Коментари

Мое видување: ЗОШТО СЕ БОЈКОТИРА ДУШАТА НА МАКЕДОНИЈА

Dusan Ristevski

Dusan RistevskiДушан Ристевски-Македон

Мое видување: ЗОШТО СЕ БОЈКОТИРА ДУШАТА НА МАКЕДОНИЈА

Да бидам искрен ме запрепасти кога слушнав дека некои луѓе, а и организации од македонската заедница во Австралија го бојкотирале доаѓањето на Танец во Австралија. Човек да не знае како да реагира, што да каже или да препорача, ама вистина, не треба да се молчи на некои „нетокму“ работи. Народецот би рекол, за овие луѓе, „не можат по магарето па сега удри по самарот“.

Доколку на некој му смета доаѓањето на Танец тогаш не мора да оди на концертот да го гледа, а обидот целата турнеја да се политизира, вистина е многу невкусно, наивно и глупаво. Аргументот е во тоа што ансамблот си го промена името, како и сите други установи или институции кои се под некаква владина контрола или тортура.

Само да се потсетиме дека министерот за (не)култура, кој е од албанско потекло, се обиде да го уништи Танец со недоделување на парични средства во корист на некое селско албанско друштво, само за да се уништи нашиот Macedonian jewel кој постои 70 години. И сега некои од Дијаспората сакаат да помогнат во ова уништување!? Каква бедност.

Народот не е крив, во случајот членовите на Танец, што им се наметнува „северен сечко“ од психопатот Заев и неговите платеници. Народот на референдумот убаво си го кажа мислењето но кој го слуша народот – Европа се слуша, еврото и митото се важни, а народот се смета како некоја стока. Исто како кога Македонија беше под јаремот на турското робство, кога рајата (Македонците) беа продавани за помалку пари од говедата.

Тие што бојкотираат убаво би било да се погледнат себе си: кои се и во што веруваат? Веруваат во промовирање на македонската култура и нација или во своите мизерни размислувања!? За да се бојкотира владата на Република Македонија и на сите оние кои се дел од таа гарнитура – тоа ДА. И треба да настојуваме на секој можен демократски начин да спречуваме доаѓање на политичари од Македонија кои ќе шират раздор меѓу дијаспората. Но ова е Танец, а Танец е душата на Македонија, а Македонија не се бојкотира, таа се негува, вдахнува со љубов и промовира. Не треба да ја понижуваме Македонија (бидејќи и самите се понижуваме) и да гледаме постојано таа што ни дава (таа е нашата мајка и се знае што ни даде па не треба да прашуваме) туку треба да гледаме ние што ѝ даваме на Македонија. Во тоа е големината и свесноста наша.

Турнејата треба да се поддржи, концертите треба да се посетат и да им се покаже на нашите негатори дека Македонија е цела единствена во срцата на Македонците. Да им се покаже на предавничката влада на Република Македонија дека ние никогаш нема да бидеме нешто друго освен МАКЕДОНЦИ!.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top