Коментари

Еднаш засекогаш треба да се острани главата на октоподот

1 1

1 1Свекрва

Веќе три децении главата на октоподот кој има пуштено пипци насекаде во земјата ја уништува Македонија. Иако уште од времето на „ТАТ“ беше најавено нејзино  истребување, до денес беа отсечувани само поедини краци, додека останатите успешно цицаа од мајка Македонија. Најновата афера „Рекет“ која допира со своите краци до највисоките власти покажа дека октоподот е сеуште жив и дека е потребно оваа година еднаш засекогаш да му се стави крај, да се острани неговата глава ако сакаме Македонија да функционира како држава.

Во новата 2020 година Македонија ја очекуваат предвремени парламентарни избори, спроведувањето на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, потоа спроведувањето на Законот за јазиците и препораките на Венецијанската комисија, како и членството во НАТО и чекањето на датум за почетокот на преговорите со ЕУ. Тоа се само дел од предизвиците кои ја очекуваат земјата.

За да може успешно да се справи со сите предизвици кои ги носи новата година Македонија мора да се обедини и под итно да се ослободи од Заевизмот кој и нанесе толку многу штета не само на македонскиот народ, туку и на останатите заедници кои живеат во земјата.

По промената на името на државата, со што е доведен во прашање и идентитетот на македонскиот народ, Заевистите го доведоа во прашање опстанокот на државата. По редефинирање на политичката моќ на светските сили, Македонија која се наоѓа на „линија на огнот“, повторно е изложена  на никогаш не заборавените аспирации на соседите.

Од соседна Бугарија отворено ни порачуваат дека не постои македонски народ и македонски јазик. Тие постојано говорат за еден народ во две држави. Затоа нема да не изненади ако еден ден од нивна страна дојде до барање за бришење на границата меѓу двете земји, како што тоа го бара претседателот на Косово, Хашим Тачи. Имено, тој неодамна го повика албанскиот премиер Еди Рама да потпише „меѓудржавен“ договор за отстранување на границата и царината меѓу двете земји. Тачи кажа дека Косово е подготвено да го стори тоа, наведувајќи дека Албанците од двете страни на границата се „браќа и иста нација“.

Колку и да има политички маркетинг во повикот на косовскиот претседател, воопшто не треба да се заборави на континуираната албанска политика за реализирање на големоалбанската идеја, како што не треба да се занемари ни однесувањето на источниот сосед.

Инаку, турболенциите во регионот кој ги најави уште во февруари 2015 година поранешниот државен секретар Џон Кери сеуште не се завршени. Поради растечката моќ и влијание на Москва на Балканот, тогаш тој изјави дека „кога станува збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други… тие се на линијата на огнот“.

Како потврда на тоа беа и акциите на самонаречениот  „бомбаш“ Зоран Заев. Имено на почеток на истата година Зоран Заев кој денес се поистоветува со „Бошко Буха“, наместо да ги предаде монтираните илегално прислушувани разговори до јавното обвинителство, започна со објавување на „бомби“ по кој дојде до дестабилизација на земјата и со сила до промена на власта.

По доаѓањето со сила и поддршка од некои западни дрѓави на власт Заевистите наводно го сменија името на државата за да таа влезе во НАТО и за да го избегне распадот на земјата. Но, Шпанија сеуште го нема ратификувано протоколот и прашање е кога ќе го направи тоа, откако привремениот шпански премиер Педро Санчез ја пропушти првата шанса да добие согласност од шпанскиот Парламент за формирање левичарска коалициска влада. Сепак, дури и да сме членка на НАТО, организацијата нема сила и не може да се меша во односите меѓу две нејзини членки.

Така на пример, Турција која е членка на НАТО, не беше спречена да интервенира на Кипар во јули 1974 година. Исто така, во поново време таа не е спречена да интервенира во Сирија, како и да донесе одлука да испрати своја војска во Либија, со што дополнително ќе ги заостри односите со Грција.

Светот во 2020 година нема да биде ист, особено по последните случувања меѓу САД и Иран. Затоа Македонија треба да биде внимателна и обединета. Мора да се врати кон корените и истовремено мора да ги  ресетира сите институции започнувајќи со отстранување на сите неспособни кадри поставени на раководни места, кои Заевистите ги подметнаа за да се направи нефункционална држава.

И она што е најважно еднаш засекогаш треба да се острани главата на октоподот чии пипци веќе три децении го цицаат народот и ја уништува земјата.

Расчистувањето со аферата „Рекет“  во оваа нова 2020 година треба да биде почеток со справување со сите негативни појави во земјата и почеток на опоравување на Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top