Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXVI

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
1. Во Македонија веќе трета година се живее, или подобро кажано вегетира, со чуство на континуирана политичка (елементарна) непогода! Народот секојдневно е изложен на неподнослив стрес, а младите со несмалено темпо ја напуштаат родната грутка.
   Непогодата има име и се вика Влада на коалицијата СДС-ДУИ. Најнов нивен потез што предизвика бура од реакции и осуди во јавноста, е сечата на јапонските цреши во центарот на Скопје и тоа не како што тврди градоначалникот Шилегов, дека биле – наводно “болни”, туку – за инает, бидејќи беа засадени во времето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата!
   Со други зборови – трендот на вандализам и уништовање по можност на се што створи претходната власт продолжува со несмалено темпо. Дури добива на интензитеет.
   На сечата на јапонските цреши (во меѓувреме, додека го пишувам прилогов засадуваат нови) ) му претходеше раатисувањето од барокната зграда за администрацијата на градот Скопје и тоа според економска логика (!?) што е за Гинисовата книга на светски чудесии: изградбата чинеше 23,5 милиони евра, а зградата се продаде за 12,7 милиони евра, плус ослободена од плаќање комуналии, придонеси и слични бенефиции! Да не го заборавиме сечењето и отстранувањето на оградата од ковано железо околу зградата на Владата, уништувањето на споменикот на Илинденецот Ќосето…..
   На што се должи овој садистички порив на уништување на добра платени со народни пари, времето ќе покаже, но лично мислам дека е во прашање патолошка омраза кон политичкиот противник (ВМРО-ДПМНЕ) што континуирано не влече сите нас кон дното! Дали  к о н е ч н о  ќе преовлада разумот кај сегашниве властодржци – не знам, но со Зоран Заев на чело, воопшто не сум оптимист.  
2. Првиот дневен весник во земјата Нова Македонија објави деновиве многу предупредувачки напис под насловот:”Како Заеви станаа најбогати во Европа, а Македонија е најсиромашна на Балканот и најкорумпирана во Европа”. Самиот наслов е доволен човека да го заболи глава, но е и опомена за оние структури што го подржуваат – особено странците на кои им слугува, да ги преиспитаат своите ставови кого подржуваат!!!
   Весникот го цитира лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој  на настап пред граѓаните рече: “Тоа што Заев со години го правеше во Струмица сега сака да го примени во цела Македонија. Парите од тендерите во Струмица станаа пари на Заеви, а за избори се претвораа во пари за поткуп. Ако порано крчмеа буџет од 4 милиони евра годишно во Струмица, сега сакаат да си играат со буџет од близу 4 милијарди евра (станува збор за боџетот на државата проектиран за 2020. година, М.Тр)”!!! 
     Според Мицкоски, кој се обрати по повод 28-годишнината на Унијата на млади на ВМРО-ДМНЕ, Македонија има влада без визија, без концепт и програма. Кај овие луѓе нема ниту идеологија, ниту кауза. Зошто тие имаат испраксирано еден ист метод кој не е голема суштина, туку за да го применувате потребно е само да имате отсуство на морал и да немате проблем да си играте со човечки судбини!
3.   Садистичките изливи на Зоран Заев во стилот “ќе јадеме живи лугје”, кон политичките неистомисленици се потврдија и на партиска трибина во Велес каде зе завети “дека доддека бил жив ќе го гонел Груевски”. Повод за ваков излив на бес кај Заев била одлуката на Кривичниот суд којшто оценил дека судскиот процес за кинеските кредити за автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, бил застарен!? Според Заев, ќе имало целосен ветинг (проверки) за судии и обвинители за да се расчистело со корумпираните во нивните редови.
      А да го потсетиме Зоран Заев дека истите тие корумпирани (!?) судии го  о с л о б о д и ј а  од одговорност кога бараше поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен и дека во два наврати од двајца претседатели на државата е аболициран (ослободен од одговорност), за слични недела!?
4.  Електронскиот портал “Котле” на Јордан Петровски објави авторски текст со илустрација од Јадранка Костова, објавен во далечната 2007 година за кадрите што произлегоа од Правниот факултет во Скопје и за нивниот “учинок” во транзицијата. Костова во својата обемна анализа претставените ликови ги нарекува:”Правниот факултет од полициско дувло до расадник на кадри кои ја извалкаа македонската транзиција!”.
zajko 2Интегралниот текст на прилогот од Јадранка Костова е објавен во порталот Котле на 14.11.2019
5.  Конечно француската влада преку својот “non paper” /non pejp’r/ ги обзнани своите гледишта за иднината на процесот на проширување на Европската унија, а документот им го достави на увид за разгледување на сите земји членки и патем и на земјите кандидати.
     Работава на прв поглед ми личи на онаа, народната: “Се тресела гората – се родил глушец”.
     Неодминлив е впечатокот дека Франција предводена од новиот Наполеон, Емануел Макрон, соочена со невиден притисок и осуда од речиси сите замји членки на ЕУ, како и од меѓународната, но и од домашната јавност, беше приморана да понуди барем нешто на хартија иако тоа “нешто” нема некоја длабока суштина ниту смисла. Повеке се наметнува чувството дека во ситуација кога неприкосновениот авторитет на германската премиерка Ангела Меркел полека но неповратно бледнее заради нејзиното извесно заминување од европската и меѓународната политичка сцена, како и заради одреденото заладување на француско-германските односи поради несогласувањата за одредени теми, Макрон виде своја шанса за себепромоција како неприкосновен лидер на многу раштиманата Унија!?
     Заради ваквите состојби внатре во Унијата, колатерална штета се Република Македонија и Албанија на кои им беше ускратен многу гласно најавуваниот и ветуван конкретен датум за почеток на преговори за членство.
     Што содржи фамозниот нонпејпр на Франција? Пред се, во процесот на проширување на Европската Унија во прв план е владеењето на правото и темелните права! Kлучно за французите е воведувањето на реверзибилноста на преговарачкиот процес, што како став е поздравен дури и од македонската Влада, сметајки дека ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и ќе ги направи преговорите поефикасни, посуштински и покредибилни.


    Постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност се четирите услови на кои би се засновал обновениот пристап во преговарачкиот процес, според францускиот предлог. Париз бара целокупниот процес на придружување да биде „постепен и поттикнувачки“. Со други зборови, наведеното во нонпејперот содржи веќе познати работи што и до сега беа реалност во праксата, но сега со малку поинаков вординг, но да се чуе нејзиниот супериорен гласа и волјата на Емануел Макрон!?
     Франција  воедно бара Европската комисија новата методологија да ја објави до јануари 2020 година.
6.   На грчкото безобразие со провокацијата наречена бренд за производите од Беломорската Македонија Macedonia the GReat нашиот (македонскиот) образ го одбрани еден Словенец кој го понуди како одговор на грците подолу прикажаниот нацрт за бренд за наши, македонски пороизводи.
Од срце му благодариме
EJh3S4CXsAYJr7Y

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top