Коментари

Воистину се роди!

Goce Markov

Goce MarkovГоце Марков

Воистину се роди!

Во екот на најголемите радости на човештвото, Раѓањето Исусово, паралелно во денешницава, во овие временски околности и параметри имаме Техничка влада. Да, да, Влада која би подготвила терен за едни нормални човечки Избори, чунки ни е многу потребна.

Му текнало на Некој таму Горе, како што велеше овој претходниов властодржец, Од горе ме спремаат!

Никој не е имун на индолентноста и пасивноста која го фрла Народот наместо во Божиќна еуфорија, во депресија…

Илјадници пораки, илјадници желби, честитања и излижани тач тастатури, само Шпанија  може-неможе, и формира влада и Македонија не може да ужива во толкуочекуваниот Датум.

Се лажете!

Која бледа фајда од таков си Датум ако економијата остане ваква, образованието во паника, а здравството на апарати?!

Што му значи тој Датум на обичниот граѓанин, на работникот, на докторот, на правникот, на ѕидарот…

Дали од наредниот ден значајно ќе им се смени животот на овие луѓе?

Па, ако Не, зошто мавате пумпи и балони?

Остајте го Народот да дише, да работи, да создаде најпрвин држава која ќе ја бараат во ЕУ и НАТО, а не да силувате и ситуации а и држава?! Остајте ја државата да се регенерира и обнови.

Само со Ново ткиво, како политичко така и општествено налик на Нов систем, нова Матрица само така можеме колку толку да извајаме една нова фигура, нов прототип на политичар, лидер, создавач, мерило и чинител во процесите а не само пасивен набљудувач и рушител на основните општествено-политички норми. Колку и да звучи  контрадикторно за вас почитувани, а денес и за мене гледајќи ги новите ставови на овие Горе, најгоре де, чувствувам немир во ветрот и нови насоки на линијата Исток-Запад. Иако потсвесно знам дека новиот ветер е стар и дека само бојата на ветрометината е заруменета моите ставови, во однос на антиглобализмот секогаш биле непроменети, а јас сум  контрапункт на нус политиките кои ги носи…

Мудроста на празниците е во смирението на духот а не во товот на телото. Така од стоење во место, почнуваат да го бараат заедничкиот именител и да пуштаат корења во дворот на Комшиите чекајќи признавање на нешто за Нив свето за другиве навреда.

Тоа се случува кога  размислувате со полното меше!

Од Шарената останаа  само спомени за настанокот на профитерите и ништо повеќе…. Се друго е гола вода и интрументалка. Кондомите се јавија како резултат на избрзана преткампања, фатени во расчекор од Началството, овојпат итро. А на првата кривина , желните за големи места а со слаб  багаж и дела позади изгледа ќе голтаат прашина по калдрмите?!

Се друго е слаба контрола и Победена победа. Инструменталка бре, само обратна!

За паразитиве кои живеат 29 годени во кохаботација и во симбиоза со насилникот имаме само слаби по конституција билдери и ретки по козистенција академици, група осудена на мала медиумска покриеност. Како тесто без квасец останаа верни на старата Матрица на арамилук и кодошлук. Оваа сорта на абортирани единки се новиот фетус кој ако се роди ќе биде новото ГМО на старото изгрејсонце. Па ти после барај ја Зората на радио. Не се останува верен на  Народот со снимање спотови и голи клипови, треба тука еснаф, срце, почит, подршка на сите свои браќа и сестри.И да, не се стигнува до врвот со психопатски маневри и тапкања по рамо, лигавење и силување роднини и кинење шии на блиски….

Ќе да поминаа тие денови!

Старата гарда ти се смее на будалштините оти си пуштено,, Топовско ѓуле” во слободен пад!Ама ти си упорен како Смрт.

Купени за пари пусти, препелкаат во плати-купи и во чувај-јави  шемите. А толку ми е смешно на душава со ликот на улична креатура и  маленкост и одвратност на утрински пролив.

Беше тоа театар на лудост и циркус од кооперациски карактер. Таа беше заразена од жолта жолтица за жолтици?

Како и сите нејзини врски таа беше и си остана со   слугински менталитет, нехаризматична девојка, оценета со двојче.

Потпрчете ракавите за да  слугувате и понатаму!

Не сте кадарни за промени па ај ќе Слугувате малце, момоци на Кметот или Жандармеријата по мерси чоколатце!

До кога  тој правец?

Каде е идејата, креативата?

Армија од арамолебци се приклучи кон Белото, стадо на нови идеи и контрареплики. Разкрчмена територија оставаме во Завет на нашите поколенија.

Оставаме оловни облаци од чад и густеж во детските грла и гради?! Оставаме само долгови на местото на потенцијалниот континентален мост кој треба да ја поврзува нашата економија со остатокот од светот.

Вашта слика за светот е  психопатска а од друга страна шверцерска и полумафојашка… имате искривена претстава за се она што се нарекува демократија и култура.

Во главата на една средовечна жена Вие ќе останете само алка и нишан како до нова

калкулација. Не бидете личности без идеи и кураж но скриен лик од маало, налик на воин хакер пред монитор, не брзоплет ловец од петти ред!

Ве гледам, ве знам и се чудам:

До толку ли ви е инфицирана душата?

И утре ќе свети сонце и ќе има ден, само вие ќе плачете по дебелата жена   која можеше се да ви даде а вие избегавте како  кукавици!

 Христос се роди!

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top