Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XL

tren
 Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XL
1. Зоран Заев (ЗЗ) не престанува да изненадува!? Викендов, на партиската трибина “На прав пат”, речиси во транс, се изнавика во микрофон во полупразната сала во спортскиот центар “Борис Трајковски” повикувајќи ги УЈП, МВР  Финансиска полиција, Антикорупциската комисија и други надлежни институции да го испитале имотот на судиите и обвинителите, а Судскиот совет да  утврдел кој влијаел на судиите. При тоа, тој не пропушти да ја покани Европската комисија да почнела со мониторинг на судски поредмети од висок профил!
    Браво бре Зоране? Сега, откога судовите те ослободија од одговорност за криминалот што ти лично го стори во случајот “Глобал”, како и во аферата “Поткуп”, што имавме прилика да ја видиме сите ние на ТВ екраните, преку ноќ се преобрати во поштењачина и побара да се испита имотот на судиите и обвинителите!?
    Не дека споменатите од судско-обвинителската фела се невини срцки кои не земаат рушвет за да ослободат некого од вина, или да му ја намалат казната, но сепак во заложбата на Зоран Заев има сериозна фалинка! Имено, бидејки тој се занесува дека е голем, небаре светски, лидер (патем беше кандидиран и за Нобеловата награда, зарем не!?), ред беше нешто и да научи од вистинските светски лидери, а тоа е институцијата личен пример! Можеше, како пример, да го следи Доналд Трамп кој се откажа од платата од 400.000 долари годишно што му следи како претседател на САД и зема симболично само 1$.
     Но за да може некој да дава личен пример, треба (како што би рекол нашиот народ) да му е чист задникот! Па како може ЗЗ да зборува за проверка на имот на судии и обвинители пред да објасни  самиот: како тој и брат му Вицето од обични земјоделеци (барем така се претставуваа), да стекнат имот од над 100 (и со букви: сто) милиони евра за само три години!: А Зоране, како, како……?
     Би сакал да верувам дека токму институциите што ги повикува Заев (УЈП, МВР, Финансиската полиција, Антикорупциската комисија и други) следат и евидентираат какви се узурпации од позиција на власт се прават во оваа наша економски исцрпена Македонија и соодветно ќе реагираат за да неможат узурпаторите, по парламентарните избори на 12 април 2020, да се разбегаат со украденото, на пример дури до Аргентина, каде некои од нив веќе си обезбедиле прибежиште за спокојно да уживаат во пленот!?
2.   Во рамките на трендот на дефокусирање на јавноста од релните проблеми (криминал, корупција, сиромаштија, масовно иселување….) се промовира нов Закон за надворешни работи! Главна заложба   во тој документ е: 80% од идните амбасадори да биле “кариерни дипломати”. И се ќе беше во ред со заложбата, доколку реалноста на терен, т.е. во МНР, за жал, не толку многу грда!  Повеќе пати имам пишувано на оваа тема и ќе го повторам мојот став и во оваа прилика. Имено, хартијата трпи се па и изнесените бајки во Законот за надворешни работи, но реалноста и во Министерството и во земјата е многу “специфична”, да не речам многу грда. Живееме во етнички прилично “шаренолико” општество што неминовно изискува испраќање амбасадори и од етничките заедници; а од друга страна меѓународната позиција на земјата наметнува потреба таа да биде претставена од личности со широка култура какви што во МНР нема доволно. Па да земеме како пример последната одлука на владата која во одсуство на солидни кадри, праќа амбасадори лица кои прескокнуваат по неколку звања, некои биле инволввирани во кражби или злоупотреби додека биле во дипломатска мисија со пониски звања, или пак во несоодветни служби во самото МНР!?  Но битно е дека се на платниот список на министерството и, пате, дека се од народностите!?
      МНР и Владата во целина треба да се потрудат да обезбедат подобри услови за работа на дипломатите за што поуспешно претставување на земјата, за што е неопходно брзо и ефикасно реагирање на иницијативите на дипломатите кои се на терен, во мисија, а не тие да се препуштени сами на себе, да се снаоѓаат како што можат и умеат, што најчесто се случува.
     И уште нешто, МНР и владата мора конечно многу посериозно да ја сватат улогата на  п р о т о к о л о т, за да не се случуваат гафови со истакнување погрешни знамиња при пречек на високи гости и слични промашувања какви што се изнагледавме во годинава што изминува. Уверен сум дека секоја пријателска земја со која имаме дипломатски односи ќе прими наши дипломати на обука да научат што значи врвен протокол! Само некој (од МНР, се рабира) треба да побара таква услуга.
3.   Хистеричната антимакедонска кампања од Бугарија деновиве доби и квази “научна” подршка и тоа не од било кој, туку од нивната академија на науките, БАН!? Никакво изненадување, би рекол, бидејки од една страна таквиот негаторски однос кон нас и се што е македонско е константна политика на сите нивоа во бугарското општество, а од друга страна тешко им паѓа на источните соседи помислата дека таквата политика не поминува кај нас, во Македонија.

     Бугарска дволична и во византиски манир политика особено дојде до израз во октомври годинава кога се очекуваше конкретен датум за почеток на преговорите за членство, за што и званична Бугарија навидум даваше подршка што не ја добивме, но сега дознаваме дека истата таа Бугарија наводно силно лобирала тоа да не се случи бидејки не била задоволна од брзината на изнаоѓање решенија за спорните личности и настани од минатото!? Види Богати!? Во својот занес дека (незаслужено) постана членка на ЕУ сметаше дека веке сме на колена и ќе не побугарчуваат и ќе стават дефинитивен печат на сето македонско духовно и материјално богатство што ни го искрадоја низ вековите, наидоја на ѕид на одбивање од наша страна, што е за поздравување.
      На бугарскиот шовинизам пласиран од БАНУ, особено за прашањето за македонскиот јазик (што светски познатиот славист, академик Виктор Фридман од САД го нарекува јазичен империјализам!),  најенергично се спротивстави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој предложи донесување на резолуција во македонското Собрание за заштита на македонскиот јазик, но власта предводена од Зоран Заев упорно молчи правдајќи се дека наскоро ќе се сретнел со Бојко Борисов за да го убедува како се решаваат проблеми меѓу пријатели!(!?).
     Заев изгледа не е свесен дека тој лично е премногу одговорен за состојбите во македонско-бугарските односи бидејки потпиша некаков си Договор за пријателство со кој се зацементираат бугарските политики кон нас и на наша штета.
     Така е кога дилетанти донесени на власт од страна одлучуваат за вакви прашања од круцијална важност!
4.  Како ладен туш на власта уследи укажувањето на поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ервин Фуере дека е нереално да очекуваме датум за почеток на преговорите за членство во март годинава. Според него, такво нешто е невозможно да се случи на 26 или 27 март кога во Загреб ќе заседава Советот на ЕУ, поради вториот круг на локални избори во Франција што ќе се случат неколку дена пред тоа.
     За Фуере, веројатноста да добиеме конкретен датум може да е евентуално пореална по одржувањето на самитот Западен Балкан – ЕУ закажан за 6ти април 2020 Загреб.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top