Коментари

Со Гоце во среда: Македонска мисла во новото време!

Се изнаплукавме доволно за три животи, го исправивме патот прав и дојдовме  до оваа раскрсница, распаќе ама повеќе личи на беспаќе. До ова ли дереџе дојдовме?

Живееме во време на крајна нужда, во време на опстојување и на повторувани и егзистенционални прашања кои се јавуваат како печурки после дожд, како  најразлични војници и на претседатели  двојници, некои се средновечни баби а секако, и крастави политички жаби. Човек-партија или полошо од тоа? Ги Оставивме како машки проститутки овие наши пријатели од запад, така, надрвени од еротска мисла и од стоење-дрвени или краставо – зелени или несварливи за нормален 84-ка желудник. Така е кога се размислува со полното меше!

Политичката заобиколница на искористени идиоти, т. н. Кондоми се јавија како идиоми заедно со првите симптоми на умор, со голем во главата хипотека од тумор, со желба да згасне  или повторно да порасне…политички ама како тесто без квасец и маја си останува верен на големината и на ветувањата кон Народот. И не би била толку реална сликата за крвната прилика ако не беше купен за некои си пари, пусти ама големи!?
Беше тоа театар и циркус од средно-селски кооперациски карактер разобличена фигура на гола жена а домаќинка, име на поет заразен од жолта жолтица за жолтици?Смешки гротески не носат кон нова среќа кон нов ден.

А таа државата, беше и остана Мајка на робови и безрбетници, на типично  слугински менталитет, харизматична девојка оценета со двојка од онаа ЕУ комисија, робовладетелката, газдарица на хирови и желби за лесен живот, придружничка на битанги хокштаплери, на мафијаши и растурикуки, на проститутки и на исповраќани илузии на современото битисување,   главна фаца на интерпланетарно ниво.

А во НЗС само мала слика  определена на  политички медиокритети, богати цивили и лажни ветувања. Варијабилна како ХААРП-от на пријателите од онаа страна на барата.
Ќорави и закоренети во цивилната урбана среднина на апатија и  меланхолија, на депресија и диазепами онака типично осмооделенски се смее на политичката алчност за азна…

Колку ли лоши луѓе треба да бевте за Три години ви беа потребни да ја продадете државата, да срушите Се?

Доста ми е веке од стари приказни за минати времиња и за нови времиња кои минуваат без да не бакнат нас верните на Бога и дворјани на Кралот свој! Возрасни и  Млади, карикатури на градско- селска средина нам ни требаат духовни адулти а не остарени перверзни пубертетлии!

А на  бесправно завземените имоти, на украдените соништа ќе има нови тендерџии на пасишта и земјишта, закупени со народни а евтини пари за големи имоти, за зделки, за дрога  која ќе шета како либерална мисла по светот како СУВ ЦВЕТ на марихуана ќе прикажува  за разделени и обесправени кои ќе продолжат да кукаат и фрчат со клетви по пакосната власт оти чунки-лоша била, ги наполнила ко бродови.

А малите луѓе на  пост-социјалистичкиот смрад ќе квичат без да ги слушнат а  тој цело време си владеел од сенка без око да му трепне! Од сите тие тешки ,,лидери,, дојдовме до дереџе на антилидерство т.е. амбиции на обичниот да стане необичен граѓанин
.

Дали ова го има негде другде?Можеби да, можеби пак слично, но различно Да.Во секторот за антилидерство најлидер е најревносниот напаѓач голгетер, додека дрскоста му оди, бизнис бонбона ке го води, а се друго ке биде ,,За идеалите , гинат будалите,,.Е па, арно и будали да сме , пред се, сме Македонци.Ама каде и кој ке пишува за македонизмот, за ,,будалите,, за крвожедните лидери, за новокомпонираните ,,будалетинки,, со право за збор а не на избор, кој ке гарантира за безбедноста на Македонија и на нејзините чеда? Нам ни е доста од овој луд товар и фрагилен транспорт на души застаклени и полови органи  железни, нагони навидум анимални а тоа предавничко политички.
До кога по грешен дискурс?

Нашите родители не научија на еснаф а Вас ве научиле на арамилук.
Разкрчмена територија оставаме во аманет и некредитоспособна економија. Оставаме оловни долгови на местото на потенцијалниот континентален мост. Добивме само лажна претстава за халуцинацијата преку плантажите на новите газди. Кога нема фабрики и економија удрете на продажба на туѓото, народно а ќе продаваме магла и илузии…

Жална е македонската просечна мисла во  ова време на дигитална  промисла!
Ви залемија нова матрица, нов чип а Вие драги мои, сте среќни поради тоа?!
Немате право на збор г-да, кога се говори на економија, историја, географија, природа, математика, финансии и. т. н, имате право само на
ОСТАВКА!

П. С. Ја уништивте сржта на македонската мисла!
Повеќе не е патриотизмот ин, туку продажбата на националните интереси.
Каде ви е културата, националната стратегија, заштитата на македонизмот, каде е МАНУ каде се модерните македонски просветители и дејци?МАНУ функционира како пашалук, има продаден трансфер на идеи, затупавена заедница од 40-тина луѓе и 5-6 човека кои останаа достојни на Името, на мирот кој мора да дојде на Голема порта.
Затоа, спијте мудро и сонувајте ја Мaкедонија!

Пишува: Гоце Марков

Колумнист, Македонец и Човек 

https://bregalnicki.mk/so-goce-vo-sreda-makedonska-misla-vo-novoto-vreme/

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top