Коментари

Проклетото Егејче

egejska-makedonija

egejska-makedonija

Проклетото Егејче

Авторот на овие редови пред потпишувањето на катастрофичниот Преспански договор се сретна со познат човек, Претседател на едно од Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Темата на разговор беше неопфаќањето во Договорот на правата на овие лица, оттука и сите неправди што и понатаму продолжуваат да се прават кон нив. Заклучок беше дека е нелогично во договор со кој треба да се регулираат сите отворени прашања помеѓу двете земји – Република Грција и Република Македонија, да не се опфатат аспектите на насилно протераните државјани на Република Грција кои сега во голем дел живеат во Република Македонија. Тие аспекти не опфаќаат само права по основ на имот на сегашните граѓани на Република Македонија во Република Грција, туку и можност за посета на своите родни места и имотите што таму ги имаат, евентуално враќање во своите родни места заради продолжување на животот таму, обезбедување на службена документација за сопственоста на имотот што го имаат во Република Грција, можност за легално тргување со таквиот имот, обезбедување на државјанство од земјата на раѓање и сите права што произлегуваат од тоа – добивање на пасош, користење на тој пасош заради патување и престој низ земјите на Европската Унија, односно Шенген зоната, користење на услуги на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Грција низ светот, право на образование во Република Грција, како и сите други права што произлегуваат од имањето на државјанство на една земја.

Во однос на располагањето и продажбата на имот таму, човекот во разговорот со видна доза на возбуденост и резигнација го спомна “Проклетото Егејче“, кое во Егејска Македонија имало доста голем имот, го продало за доста пари и – на своите роднини, кои исто така имале право над имотот што бил продаден, не им дал ништо. Тој таа постапка на “Проклетото Егејче“, кое со возбуда го спомна неколкупати во разговорот, никако не ја одобруваше и ја сметаше за акт на голем егоизам и правење неправда кон своите роднини. Замислете, испадна дека тоа “Проклето Егејче“, е сегашниот квази-Градоначалник на Скопје ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ.

На човеков со кого е воден разговорот исто така не му беше јасно како “Проклетото Егејче“, како член на тогаш највисокото раководство на тековно владејачката партија – Социјалдемокрадскиот сојуз, не се заложил за правата на неговите соземјани од Егејска Македонија во текот на преговорите за склопување на Преспанскиот договор или барем нивно спомнување во Договорт. Вака, испаѓа дека “Проклетото Егејче“, како член на неговта партија, си се грижело само за своите лични интереси, а не и за општите интереси на државата, особено за неговите соземјани.

Сега, тоа исто “Проклето Егејче“ со мирна душа, без око да му трепне, за мали пари ја продаде Градската куќа, без да води сметка за вработените кои со десетици години работат во бараки и во несоодветни услови. Тие вработени имаа и имаат право на попристојни и посоодветни работни услови, услови што нема да влијаат врз нивното здравје. На пример, многумина што подолго време работеле во бараки имаат проблеми со ноѕете, особено со колениците и делот под колениците поради тоа што бараките се поставени на бетонска плоча и преку плочата е поставена само таписон, без топлотан изолација. Тоа “влече“ одоздола и ги јаде ноѕете. Понатаму, дрвото од бараките со годините се распаѓа и се ослободуваат хемиски компоненти со кои истото е обработено. Тие компоненти ги дишат вработените, што влијае на нивното здравје. Помеѓу внатрешната и надворешната вертикална облога на бараката, кои претставуваат некаков ѕид, има простор во кој честопати се заглавуваат глувци и други животинчиња, таму пцовисуваат и со време се распаѓаат, што шири ем зараза, ем лоша миризба. Дали “Проклетото Егејче“ било свесно за овие аспекти на долгогодишно работење и живеење во бараки? Сигурно не, бидејќи да се заинтересирало, белким ќе му проработела совеста и немало да ја продаде Градската куќа.

Има уште еден, особено важен аспект на потребата од зграда со цврста градба за потребите на администрацијата. Имено, во администрацијата се создава, речиси на дневна основа, голема и важна документација, важна за сите граѓани на територијата што ја покрива оваа администрација. Важноста на таквата документација е со години, односно ваквата документација има некогаш и трајна важност и вредност. Дали во бараки воопшто можат да се обезбедат услови за безбедно чување и користење на ваквата документација, заштитена и безбедна од пожар, поплави, кражба, факсификување итн. НЕ! И за ова требало да биде и да биде свесно “Проклетото Егејче“, под услов работата за која е платен, функцијата на која е поставен, да му се важни! Дали нему нешто друго му е важно? На пример, каде во неговиот мандат како Градоначалник отидоа по 180 милиони Евра годишно, односно барем 540 милиони Евра за барем три години, кога не се гледа дека со тие пари нешто се правеше, нешто се градеше? Заради споредба, во времето на претходниот Градоначалник Коце Трајановски за соодветните три години, со слична сума од 540 милиони Евра се направија толку многу работи! Или, можеби некој му ги земаше парите и ги трансферираше некаде, па и во странство, па во Градот не останмуваа и не остануваат доволно средства – како за тековно работење на Градот и задоволување на тековните потреби на граѓаните, така и за градби, проширувања и слично. Дека ваквото прашање има основа да се постави е што последново лето нешто низ градот се направи, што значи дека Градот и сега има какви-такви пари.

Мирко Трпески

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top