Коментари

За вас ли е држава?

Goce Markov

Goce MarkovГоце Марков – колумнист, Човек и Македонец

За вас ли е држава?

Како млади мајмуни ве исвиркааа во потребата за гравитација, посилна од Човечко а помала од зрното маково Свест.

Ве населија по веб страните како мегафони на глупоста и како Кинези  на печалба во Африка. Вие сте сноп од рефлексии на  небесни подржувачи ,, од се срце па се до небеса” па се до смешни осмодделенки Комитки а всушност чир на општеството заедно со  костумираните Војводи, и со непријателот кој до вчера зјаеше на состаноци  по Горските а сега Законот им е пиштол?!

Која гравитација Вас ве влече?

Која мајка се крсти кога ве гледа на Тв?

Вие сте како нелегални градби, дивоградби, вие сте тесто без квасец профитери бивши функционерчиеа кои плачат за внимание и понекој тендер!

Исвирена шупелка сте вие! Се крстите на нов хаос за да ќарите во  Матната со некоја нова идеја за кантонизација и федарализација на ова што остана од држава.Џабе ви власт,, другари комити” и војводи капиталисти ако изгубиме Јазик и Образ! Демократија?!Или има уште некоја секвенца? Ставањето на прстот на челото на Умот во рамки на државни институции ќе донесе контрапункт на реалната состојба на терен, една нова сила и енергија која ќе лута низ лавиринтите на сивите вијуги и на системот измешан со наши и ваши. Вашата свест, тоа е запечатена судбина, тоа е моментум, тоа е оган во ѕвездите, пиштол во рацете на граѓанин во афект. 

Среќа што сме питом Народ!

Македонскиот, отсекогаш бил сличен на окованиот Прометеј, на туркачот Сизиф, на силниот Атлас, понекогаш и на брзоплетиот Епиметеј!! Вечно казнуван за Мисла, за Идеја, за имање Срце! Да ви се помочам во желбата за азна и власт, кога од Оган и Мисла направивте само разводенети лаги.

Кауза, цел, за вас е непозната, заедно со сончоглетките, сунѓер од впивачки соништа и мисли, ама однадвор сте лажни, временски штури, молци на ароганција, себевљубени идиоти, азнобарачи и интригантни осмоделенци на триесет и кусур, а тука се и непријателите на идеолошкатаа свест! Изградивте тврдина со лажни темели, општество без вокали и нација на вулгарен вокабулар!

Ние, сме непокорлив народ, троскот и инает во опстанокот на прогресивната и револуционерна мисла. Без основа за живот без пари за леб до прикажан приход до антикотупциска?! Амбивалентната природа на Македонецот е чудовиштето во Нас, во Вас и ќе ги демне сите нови генерации на слабокрвни крводарители!Дозволивме малоумници да бидат основачи на новиот поредок?!

На новата Македонска нација!

Не постои блага дума да ја опишам вашата проституција.Една мала психопатка е повредна од вашите џипови и полни џебови. Ја продадовте  грутката за тендери.

…десница, де левица,ама не до толку!

Немате идеали, немате смисла да се кажувате жители овде.Едно  големдисување ваше остана и лажните величини на великодостојници стари ама  недостојни за почит од специјалното одделение.

Мојот ум е мојата ќелија! А вашата крв е со намалени еритроцити и со чудна претстава за  индивидуалната ќелија која ќе ја барате во иднина. Јас ќе си пресудам и ќе бидам затворен во мојата иднина а вам Бог ќе ви суди оти ја продадовте Онаа која ние ја  поплочувавме со пот и крв, со надеж, љубов, емпатија и самобит.Ги следам смешните потези на локалната богомолка од партија и се чудам! Дали таа е таа онаа која психопатично ви го контролира здивот бре главатари?

Одминува Индијанското лето и ќе треба и таа да си купи дрва! Само јас ли да го загадувам воздихот кога Депонијата на ридот ни отвора нови хоризонти и поглед кон болничкиот плафон на онкологија. А надвор уште е така, топло, па ладно, пече црното сонце на последната есен на,, плава крв” се чека миризот на загорено на тристе степени жива вистина.

Ќе има и во следната епизода на напади нова разработена шема на страв и агентура и по некое ново предавство од комитин. Вие сте интелектуално осакатени единки, да, вие сте озрачени од нуклеарката која радијално ја озрачи радиоактивната логика на вашето расудување. А ние остануваме тука на ова парче поделена европска територија.

Само да ве прашам:

-Дали ние, Народот, ви личиме на играчка?

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top