лисици се нормално ме качува по скалите и ете ги горе двајцата испектори насмеани од А до Ш ме чекаат.

Дотичниот алфаш вика еве го дечкото и си оди.И овие си ја преземаат нивната работа.Едниот Македонец едниот албанец.И почнаа со нивното абе паметно дете што бараше таму?Јас викам ја бранев државата и тој другиот се смее и ми вика од кого ?Викам од душманите и цела Европа.Вика а кој те прати Чавков ли? Ја се смеам викам за што ме рачунате вие мене бе ? И тој албанецот ми се смее и вика:-Абе а што ве запали најмногу албанската химна а? Ја му викам како ке ти беше тебе у албанија да се пее Македонска химна?

Богами се намршти малку ,а и го удри телефонот од неговото си биро малку посилно.Сакаш ли цигара ми вика едниот и ми вади Давидов му викам не фала не мешам пушам бос голд,ѓоамити пак се поднамршти.И додека овие двајца со мене си играа два на еден пинг понг мене до душа ми беше денот па асови мавав иако бев многу нервозен,у меѓувреме овој што ме донесе пријателот на роднината пишал извештај дека ме бркал по ниви сум бегал морал пиштолот да го вади и ЕДВАЈ ме фатил ха ха ха.

Командириште нема што добра функција е како бе како нити претрес дома нити ништо алоо 6 часот поручек е сам се пријавувам сам одам ама нема везе он пишал извештај секоја чест.И ајде сега горе овие ме префрлаат кај други двајца ,ме носат во една канцеларија и ме пречекуваат едниот со нозете на биро другиот со пенкало во уста седнат пред компјутер и почна распитот.И едниот ми вика ајде сега веќе ги нема ни едниот ни другиот големи имиња не сакам тука да ги пишувам.Едно прашање ,друго прашање,трето прашање ама нема одговор бе бате со молчење се бранам чекам адвокат.Ми покажуваат слики од овој од оној ја нормално никој не познавам.И од инат ме бутнаа доле во мочките и едниот ми вика да соработуваше сега ке си одеше дома.

Викам баш штета и се смејам и му викам а да се вратам се да ви кажам а веќе 1 часот по полноќ сака да си оди му се спие се прозева и ми вика е сега нема ти како сакаш јас пак се насмеав ама баш цинички.Да ви кажам право не бев одамна спиен во тие простории и баш добро ми дојде промена на кревет.Утре дента сабајле јас па чекам да си одам ама сум се заебал испекторот ми вика не вика сега идеме дома кај тебе првин отпечатоци да ти земеме па кај тебе па после на пред истражен.А си викам Николче еба си работата .Кога ме носеа низ моето славното си Црешево први бел џип тигрите втори јас у блендираниот со алфите трети испекторите со шкодата и четврти пак тигрите ,абе да ви кажам искрено голема чест и задоволство ми беше да ме гледаат моите пријатели во тој конвој како УСТАВОБРАНИТЕЛ ама за нив бев “опасен убиец “.

Праеја што праеја влагааа по бунари бараа што си бараа и на крај ме вратија кај што треба.Е евеви едно апсеење на уставобранител кој со душа и срце тој ден влезе за својата татковина во собрание ,но за жал денеска сум третиран со член обид за убиство .Многу луѓе ќе го прочитаат статусот некој и ке се пронајде во него за некој работи ,но едно ке ви кажам јас сум УСТАВОБРАНИТЕЛ и цел живот ке се борам за ова парче земја ,но убиец не сум.И поздрав до големите глави не заборавајте во зандани имате невини луѓе третирани како убици и терористи.

И сите вие сега надвор што мислите дека сте извлечени од овој проблем нема да ве наименувам вие си знаете кој сте и што сте од шпион до играч во тие времиња не заборавајте времето лета не сум во гроб од овде се излегува сега за сега уживајте додека ме нема зошто кога ке ме има сметки ке полагате очи у очи,секоја солза на мајка ми ке ве кошта.

Многу се изнапишав ,а мислев да биде краток.

Во главно нека ни се честито две години робија за Република Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top