Коментари

Јазикот наш насушен

Александар Ристевски
Веќе подолго време добар дел од политичарите системски си ја разнебитуваат државата, и се она што е македонско. Македонскиот јазик е еден од основните столбови и на македонскиот народ, но и државата Македонија како таква.

Не ми е јасно како тоа одредени ликови сметаат дека било кој ќе не цени, ако не се цениме самите. Очигледно инаетот е основата на оваа самоуништувачка тенденција.

Секоја пат кога се зборува за етнички права, права на користење на албанскиот јазик, или некој друг јазик од заедниците, се реагира жолчно, емотивно, и се крева севкупна тензија и нарушуваат односите на меѓуетнички, политички, меѓучовечки и секој друг план.

Според мене, сето она што го направи актуелната власт докажува дека немаат никаков „сенс“, родољубие, чувство за државност, национално чувство, туку само гола борба за власт. Дека сево ова се прави поради некакви европски аспирации, и НАТО, е повеќе од смешно, и не проаѓа. Македонија треба и мора да се стреми кон подобрување на квалитетот на живот, правната држава и нејзиното унитарно уредување. Законот над се, права за сите.

Нема да дискутирам и дебатирам за она што се изгласа, наметна и сега се спроведува во врска Законот со употребата на јазиците. Еве зошто! Затоа што доколку има целосна, правилна и конкретна примена на македонскиот јазик, секогаш, секаде и во секоја форма за комуникација ЗАДОЛЖИТЕЛНО, тогаш употребата на останатите јазици во дополнителната комуникација, ќе станеше небитно, немаше да се креира незадоволство и се ќе пројдеше по глатко.

Проблемот настанува со злоупотребата на она што претставува користење на албанскиот и некој од другите јазици, па доаѓаме до ситуација каде одредени функционери од позиција на власт или мајоризирање во некоја општина, се обраќаат монојазично, свесно и тенденциозно, а со самото тоа кршејќи ги и тие лошо закони кои се донесени.

На дневна основа и со луѓе од власта и опозицијата, и етнички македонци, и албанци, и турци и срби, и роми, и што да е се објаснувам, дека државен и службен јазик, во целост, на цела, територија, и секогаш и во секаква употреба е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а таму каде законот дозволува може да се користат и другите јазици, а со одредена поголема мерка на употреба албанскиот.

Проблем очигледно веќе постои на терен. Гледам одредени табли и патокази напишани само на албански, во општини како Чаир гледам натписи напишани прво на албански, па дури потоа на македонски, натписи на фирми, превод на имиња и топоними кои никаде не се стандардизирани, превод на имиња на институции ( пример: Браќа Миладиновци се преведува Vlazerimit Miladinovci, но на пример школото Kongresi i Manastirit на македонски е Конгреси и Манастирит, а не Битолски конгрес).

Од друга страна, не ми е јасно, како тоа сите институциите треба да се двојазични, но одредени општини и национални установи, универзитети воопшто не го користат македонскиот јазик. Чекајте, така нема да може. Закон пред се, нели?! Готово е со времето на двојните аршини.

Двојните стандарди ќе мора да се решат и надминат, а македонскиот јазик треба и мора да си го добие своето општествено значење, сепак тој е симболот на оваа држава, без оглед што некои соседи сакаат да го сведат на ниво на дијалект, а структури од внатре сакаат да го релативизираат.

Предлагам да се формира институција за примена и користење на македонскиот јазик, прво телевизиите, радијата и весниците, а во следна фаза и сајтовите задолжително да вработат лектор, а македонскиот јазик да задолжително се користи уште во градинките и секако од прво одделение на целата територија на Македонија. Не можете да ме убедите дека за некое мало албанче, турче, ромче, србинче, дека е побитно прво да учат англиски, па дури после државниот јазик?! Фарса невидена.

За топонимите, таблите и сличните натписи, прво и секаде мора да се користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, па латинична верзија на истото (Скопје Skopje, Охрид Ohrid, Битола Bitola) па дури потоа албански, англиски или било кој друг јазик, според позитивните законски одредби кои постојат.

Следен чекор се лекторатите и катедрите по македонски јазик во странство. И тука не смее да се импровизира повеќе. Промовирање и животот на македонскиот јазик е од пресудно значење за зачувување и заштита на идентитетот на Македонецот. Се друго се празни приказни.

Да престанеме со конфронтации, да се занимаваме со другите или да оспоруваме некого друг за се што ни се случува. Само ред и почитување на законот, без отстапки. Друго чаре немаме.

https://kurir.mk/kolumni/jazikot-nash-nasushen/

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top