Коментари

Каракачанов не знае што е тој а камоли кој е Гоце Делчев

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Каракачанов не знае што е тој а камоли кој е Гоце Делчев. Многу Власи како и Красимир Каракачанов мислат дека се остатоци од Римската Империја па дури и Романци со дракулско потекло. 

Македонија после поразот на Персеј од страна на Римјаните беше поделена на пет дела. Првите четири дела мораа да бидат изолирани односно никој не смееше да работи, да склучува брак или остане во тој дел каде што се родиле или живеат, така да Македонија Прима или прва не смееше да има ништо заедничко со Македонија Секонда или втора и се така до четвртата Македонија. 

Македонија петта, 5 или ЦИНЦИ … значи Македонија Цинци (цинци е 5 на влашки ) имаше привилегија нејзините жители да одат слободно, да работат, да се венчаат и да живеат во било која од четирите Македонии затоа што беа службени лица во Римската Империја односно војници, полицајци и административци со намера или со сила лојални кон Рим и мораа да го користат Римскиот јазик за сите потреби. Значи имаме Македонци наречени ЦИНЦАРИ поради Македонија Цинци или Македонија број 5, сега веќе со службен римски јазик. 

Значи, Каракачанов, сам себе не се знаеш ни како Влав, уште помалку како Македонец и тоа одроден. Бугарија како Грција и Албанија е измислена од масоните и Хазарите со за почеток со германски принц Фердинанд како и Грците со германски принц Ото како и Албанскиот Лека … се нешто Германци принцови и поради нив имате истории од кои ” боли глава “. 

За крај Красимире, имаш треснато најголема глупост. Гоце наводно имал бугарски пасош. Па и да имал, да речеме, затоа што нејќел да има турски поради тоа што Македонија беше под турско ропство и хазаро – масоните не даваа името Македонија да се спомнува поради нивни желби и планови …

ДАЛИ ХАРТИЈАТА Е ПОСИЛНА ОД ЧУСТВОТО И СВЕСТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И СЕКОЈ ЕДЕН НА ПЛАНЕТАВА?

Гоце секогаш и секаде со гордост кажувал дека е Македонец а Бугарија никогаш не ја чуствувал како своја па да се треснете сите од земја и да пукнете од мака.

Ви преставуваме дел од изреките на Гоце Делчев.

 1.“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

2.”Ќе удри утринската зора и за нас…”

3.“Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива”.

4. “Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!”

5.”Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух”

6.”Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население”.

7.”Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница”.

8.”Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

9.”Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците”.

10.”Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…”

11. “Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?”

12. “Македонија има свои интереси и своја политика . Тие им припаѓаат на сите македонци. Оној што сака да работи на присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета себе си за добар , бугарин, грк или србин, но не и за добар македонец“

ЌЕ ДОЈДЕ ДЕН НАСКОРО КОГА БОГ ЌЕ ГО КАЖЕ СВОЕТО И КОЈ БИЛ ГОЦЕ И ТАКВИ ОДРОДЕНИ МАКЕДОНЦИ КАКО ТЕБЕ ИМА ДА ВЕ КАЗНИ ДО СЕДМО КОЛЕНО. 

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top