Коментари

Трулеж на системот

Да, има потреба од ветинг, почнувајчи од судството и полицијата, во Владата и другите институции, па да видиме…

Немам намера да пишувам за скандалите на високото образование на високи функционери. За  незаконските унапредувања во наставно-научни звања или докторирања и непотизми. За тоа се знае во нашава држава, знаат  и странските институции. Со  донесениот Закон за високо образование од страна на министерката Рената Дескоска, истиот не само што не е развоен, туку е полош од претходниот, под секоја европска норматива. Без формирани нови тела, кои до ден денес не се создадени, нема студентски собранија, се одлучува без студентите, националниот совет не профункционира. Сето ова е без перспективност за младите.

Само декларативно се  зборува за тоа како да ги задржиме младите во нашава Македонија, да не одат во странство. Секојдневно го гледаме нивното заминување, за подобар и поперспективен живот и напредок.

Во високообразовните институции има 4.232 вработени наставен кадар, од кои 71,7 посто се наставници. Нема подмладок на професорскиот кадар. Издвојувањата за науката и истражувањето е на најниско ниво во Европа и во регионот. Каде ни оди образованието? Во академската 2018/2019 година се евидентирани 136 факултети, со над 2.000 студиски програми. Студиски програми (некои, а можеби и повеќето) се за формално функционирање на факултетите, без направена анализа за потребите на пазарот на трудот. Загрижувачко е што 2,8 отсто од вкупното население се студенти, а од нив најголем дел, 87 отсто студираат на државните универзитети.

Која е перспективата? Нема стратегија. И таа што се носи е формална. И затоа сме изложени на критики од странските, па и по некој домашен експерт. Што испорачуваме? Безперспективност. Нема реформи. За правна држава и не станува збор. Институциите се партизирани и нефункционални. Какво ни е правосудството.

Деновиве министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, меѓу другото истакна „Овој систем е нефункционален, можеби и корумпиран и има потреба од ветинг“. Со едноставни зборови трулеж на системот. Да, има потреба од ветинг, но г-дине Спасовски ветинг прво од кај вас и вашиот заменик министер и началниците, па во судската фела, Владата и други институции… Така да се бориме против корупцијата. А не декларативно. Тоа што сме декларативци и јаки на зборување, не поминува веќе кај странските држави.

Деновиве францускиот амбасадор во нашава држава Кристијан Тимоние меѓу другото изјави: „вие испорачајте и ние ќе ви испорачаме“.

Ајде да видиме што ќе испорача Владата и институциите.

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

https://www.mkd.mk/kolumni/trulezh-na-sistemot

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top