Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 44

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
Почитувани, по подолга пауза заради здравствени проблеми, еве ме повторно со вас, со мојата вообичаена неделна колумна “ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ”. Молам за ваше разбирање! Борбата продолжува!!!
1. На 23ти јануари во Ерусалим се одржа Глобалниот форум посветен на антисемитизмот на којшто присуствуваа врвни претставници на педесетина земји, меѓу кои претседателот на Руската федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателот на Франција Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Чарлс и ред други високодостојници. Арно ама, немаше никој да ја претстави Македонија!? Штета и жално за пропуштената прилика, бидејки ние имаме навистина што да кажеме на оваа тема.
Ликвидацијата на 7.180 македонски Евреи во Втората светска е злостор – дело на бугарскиот фашистички окупатор, за којшто мораме постојано да ја потсетувама меѓународната јавност! Тоа е наша обврска бидејки станува збор за ликидација на наши пријатели, соседи, сограѓани!!!
Денес официјална Софија негира дека била окупатор на две третини македонска територија, па тој став дури го наметнува и на државно ниво, но фактите, т.е. оригиналните документи што на среќа ние ги поседуваме, го говорат токму спротивното. Но за чудо, бугарската министерка Захариева за прв пат призна дека Бугарија сепак дирекно учествувала во холокаустот со изјавата:”Бугарија управуваше со регионот од кој 11.000 Евреи од Тракија и Македонија беа испратени во логорите на смртта”. (Забелешка: Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред неколку години сред Скопје, ова што го изјави Захариева го нарече “пропаганда”!?
Во оваа прилика едно дирекно прашање уатено до Неговата Екселенција Стево Пендаровски, по некоја случајност претседател на Република Македонија: Па добро бе Стево, не почуствува ли потреба да се појавиш на настанот во Ерусалим? Ќе беше добро и за тебе да се смешаш меѓу светската политичка елита, но пред се ќе беше корисно да ја афирмираш сопствената земја. Ефектите од твоето присуство, па и од твојот евентуален настап ќе беа многу големи.
Освен за холокаустот на македонските Евреи што го приредија бугарските фашисти, ќе беше добро на настанот во Ерусалим да се чуе дека Македонија е земја на верска и етничка толеранција. Впрочем, ние сме една од ретките земји која во актуелната влада има министерка – Еврејка.
Но за овие аспекти извонредно важни за афирмација на земјата треба да се има сенс, што нашиот претседател очигледно го нема!
                              —————————————————————–
Додека го пишувам овој текст во  Полска, во конц-логорот Аушвиц-Биркенау се одбележа 75 годишнината од неговото ослободување од Црвената армија на 27 јануари 1945 година. Не знам дали воопшто бевме претставени и на тој настан (можеби евентуално на амбасадорско ниво). Памтам кога се одбележуваше 50 години од ослободувањето на Аушвиц, покојниот Киро Глигоров како кутре трчкаше позади Клинтон за да му се претстави дека тој е претседател на Република Макледонија.
Жално е што во нашава земја се нема чувство за значењето на вакви настани и за важноста за наше присуство на нив.
2. Многу фалениот Денко Малески, кој според проф. Ванковска нема напишано ниту една скрипта, а камо ли учебник, во еден свој коментар ги нарече членовите на ВМРО-ДПМНЕ националисти!!! И самиот сум член на таа партија и морам да признам дека бев песосан, демек бесен, од ваквите шарлатански квалификации што самобендисаниот Денко Малески ги тресе онака ноншалантно, како од ракав.
Забелешка: На некои поединци во ВМРО-ДПМНЕ им предложив да поднесат тружба за навреда против лицето Денко Малески заради изнесените квалификации, но, за жал мојата идеја не помина. Навредата се одднесува и на сите оние со патриотски чувства кои и немора да се членови на најголемата опозициона партија.

Не сум сигурен дека професорот (!?) Малески воопшто порави разлика меѓу поимите “патриот”  и    “националист”, но редно е да сврти некоја енциклопедија па можеби ќе му стане појасно!
Впрочем, зошто некој што си ја сака својата земја и народ би се третирал како “националист”. Дали, сппоред Денкота, националист е и татко му Владо Малески што ја напиша македонската државна химна со толку многу инспиративен текст и тоа во жарот на Народноослободителната војна!?
Денко, човече, застани пред огледало и чукни се со прст во чело за глупостите што јавно ги тресиш! Ред е да прикочиш и да престанеш да се резилиш. 
3.   Многу влијателниот германски дневен весник Франкфуртер алгемајне цајтунг објави недамна критички осврт на контроверзниот Закон за јазици што владеачката клика на лицето Зоран Заев насилнички го донесе во македонското Собрание. Спорниот закон го отфрли и Венецијанската комисија оценувајки го како нефункционален, особено во сверата на судството, кој став го споделува и германскиот весник.
Работата постанува уште посериозна ако се знае дека Франкфуртер алгемајне цајтунг најчесто ги одразува ставовите на германската влада. Со други зборови, ако и званичен Берлин укажува на неодржливост на соменатиот закон, што уште треба да му се случи на Зоран Заев и неговите СДСМ-овци, но и на уценувачите од албанските партии во Македонија, дека треба да се откажат од силеџиски наметнатиот закон бидејки не ќе може да просперираат во евроинтеграциите со таков манир на однесување.
4. Влијателниот лондонски ЕКОНОМИСТ го прогласи лицето Зоран Заев за – диктатор, а Македонија за “хибридeн режим”, рангирајки не 77-мо место според индексот на демократија во 2019та година и тоа во друштво со Буркина Фасо, Боцвана, Мозамбик, Мали, Сиера Леоне….
Наместо мој коментар ќе упатам една порака до “меѓународната”: Господо, ВИЕ го донесовте истиот тој Заев на власт со “шарената револуција”, со илегално сниманите тел. разговори – телефонските “бомби”, со телефонскиот повик на Џес Бејли пет до 12.оо до ДУИ да не формира коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, туку со губитничката СДСМ… Сега, кога веќе и официјално го прогласивте Заев за диктатор(!), ред е да постапите како во случајот со вашите долгогодишни соработници Чаушеску, Мубарак, Садам Хусеин…., да се отарасите од него и да не се мешате во изборите што ни претстојат на 12ти април. Македонскиот народ е мудар и сам ќе си одлучи како и со кого понатаму.
5. Последното рочиште за случајот “рекет” исфрли на површина колку приземно е интелектуалното и /не/професионално ниво на поранешната шефица на укинатото СЈО, сега затвореничка во КПД Шутка Катица Јанева., која со уличарски речник реагираше на сведочењето на нејзината поранешна заменичка Лиле Стефанова.
И Катица Јанева ни ја наметна фамозната “меѓународна”! Зошто толку не понижија и омаловажија и со што заслуживме ваква казна – не знам, но можам да претпоставам! Но ред е, сега, од кога очигледно си ја постигнаа целта, кога сме веќе пред вратите на НАТО и пред евентуален датум за преговори за чланство во ЕУ да не остават на мира да си го средуваме хаосот што ни го направија нивните избраници Заев, Катица јанева и компанија!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top