Коментари

Да се бега некаде или остане во Македонија

Dzeposki
DzeposkiАлександар Џеповски
Да се бега некаде или остане во Македонија е големо прашање. Размислите внимателно и трезвено. Јас сум побегнат од Македонија званично од 1986 и можам да дадам одговор и совет на оваа тема. Одлуката е ваша и нема да навлегувам во приватните одлуки, секому со среќа. 
Дали јас видов некаков аир ? Покрај толку убавини и тотална финансиска независност која не би ги имал во Македонија затоа што нејќам нечесно да заработувам, Македонија ми недостига премногу и би јадел леб и сол неколку месеци само да бидам таму ете и гладен во замена за воздухот Македонски макар и загаден и отровен. 
Секој еден што бега од Македонија, нема да стане богат со работа, пак ќе треба мучки и некои криминали за да се купи она најосновното што луѓето имаат во Македонија – стан, можеби куќа, кола, намештај … збогум засекогаш на другари, пријатели, роднини и најблиски. После тоа ќе се замерите со сите нив, ќе ви љубоморат дека сте се ” спасиле ” а нив како даночни обврзници кои плаќаат во својата напатена земја сте ги заборавиле или потцениле и оп – ќе се поделите партиски затоа што секој еден во странство ја сака повеќе и секојдневно повеќе Македонија, па така ќе ве прават глуп ” патриот ” што не знае ништо. 
Има ли чаре  за ова ? Се разбира дека има. Мора одбрана на Македонија и да ја креирате како сакате – силна, моќна, богата дури и славата на Александар да ја стигнете, но бара жртви. Треба да гледате минимално да се пролее крв доколку сте сложни и паметни, во спротивно немој да кажете дека не ви беше кажано. САМО ТАКА, СЕ РАЗБИРА И СО ПОМОШ ОД ГОРЕ, МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА СВОИ НОЗЕ И ДА ИМАТЕ ПОУБАВ ЖИВОТ ТОКМУ ТАМУ. ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА НАЈУБАВОТО ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА И ДА ПРИСТИГНЕ НАЈСКОРО ОДГОВОРОТ. 
АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top