Коментари

Невенка да расчисти со медиумските бандити во администрацијата, а Геро со лустрацијата

Автор: Виктор Грозданов

Прв дел 

Каква прекрасна недела ни приреди медиумската групација создадена од терестријалните телевизии на национално ниво по бројка вкупно 5 (пет), наречена ММА. Донеле одлука дека нема да информираат за активностите на Владата на Македонија, најверојатно поради тоа што треба да плаќаат за фонограмски продуценти и класифицираа Министер кој нема никаква формално правна можност да им помогне, во редот на почитувачите на Јозеф Гебелс.

Да имаа малку доблест ќе се консултираа со почитуваниот Тодор Пендаров како се протестира во Република Словенија како членка на ЕУ кога се загрозени правата на медиумите:

  1. Радио Телевизија Словенија на ден на избори ја има прекинато целата програма и ги информира граѓаните дека истиот ден има избори во нивната држава.
  2. Кога Јанез Јанша на почетокот на деведесетите ги има наречено новинарите „Лебедова Песна“, задоволството му го оставам на Тодор Пендаров да објасни како се извинува политичар.

И сега да им објасниме на телевизиите во неколку точки што направија:

  • Прво за која Влада на Македонија нема да информираат? За активностите на министрите и допонителните заменици од опозицијата? Истите тие кои треба да спречат корупција на следните парламентарни избори на 12 Април оваа година?
  • Ги суспендираа главните и одговорни уредници, всушност сите новинари ги направија Лебедова Песна и влегоа во селективно информирање што значи следново:
  • Заборавиле дека кога добиваат лиценца имаат обврска да исполнат три функции од кои едната е Информативна, а со тоа да го зачуваат Јавниот Интерес бидејќи се Јавни Сервиси со приватни пари. Со ова им одат во прегратките на оние кои велат дека Лиценцата за овие телевизии не се продолжува по автоматизам и дека е време за лиценцирање. Се надевам дека добро им објасниле нашите директори на Газдите кои се консеквенците. Пред законот одговараат исклучиво Директорите
  • При преговорите со ЕУ праќаме порака дека не сакаме да плаќаме за интелектуална сопственост и дека нивото на слободата на говор ни е некаде под 0 (нула).

А, само требаше да ја исклучат целата програма и да објават телоп со кој на јавноста и го објаснуваат својот револт.

Ама тоа е тоа. Всушност овој чекор ни покажа дека АВМУ е неспособно тело да ги заштити граѓаните, но и медиумите. А, дека СДСМ кога станува збор за медиумска политика на оваа држава се ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПИСМЕНИ, да да, да повторам уште еднаш ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПИСМЕНИ.

А, само требаше да донесат закон со Бадентер, да склопат тело со 7 (седум) членови, од тие 2 (два) опозицијата да ги каже, ако се инаети опозицијата, со 5 (члена) се функционира. Во исто време во рамките правиш Комисија за загарантирана слобода на говор и правилно информирање од 5 (члена) кои ги предлагаат ЗНМ, МАН, МИМ, Факултет за Новинарство и СЕЕММ, а како надзор над нив Центар за развој на медиуми да дава мислење за регулативата. Тоа се вика институционализирање на НВО секторот.

Но, се извинувам морам нешто да им предочам на Невенка и Геро.

Втор Дел

Што ми се допага кај Невенка? Има желба да заврши работа. Тоа е многу битен факт. Без тој неможеме да функционираме. Всушност најверојатно е кога го имаше првиот прес како дополнителен заменик министер овие другариве од СДСМ донеле заклучок како од Алан Форд стрипови: Невенка е една, а ние сите заедно сме сами. Да бегаме другари. Тоа е СДСМ.

Но, што е дефиниција за медиумски бандит во администрација? Еве го одговорот во три примери (засега толку, иако имаа многу):

  1. Во 2003 година и покрај директна наредба на ресорниот министер да биде испратен предлог закон за кој имаш 3 дена да се произнесеш, Ти добиваш празно препорачано плико со архивски број и печат од Министерство за транспорт и врски. Кога ќе му предочиш на бандитот дека знаеш како прима плико со честитки за роденден, сите државни и верски празници од фиљан фирми, наеднаш другар си му. На почитуваните читатели, немојте ни да помислите дека станува збор за пари. Па Ви се молам
  2. Следниот бандит во 2005 година си напишал дека согласно европските политики и агенди, дека сигналот на МРТВ треба да го реализира фирма на конкурс. Е ова е нарачка. Тоа значеше дека Македонска Радиодифузија треба да пропадне и некој за џабе да си ја земе. До ден денес не сум видел повознемирен човек од Љупчо Манчевски кој се бореше за МРД како директор со сериозно чувство за држава, иако мандатот му беше при крај. Ние само му помогнавме да оваа стратешка државна фирма остане во законот со јасно дефинирани средства. Бандитот денес го лаже Дамјан со истите флоскули. На Невенка ќе и кажеме кој е, зошто го местеше и Миле Јанакиевски со сателитскиот пренос на МРТВ.
  3. Сегашно време. Додека Невенка од срце се бори за зачувување на македонскиот јазик сега имаме здружени бандити од повеќе инстититуции, а користат приватни фирми. Да не ја лаже никој: Сите спортски канали мора да се прилагодат на уставот на Македонија. Мора да се коментира македонски и со техничките напредоци и на албански јазик. Тоа значи 30 вработувања. Многу е едноставно. Само треба да го ископира законот и за 20 минути ќе и’ објасниме каде бандитиве пробале да испорачаат нарачка. Се’ ќе и стане јасно.

На почитуваната Невенка мора да и објаснам на крај дека медиумските бандити во администрацијата се на ниво кога се добиваше диплома за завршено средно образование во вечерни училишта со прашањата: Кој е претседател на Македонија? – Киро! А, Гане Тодоровски кој е? – Академик! Се гледа дека си учел.

Трет Дел

После аферата „Рекет“, која ја објави Бранко, можеш да донесеш заклучок дека да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Сигурно не мислам на Црвенковски, туку на Геровски – Геро. Колку храброст треба да имаш да и’ кажеш на власт која има целосна поддршка што домашна и меѓународна, но и новинарска и да се спротиставиш самоиницијативно и да ги разобличиш. Моето поклонение за храброста.

Но, со Геро во еден друг правец сме на различни агенди. Јас лично сакам сите кодоши да бидат објавени и да им се суди врз нивната чест и морал и за сите пари што ги украле и им ги пренеле на своите деца. Затоа го цитирам професорот Звонимир Јанкуловски:

Само во Македонија џелатот може да биде и жртва, и спасител и просветител. И да биде амнестиран за злото што го креирал. Само Македонија е на пат да ги обештети „архитектите на злото“ кои се хранеа на несреќите на неистомислениците, стигматизирајќи ги и понижувајќи ги жртвите на една идеологија која беше основата на теророт, масовните кршења на човековите права и смртта на милиони луѓе во минатиот век. Дефинитивно низ постапките на оваа власт продолжуваме да го живееме нашиот историски егзодус.

Геро вели поинаку. Он, мисли дека е злоупотребена и дека  комисијата за лустрација работела под политичка команда.

Јас ќе го разубедам.

Објавувам писание кое немам идеја како да го направам, а не да го направам. Станува збор за како бил кодошен Драган Богдановски основач на ВМРО-ДПМНЕ во 1969 година, од татко на пратеник во нашето собрание кое е во прегратките на Зоран Заев. Томе Аџиев не лажеше кога вика дека кодошењето се движело по линија, дедо, татко, дете.

Ова досие го објавувам во чест на Зоран Краљевски претседател на ГРОМ-Карпош кој му е внук на Драган Богдановски, а во исто време како што ветив на една личност во присуство на Мане Јаковлевски и неговиот зет Христијан, нема да објавам за кого станува збор. Ама ЈАВНО. Од уста на уста не важи зборот.

Сакам Геро да ја прочита гнасотијата. Оваа личност се претставуваше како голем патриот.

Автор: Виктор Грозданов

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top