Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXIX

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XXXIX
     Меѓуетничките македонско-албански односи се чини дека се на пресвртница, на подобро се надевам!? Причина за мојот “реален оптимизам”, како што би рекло лицето Зоран Заев, е сосема сигурната блиска перспектива: Македонија за еден месец, до месец и половина (а можеби и помалку) да постане полноправна членка на најмоќната воена (но и политичка) асоцијација на планетава – Северно-атланскиот сојуз –  НАТО.
     Тоа во праксата ќе значи дека земјата нема повеќе да има статус на политичко сираче, препуштено само на себе и не ретко на атаци од екстремисти од сосеството кои како глутница диви животни напаѓаат осамена срна на ритчестиот Балкан! Имено, за разлика од грдите искуства од првиот ден на прогласувањето на нејзината независност во 1991г, особено по доживеаната воена агресија од тогај протекторатот на ООН, територијата Косово во мај 2011, или агресијата на терористите испратени од Приштина за да направат русвај во нашава земјава во содејство на СДСМ (!) во 2015та година (афера кумановско “Диво насеље”), од јануари 2020та година Македонија ќе биде во друштво на дури 29 многу политички и воено моќни земји, кои не само што со сигурност ќе застанат во одбрана на македонската целовитост, туку и се обврзани да го сторат тоа според “Уставот”, т.е. основачкиот акт на НАТО – “Вашингтонската декларација” од 1949 година.
      Македонија, со еден збор, добива ретка, ако не и до сега единствена, шанса од осамостојувањето во 1990 да профункционира како демократска држава во која партијата со мнозинство пратеници во парламентот  формира влада, а ако нема идеално (апсолутно) мнозинство во парламентот од 61 пратеник, тогај да размислува за коалицирање со некоја од малцинските партии и тоа по избор на мандатарот(!) и врз основа на политичка и програмска блискост, а не по диктат и притисок на племенски вождови, или телефонски повик на нечиј странски амбасадор, како што го стори тоа Џес Бејли.
     Како повод за овој осврт ми се препораките на Венецијанската комисија која објективно, базирано на заклучоците на врвни правници од повеќе земји, предупреди на неодржливоста на таканаречениот Закон за јазиците што на сила и без консултација на правната фела во Македонија беше наметнат од послушниците во македонското Собрание од владеачката коалиција СДСМ-ДУИ!
     Нервозата во ДУИ со новиве политички трендови на меѓународен план што се без сомнеж во прилог на интересите на земјата е повеќе од очигледна! Ја манифестираа креирајќи невиден инцидент во Македонскиот народен театар (МНТ е државна институција, а не етничка установа, но тоа некој не го сваќа, или се преправа дека не го сваќа!!!), каде се манифестираше нетрпеливост на етничка основа што се граничи дури и со расизам(!?). Паниката кај најголемата партија на Албанците е потврдена и со изјавите на потпретседателот на Владата, од ДУИ, Бујар Османи кој отворено се закани со можност да се повторат непријателствата од 2011 година кога по агресијата на терористите од Косово, во Македонија се случи шестмесечна војна со многу разурнувања и големи човечки жртви од двете страни. Сега, со членството во НАТО сличен насилен обид за наметнувања на вољата на малцинството врз мнозинството во стартот би било осудено на општа и длабока осуда бидејки насилниците не ќе можат да мавтаат со пароли дека, демек, се бореле за повеќе права и сл. Тоа повеќе не поминува, бидејки се прочитани.
     На праксата: малцинството да ја наметнува својата волја врз мнозинството (народски речено: насилието на малцинството врз мнозинството) убеден сум му се гледа крајот и истовремено дома се отвора простор за разумен и цивилизиран разговор, без уцени и наметнувања на своите и само своите ставови и барања често пати на штета на мнозинскиот народ, но и на другите малцинства!!! Впрочем, заклучокот на Венецијанската комисија дека некои одредби во Законот за јазиците далеку ги надминуваат стандардите во конвенциите за правата на малцинствата и се неприменливи, е многу јасен сигнал дека светот многу пообјективно гледа  и суди за тие прашања! 
     Сметам дека е дојдено време којзнае какви, самопрогласени “команданти”,  да отстапат место на помладите кадри од малцинствата во нашата земја од кои многумина се образувани на странски универзитети и се надоени со странски (демократски) вредности и мирогледи за толеранција и почитување на другите.
     Можеби не е лошо и да се почне да се размислува за нов закон за територијална поделба со кој Струга и Кичево повторно би си ја добиле назад локалната самоуправа, бидејки праксата (особено во Тетово) покажа грда реалност на штета на македонското население!
2. И годинава, на 9ти декември, беа врачени престижните државни награди “Св Климент Охридски” од областа на воспитуванието и образованието, за културата и уметноста, здравството, заштита на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес (арно не им текна да додадат уште некоја дејност како што почнале да редат дејности!? Дури и Нобеловата награда се доделува поединечно, за определена дејост, а не за вака широк опсег!!!).
    Честитки за добитниците, но со една задршка и сериозна забелешка! Имено, повеќе пати во изминативе години кандидат за ова престижно признание е Македонскиот просветно-школски одбор за Нов Јужен Велс со седиште во Сиднеј, Австралија и неговиот основач и цели 25 години претседател, сонародникот Тоде Кабровски! Кристално јасно ми е како се доделуваат тие фамозни награди и признанија – мисија што е невозможна без ургенции и поритисоци од страна, за жал! Но би го запрашал претседателот на комисијата за доделуванје на оваа награда, академик Влада Урошевиќ дали е свесен што Македонскиот просветно-школски одбор правеше и сеуште прави во овие речиси 30 години постоење за децата на нашите сонародници да не го заборават јазикот и писмото на своите родители и предци и да ги продолжат нивните традиции како што го прават сега членовите на писателската асоцијација “Григор Преличев” кои на 15тина илјади кимометри од родната грутка пишуваат поезија на својот мајчин македонски јазик, или Драмската асоцијација на Душан Ристевски која продуцира драми исто така на мајчин, македонски јазик, повторно во Сиднеј!?
    Можеби на академикот Влада Урошевиќ и збирштината членови во комисијата за награди тоа ништо не им значи, но од друга страна постојано се колнеме во врските со дијаспората, очекуваме инвестиции од дијаспората, дијаспората биле наши “амбасадори”, и какви се не демагошки пароли!?
    Да веруваме дека некоја друга, посериозна комисија ќе ги уважи овие факти и поодговорно ќе се однесува при одлучување кому и за што конкретно се доделува ова престижно признание???
    Зошто, на пример, годинешната награда за образование и култура не ја поделија на добитникот (Агим Паљаска, албанолог) и македонскиот Просветно-школски одбор што го основа и четврт век успешно го водеше сонародникот Тоде Кабровски??? На тој начин ем етничкиот балас ќе беше запазен, ем правдата ќе беше задоволена!? Зошто академиче Урошевиќ???


3. Претседателот на мешовитата македонско-бугарска комисија за историја и образоивание Др Драги Ѓорѓиев многу ме задоволи со неодамнешниот јавен коментар кога поентира со изјавата дека: “Само кога Македонија била под бугарска окупација – еден период во средновековието, во периодот од Првата светска војна (1915-1918) и во периодот 1941-1944)” сме имале заедничка историја, но останатото е “споделена” историја!?. Според Ѓорѓиев, Бугарија промовира политичка концепција дека до 1944 година сме имале заедничка историја, што подразбира: еден народ, еден јазик, една историја и едно минато, што е неприфатливо!
    Колку за потсетување: тезата за некаква заедничка историја со Бугарија е содржана во таканаречениот Договор за пријателство што лицето Зоран Заев го потпиша среде Скопје на 1ви август 2017та година со Бојко Борисов. Бугарската страна си го свати тоа здраво-за-готово дека конечно, од македонска страна, се прифатени нивните иредентистички апетити и ставови за тезата “еден народ – две држави”
   На бугарската страна очигледно не им се допадна категоричиот став на македонскиот дел од мешовитата комисија за образование и историја, по што следеше вистински плотун реакции од сите релевантни политички структури во земјата со закани, условувања, најава на блокади во процесот на преговарање за членство во ЕУ…  Бугарското Собрание донесе резолуција во која се искажани веке познатите посесивни ставови кон македонското минато. Премиерот Бојко Борисов дури инсистираше летово веднаш, најдоцна до октомври да се постигнело решение за историските недоразбирања!? Но, за да ги оладат главите, следната седница на заедничката комисија е одложена за мај 2020, наводно да не влијаела на изборите во Македонија!?
    Бугарскит шовинизам и алчност кон Македонија се константа во нивната надворешна политика и верувам ќе земе време додека се отрезнат и започнат да размислуваат на скандинавски начин и со толеранција и уважување да приоѓаат кон спорните теми, а не со насилие и диктат од позиција на членка на ЕУ.
    Кутрите (Бугари), барем да примеа и да научеа нешто од привилегијата што се во исто друштво со цивилизирана Европа!?
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top