Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXV

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXV

1.Македонија е во вистински транс! Шест месеци пред консензуално утврдениот термин на партиите за предвремени парламентарни избори (12-ти април, 2020) и двете политички опции – и позицијата и опозицијата фуриозно настапуваат во јавноста со цел да се додворат на гласачите и да го привлечат нивното внимание и симпатии за да обезбедат глас повеќе.

Власта најави донесување на мамутски, до сега најголем буџет од осамостојувањето од над четири милијарди евра со кои пари – внимавајте: најмногу ќе се инвестирало во човечки ресурси. Со други зборови, најголем дел од парите ќе одат за купување социјален мир, но пред се за купување гласови за подршка на претстојните избори. Ветувања за зголемување на платите добија сите што побараа, од просветните работници, здравствени работници, кој се не, а потпретседателката на Владата Радмила Шекеринска побрза да обзнани дека туку што потпишала колективен договор со синдикатот на одбраната што подразбира дека и припадниците на армијата ќе се офајдат финансиски. (Тоа што Шекеринска им ускрати еден милион евра од буџетот за одбрана за финансирање на пропаднатиот референдум – никому, ништо!?).

На власта им дојде на припомош и фамозниот Сорос кој го испрати својот син Александар во тајна мисија во Македонија небаре да се запознаел со актуелните случувања во Македонија. А многу добро е познато од досегашната пракса: Џорџ Сорос е еден од главните финансиери на шарената револуција  што изврши удар и ја собори легално избраната влада на Груевски.

Сосема очигледна е подршката на значајни фактори во “меѓународната” за опстанок на власт на владата на Заев и обезбедување негов втор четиригодишен мандат бидејки таков слуга на нивните интереси, а на штета на интересите на сопствениот народ, можеа само да посакуваат! Впрочем, дотичниот треба да испорача уште нешто – со наштиманиот попис процентот на албанци во Македонија да се забетонира по секоја цена на 30% (а реално се едвај 15%).

2.Медиумите соопштија дека Александар Сорос во Охрид остварил Средба со лицето Зоран Заев, но и со Стево Пендаровски. За блискоста на Заев со Сорос има многу потврди: јануарската средба на стариот Сорос прегрнат со Заев во Давос, Швајцарија, тејните средби во Виена и сл.

Но проблематично е шурувањето на Стево Пендароски со Соросоидите бидејки ако претендира да биде претседател на сите граѓани мора да внимава со кого се среќава и со која цел го прави тоа!

Можеби е време опозицијата да размисли да го преиспита својот однос кон Стевота бидејки тој очигледно не може да се одвои од папчената врска со актуелната власт!?

3.Потпретседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев најави дека се повлекува од политиката по завршувањето на мандатот на актуелнава влада!? Според Анѓушев, тој посветено работел и го употребил сето свое знаење за интересите на земјата, но одсуството од бизнисот му наштетило со пад на приходите на фирмите што ги поседува од 50%.

А колку тендери добија неговите фирми од владата која дури менуваше закони ексклузивно за  бизнисите на Анѓушев ќе треба секако да утврди некоја комисија што неопходно ќе треба да се формира по падот на оваа власт!.

4.На шовинистичката антимакедонска пропаганда од соседите неодамна се приклучи и националната телевизија во Србија РТС која во програмата “Квадратура на кругот” искажа теза дека Мијаците биле старо српско племе кое денес живее во западна Македонија!? Ваква теза пласираше етнологот Бранко Станковиќ според кого “денешните потомци на Мијаците ги задржале обичаите на српската династија Немањиќ”!?

За познавачите на оваа проблемаатика во Македонија ваквите тврдења се обична фактографски и историски неоджлива пропаганда! Се поставува прашање која е целта на вакви подметнувања и провокации сега, на зовириенит Балкан, којшто се соочува со најавина ЕУ ззза дистанцирање од овој регион, трупање на оружје и опасните жаришта што многу лесно можат да испровоцираат нов конфликт со непредвидливи размери!?

5.По повод устоличувањено на јапонскиот престол на новиот Императорот Нарихито, членовите и основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство и соработка, поранешниот министер и амбасадор М-р Мартин Треневски и познатиот ликовен уметник Живко Поповски Цветин упатија честитка до неговото царско Височество, Императорот Нарухито со израз на најубави желби за мир и просперитет на пријателска Јапонија.

Честитката се состои од пригодно писмо и прекрасен примерок на слика од серијата “Цвеќе на мирот”, со која серија Поповски-Цветин се прослави ширум светот.

Императорот Нарухито го превзеде јапонскиот царски престол по абдикацијата на неговиот татко, императоот Акихито на 1ви мај годинава, кој беше владетел на Јанпонија од 1989. година. Императорот Нарухито е 126ти цар на Јапонија. Јапонската царска династија започна од шестиот век пред нашата ера и е најстара царска династија на планетава.

Заслужува внимание податокот што Живко Поповски Цветин досега има подарено над 50.000 слики од сериалот “Цвеќе на мирот” на стотици државници и познати уметници ширум светот. До сега имал десетина самостојни изложби на кои прикажал свои слики со темата “Цвеќе на мирот”, а добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија.

Добитник на прекрасна слика “Цвеќе на мирот” е и сега веќе бившиот Император на Јапонија, царот Акихито, кога го превзеде престолот во 1989та година, по што практично започнаа бројните активности на Македонско-Јапонското друштво на пријателство и соработка, што кулуминираа со отварање на Јапонска амбасада во нашата земја.

Јапонија е еден од најголемите донатори на Македонија. Со јапонска финансиска помош се опремени повеќе болници во нашата земја, а најголема помош е секако финансирање на системот за водоснабдување “Злетовица”.

cveke

На сликата: Сликата “Цвеќе на мирот” од Живко Поповски Цветин подарена на царот на Јапонија Нарухито

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top