Коментари

Сите соседи кои ја окупирале територијата на Македонија, вршеле асимилација на Македонците, креирајќи своја историја

1 1

1 1Свекрва

Сите соседи кои ја окупирале територијата на Македонија, вршеле асимилација на Македонците, креирајќи своја историја

Мијаците за Софија се Бугари, а за Белград Срби!

Српска радиотелевизија (РТС) емитираше епизода во емисијата „Квадратура на кругот“, во која се тврди дека „Мијаците во Македонија се старо српско племе“. Односно авторот Бранко Станковиќ тврди дека Мијаците се Срби кои денес живеат во Македонија, иако мнозинството Мијаци денес се изјаснуваат како Македонци. Ако се има во предвид тврдењето на Софија дека Мијаците се Бугари, а сега и тврдењето на Баелград дека Мијаците се Срби, тогаш очигледно е дека Заев со својата политика и договори со Грција и Бугарија за ревидирање на историјата ја отвори Пандорината кутија на Балканот.

Во оваа епизода на РТС се вели дека Мијаците како старо „српско“ племе ги задржале обичаите на Немањиќи, како и тоа дека го изградиле Хиландар. Авторот се правда дека се  држел до словото на науката, на истражувачите како Јован Цвииќ(1865 – 1927) и Томо Смиљаниќ Брадина (1888 – 1969) кои истражувале пред еден век, односно на крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога се појавува српска пропаганда, како пандан на бугарската и грчката.

Српската, грчката и бугарската пропаганда во минатиот век, како и албанската во поново време доведе до огромни страдања на македонскиот народ – Балканските војни и поделба на Македонија. Пропагандата против македонскиот народ никогаш не престанала. Сепак, сегашната реакција  која доаѓа од Белград е резултат на Договорот за пријателство со Бугарија, Преспанскиот договор со Грција и прифаќањето на Тиранската платформа, со што се смени името, идентитетот и личниот опис на државата.

Сегашната македонска власт на нелегален начин го смени името, идентитетот и  се откажа од дел од историјата на македонскиот народ. За сметка на Грците се откажа од античката историја, а за сметка на Бугарите од Самоил, од востанијата, а сега размислува и Гоце Делчев да го престави како Буагирин. Ако Македонија се откажува од својата историја се до 1944 година, потоа дека сте домицилно население, а пак за домицилно население ги сметате Албанците, тогаш нормално е денес да се појават и Србите со својата пропаганда иако нивното тврдење пропагандистичко, провокативно, националистички и историски неиздржано..

Имано, во емисијата се посочува како доказ дека некои од Мијаците го пронашле својот идентите така што пронашле крштеници на своите родители во кои презимето им било на иќ. Но тој не кажува дека една иста личност во зависност од возраста можел да има разни крштеници во кои презимето му завршувало и на иќ, ов или на ски. Во ситуација кога македонскиот народ немал своја држава, а Охридската архиепископија била укината во 1767 година, се зависело  од тоа кој во моментот бил на власт (Срби, Бугари, Грци) или во која црква народот одел (егзархиска или патријархиска).

Сите соседи кои ја окупирале територијата на Македонија, вршеле асимилација на Македонците, креирајќи своја историја.

Всушност македонската историја ја присвојувале и ја преставувале за своја. Во зависност од своите интереси во одредени чуствителни ситуации тие пласираат вакви тврдења со кои се негира македонскиот народ, за да го покажат до каде се простира нивниот интерес.

Тоа значи дека соседите никогаш не се откажале од територијалните аспирации кон Македонија, односно и кон единственто слободно парче македонска земја, чии одбранбени механзми ги урнисува оваа власт.

Инаку Мијаците се дел од македонскиот народ кој ѓивее во Мијачијата или долнореканскиот крај покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно наследство.

Самите Мијаци се сметале за потомци на најстарите жители на Балканот, односно дека се легитимни преставници на Античките Македонци. Горгија Пулевски, еден од најпознатите Мијаци, роден во Галичник, по неуспехот на Кресненското востание и заминувањето во Софија во 1879 година ја публикува првата макодонска патритско-политичка поема  „Самовила Македонска“, во која ги спомнува Филип Македонски и Александар Македонски како претци на денешните Македонци, кои 300 години пред Христа ја повладале целата планета.

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top