Коментари

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИОТ ИСТОРИЧАР ЛЕОН ОД ПЕЛА (IV ВЕК ПРЕД ХРИСТА)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

       Во нашата јавност е малку познато дека постоеле автохтони античко-македонски историчари кои своевремено биле автори на значајни историски дела.  За жал, ниту едно од овие дела денес не е сочувано. Единствено постојат антички сведоштва од други автори (нивни современици или подоцнежни автори) за античко-македонските историчари и нивните дела. Всушност, добар дел од сведоштвата за античките македонски историчари се наоѓаат во приват­ната колекција на ракописи на германскиот професор Феликс Јакоби (1876 – 1959). Тој бил професор по класична филологија во Киел од 1907 до 1935 година. Во 1939 година се преселил во Оксфорд, каде продолжил со работа. Во текот на својата кариера успеал да собере неколку илјади фраг­менти од ориги­нални текстови од антички автори. Меѓу нив има и такви автори кои сведочеле за постоењето на извесен број античко-македонски историчари. Македонс­ката етничка припад­ност на овие историчари се препоз­нава според придав­ката “Маке­донецот” која некои од нив си ја додавале на своите имиња или според името на македонскиот град од кој потекнувале

       Интересно е тоа што некои делови од оваа колекција се уште не се преведени ниту на англиски, па којзнае што има во нив. Од оние што се преведени, детектиравме извесен број античкомакедонски историчари од кои овде ќе направиме осврт на Леон од Пела, кој живеел во четвртиот век пред Христа.

       Извадоци од делото на историчарот Леон од Пела се заведени под број 659 во Збирката на проф. Феликс Јакоби. И за неговиот живот не останале многу податоци, но неговото дело останало цитирано од подоцнежните антички и средновековни автори.

       Познат е насловот само на една негова книга, која била посветена на египетските богови и се викала „За боговите во Египет”. Поради тоа, тој останал регистриран од некои подоцнежни автори и како „Леон Египјанецот“. Инаку тој бил роден во Пела и бил современик на Александар Трети Велики Македонски, но не учествувал во неговите походи. Подоцнежните автори пишуваат дека бил близок со Олимпија (мајката на Александар), која му покажала некое опширно писмо што таа го добила од Александар во кое детално биле опишани египетските богови. Врз основа на податоците од тоа писмо, Леон ја напишал својата книга. Во неа тој застапувал смела теза според која тогашните божества имале човечки карактеристики.

       Според истражувањата на проф. Феликс Јакоби, македонскиот историчар Леон е спомнат од страна на ранохристијанскиот писател  Татјан (II век по Христа). Во своето дело „Обраќање кон Грците“ (27), во кое го напаѓа празноверието на античките Грци, а ги критикува и за други работи, Татјан ги спомнува „коментарите на Леон“.

       И ранохристијанскиот писател Арнобиј исто така го спомнал македонскиот историчар Леон. Во своето дело “Adversus nationes” (Liber IV, 29) Арнобиј се повикува на пишувањето на „Леон од Пела“.

       Проф. Феликс Јакоби наведува и други автори кои се повикувале на пишувањето на Леон од пела.

       Така, на пример, Свети Климент Александриски запишал:

       Леон, кој пишувал за египетските божества вели дека Изида од страна на Грците била нарекувана Кера, која живеела во времето на Линеј во 11-та генерација по Мојсие. (Clement of Alexandria: “The Stormata” 1,11).

       Ранохристијанскиот  автор Тертулијан (160 – 225) го спомнува писмото од Александар и „Леон Египјанецот“, кој напишал книга врз основа на него (Tertullian: “De Paplio” и “De corona”).

       Сепак најмногу информации за суштината на книгата на Леон од Пела понудил  познатиот ранохристијански филозоф Свети Августин (354 – 430 год.). Во свето дело „Божјиот град (De Civitate Dei) во петтата книга, тој пишува за „…записите што Александар Македонски ги напишал до својата мајка…“ Притоа тој го спомнува и Леон. Во дванаесеттата книга (10 поглавие) Свети Августин пишува во врска со временскиот период на постоењето на  човештвото, па вели:

       … Да го цитирам само она писмо што Александар Велики го напишал на својата мајка Олимпија во кое ги претставил раскажувањата што ги добил од еден египетски свештеник, кој му ги пренел од нивните свети архиви и во кои биле спомнати кралства кои исто така се спомнати и од грчките историчари. Во ова писмо периодот од 5000 години наназад е поврзан со кралството на Асирците, додека во грчката историја, само 1300 години се бројат од владеењето на самиот Бел, за кого и Грците и Египјаните се согласуваат дека бил прв крал на Асирија. Потоа на империите на Персијанците и Македонците овој Египјанец припишал над 8000  години, броејќи до времето на Александар со кого лично разговарал; додека меѓу Грците, само 485 години им се припишуваат на Македонците сѐ до смртта на Александар и 233 години на Персијанците, броејќи до крајот на неговото завладување.

       Иако во овој пасус (и во продолжение на текстот) Свети Августин ги споредува записите од старогрчките и староегипетските историчари, недвосмислено се наметну­ваат интересни заклучоци.

       Како прво, од страна на староегипетскиот свештеник на Александар Велики Македонски му било соопштено дека во старите египетски записи империите на Перси­јан­ците и на Македонците биле над 8.000 години стари, а не како што било запишано од подоцнежните антички истори­чари (Херодот и други), кои од настанокот на Македонс­ката империја, па сѐ до времето на Александар Велики Македонски пресметале само 485 години.

       Како второ, Свети Августин, повикувајќи се на прене­се­ните пишувања на староегипетските и на старогрчките историчари, во горенаведениот пасус, јасно прави разлика меѓу Македонците и Грците во антиката, па затоа овде ги спомнува како одделни народи (заедно со Египјаните, Персијанците и Асирците).

       Поради фактот што горенаведениот пасус Свети Ав­густин го запишал врз основа на содржината на исто­риската книга напишана од Леон од Пела (за кој рековме дека била  заснована врз писмото напишано од Алек­сан­дар Велики Македонски до својата мајка Олимпија), сосема е јасно и дека самиот Александар Вели­ки Маке­донс­ки, но и маке­донскиот историчар Леон од Пела, исто така децидно ги сметале Македонците за посебен народ во однос на Грците.

       Но, пишувањето на Леон од Пела има и една друга димензија. Таа исто така е спомната во „Божјиот Град“ од Свети Августин. Всушност Свети Августин овде полеми­зира и ги критикува многубошците (паганите) поради тоа што, наместо да му служат на единствениот Бог, тие служеле на измислени „божества“ кои имале човечки карактеристики, а некои од нив, дури и навистина биле обични луѓе. Во полза на своите тврдења Свети Августин се повикува токму на книгата на македонскиот историчар Леон од Пела. Во осмата книга од ова дело (27 поглавие) Свети Августин пишува:

       Оние што ќе го прочитаат и можат да го прочи­таат писмото од Александар до неговата мајка Олим­пија, во кое тој раскажува работи што му биле откриени од свештеник… ќе видат дека… божицата Изида, која била жена на Озирис и нејзините двајца родители, спо­ред овие пишувања, биле луѓе од кралско потекло.

       Нам денес овие полемики можеби ни изгледаат чуд­ни, но во тоа време, на почетоците на христијанството,  ова биле сериозни расправии и од нивниот исход во многу зависела иднината на човештвото од цивилизациски ас­пект. Жолчни биле полемиките помеѓу многубошците (оние кои верувале во Зевс, Атина, Озирис, Јупитер и други) и христијаните кои верувале во вистинкиот, еден и единствен Бог.

       Леон од Пела, иако живеел далеку пред појавата на христијанството, уште во своето време посочил на негатив­ните елементи во паганизмот, пред сѐ укажувајќи на човечката димензија во тогашните божества, со што автоматски ја довел во прашање самата нивна „божест­веност“. Ваквото негово смело пишување подоцна гле­даме дека обилно било користено од страна на рано­христијанските писатели и филозофи.

       Иако својата книга ја напишал врз основа на обем­ното писмо од Александар Велики Македонски, јасно е дека тој не направил само обичен препис на податоците од тоа писмо, туку во книгата внел и сопствени толкувања, пред сѐ за човековата природа на тогашните божества.

       Поради тоа што бил доверлива личност на Олимпија, можеме да заклучиме дека имал благородничко потекло. Впрочем, сигурно дека не случајно таа му го доверила писмото од Александар Велики Македонски. Можеби близи­ната со Олимпија му помогнала и да не биде про­гонуван од страна на паганските свештеници, кои индиректно ги критикувал.

       Што се однесува до самото писмо од нашиот славен цар, гледаме дека негови преписи имало зачувано и во првите векови по Христа. Кога и зошто исчезнале пре­писите на ова писмо, не е познато, но од деловите што останале прераскажани, очигледно е дека во ова писмо Александар, а подоцна и Леон, правеле јасни разлики помеѓу Македонците и Грците.

       Леон од Пела е спомнат и од страна на авторот Аполониј од Родос (Apoll. Rhod. 4,257).

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top