Коментари

АНГЕЛОВСКИ: “Шверцерите“ – гулаби носители на пораките на ДУИ

 Страшо Ангеловски-претседател на МААК

Помина една недела од дивеењето на навивачката група “Шверцери“ во храмот на културата и уметноста, во Македонскиот народен театар, а се се сведе на смешни објаснувања кои уште како го навредуваат здравиот разум на секој кој ќе ги чуе. Директорката мислела дека мирните навивачи, кои, доколку беа членови на “Комитите“, веќе ќе беа линчувани како “хулигани“, ќе читаат стихови посветени на екипата за која навиваат, Груби-јаните од ДУИ сметаат дека е нормално навивачи да прославуваат во театар, како, на пример, навивачите на Интер во миланска Скала, на Арсенал во Ковент Гарден…

Заев не гледа ништо спорно Владата да ја финансира прославата, само што, нели, децата малку се опуштиле во “вториот дел“ откако тој си заминал, згора на се и штетата е толку мала, околу 4.000 евра, што, како едвај една третина од вредноста на бадемите и лешниците на СЈО, не вреди ни да се споменува.

Но, за жал, не е се така едноставно. Тоа што се случи во Македонскиот народен театар не беше спонтано дивеење на група навивачи, туку предупредувачка порака на луѓе соочени со политички пораз, а токму преку тие млади на кои жестоко им го качуваат “националниот“ адреналин до, за жал, ниво на омраза кон се што е неалбанско. Тоа беше воведна порака испратена од ДУИ дека се подготвени на се за да се задржат на власт и дека, ако треба, ќе произведуваат меѓуетнички нетрпеливости, па дури и судири.

Имено, луѓето во раководството на ДУИ чувствуваат дека после речиси 18-годишно опстојување на власт, од денот од како од маскирните униформи на ОВК се променија во Армани костумите,од повеќе страни се прават напори за нивен пораз, па дури и тивко згаснување на партијата.

Прво, од страна на нивните гласачи, на кои ниту за милиметар не им го поместија животот кон подобро, им наплаќаа за да ги вработат, а самите тие, луѓето од раководството, станаа богати “колку еден просечен бизнисмен“, што би рекол еден поранешен премиер, токму толку богат. Притоа, заради својата неспособност нешто да променат на подобро и својата алчност да работат само за себе, а покривајќи го тоа со повисоки “национални“ цели, граѓаните ги “прочитаа“ и сфатија дека двојазичноста, на пример, во Пехчево, не може да им ги рани децата, туку треба решенија во економијата, стопанството, земјоделието… во полза на сите.

Потоа, од страна на интелектуалците Албанци кои не можат да најдат место во партијата заради Груби-јанската струја во нејзе, па се повеќе се свртуваат кон другите политички партии на македонските Албанци, вклучително и албанското крило на СДСМ.

Па, од страна на другите политички партии на македонските Албанци, кои сфатија дека покрај картата на етничка нетрпеливост кон другиот, на обичниот граѓанин Албанец, му треба подобар живот сега и овде, а не во замислената и неостварлива голема Албанија. Нивните рејтинзи растат од ден во ден, па, со евентуален заеднички настап на изборите, кој срамежливо го најавуваат, го најавуваат и скориот пораз на ДУИ.

И конечно од страна на, онаа меѓународна заедница, која го инсталираше ДУИ во власта и која се уште ги влече конците во партијата, а која сака да се ослободи од политичари кои учествувале во воени злосторства на територијата на Балканот, а какви што се и оние во раководството на ДУИ. Со поразот на партиите на двајцата осомничени за воени злосторства на Косово, Рамуш Харадинај и Хашим Тачи, тој процес започна и нема да престане. Притоа, ако знаеме дека Харадинај беше продукт на германската, а Тачи на американската тајна служба, а ДУИ на обете заедно и, ако знаеме дека “длабоката држава“ на САД ја губи својата моќ, а Доналд Трамп го нема Балканот како врвен приоритет и дека Германија се повеќе го губи влијанието во меѓународните односи заради катастрофално лошата политика на Меркел, посебно со мигрантското прашање, ДУИ без своите “основачи“ го губи тлото под нозете.

Од друга страна, бидејќи Бугарија, како членка на ЕУ и НАТО имаше можност да биде фактор на Балканот, на што впрочем сметаше и ДУИ, заради погрешната проценка на Борисов и слепото следење само на политиките на госпожа Меркел, ја изгуби таа позиција и му овозможи на трпеливиот Вучиќ да ја издигне Србија на ниво на единствен сериозен партнер на меѓународната заедница на Балканот. Посетата на Макрон на Србија летоска, кој од “заштитно лице“ на неолибералната левица на европарламентарните избори пролетоска, гледајќи дека суверенистите од САД, Русија, Кина и постбрегзитска Велика Британија, ќе го потпишуваат договорот за поделба на светот на интересни сфери на новата “Јалта“, беше моментот на неговото политичко свртување кон признавање и прифаќање на суверенитетот на државите, и даде нов ветер во грб на српската суверенистичка, неутрална политика.

Како награда, Србија го доби “малиот Шенген“, во кој, покрај се уште слабата Албанија и малата и, благодарение на политиките на Заев, нефункционална Македонија, ја има добитната карта. “Мал Шенген“, кој, за жал, за Македонија, најблаго речено ќе значи поделба на сфери на влијание меѓу Србија и Албанија, а веќе утре или задутре, доколку ние Македонците не ги сфатиме работите сериозно, може да значи и поделба токму по тие линии на влијание.

Во сето ова, бидејќи Косово не се наоѓа во “малиот Шенген“, а ДУИ, во Косово, од чија што УЧК и потекнува, ја имаше најголемата поткрепа, е големиот политичкиот губитник како партија.

Ако на сето ова додадеме дека во моментов ДУИ е каменот околу вратот на СДСМ, кој заради коалицијата со нив, го намалува сопствениот коалициски капацитет со партиите на македонските Албанци и дека и СДСМ веќе утре би се ослободил од тој товар доколку во истиот момент не би паднала Владата, тогаш станува повеќе од јасно дека на многу влијателни и моќни фактори им пречи натамошното постоење на ДУИ и дека работат, најблаго речено, на одземањето на неговата моќ.

И, на крајот, можеби ќе помислите дека одвоив премногу внимание за една политичка партија и состојбите околу неа, но, доколку не ја сфатиме најсериозно пораката испратена преку “Шверцерите“ и нивното дивеење испратена од Груби-јанското крило, можеме многу скоро да се соочиме со длабока криза во меѓуетничките односи во државава. Зашто, мораме да знаеме дека постојат луѓе кои сметаат дека доколку еднаш со оружје дошле на власт, со оружје и може да се задржат таму. Во моменти на изгубена поддршка од сите страни и можност после поразот да се одговара за децениските криминали кои упорно се туркаат под тепих, здравиот разум се повлекува и му го отстапува местото на ирационалното.

А, ирационалното, за жал, е нов конфликт во Македонија, за кој, доколку не дај Боже се случи, вината ќе ја носат оние кои заради гола власт, под мотото “едно општество за сите“, ја поделија државава по сите можни основи. Подлабоко од кога било. Ја поделија и ја направија приватна профитабилна компанија со неограничена неодговорност.

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top