Коментари

Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија

lud

lud

Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем

Кој е тука – лудиот?

Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија и се дури постои ова име на оваа земја.

И под туѓинци во минатото (макар имало и во иднина),македонскиот народ си ја задржал и ќе ја задржи суштина на постоењето – сопственото име.

Народи доаѓале и оделе како поробувачи и минувачи, македонскиот е постојано со – Македонија. Постојано, заради постоењето кое е пред секоја логика на непостоењето ширена од туѓите пропаганди.

 
Оваа логиката на “непостоењето” ја разгледувал и Аврелие Августин преку сопственото – постоење. Се запрашал дали не е целиот човечки живот лага, па да и самиот – не постои ами е некаков привид, а се е измама.
Но заклучил дека ако се мами, тогаш – постои, бидејќи како може да се мами и да биде во лага, ако не постои?

Августин со предпоставената лага, дошол до непретпоставена вистина за своето постоење. Од овде и познатата теза – “Ако се мамам, значи постојам”, што кај Декарт е – Мислам , значи постојам.

Дека Августин навистина постоел и нему и нас ни потврдува неговото име со кое се потпишани неговите дела и мисли. Неговиот лик и не го знаеме но името ни кажува за кого се работи, па суштината на постоењето е во – името.

И токму исто е и со нашата суштина на постоење, почнува од личното име на кое се одѕиваме од раната детска свест, па оние на родителите, роднините, пријателите и др. имиња со кои се легитимират. Овие имиња ги врзува едно име – Македонија.

Во сегашноста, се јавува т.н.р “проблем” со името, иако Македонците како засебен народ и земја, токму со ова име се уште во V век п.н.е кај првиот релевантен историски извор – Херодот.

Херодот и луѓето од тоа време (и по нив – Тукидид, Диодор, Полибие, Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин, и др. ) се во предност пред ова време, зашто пишувале за тогашната фактичка состојба со што ги рушат манипулациите на сегашноста.

Припадноста се разграничувала со име, без селектирана реалност, се држело до своето име а туѓото може и се презирало но не се бришело и својатало.

Толку ги истакнувале разликите (“Филипки” – Демостен) што очајни се денешните експанзионистички тези.

Грците се под такво ропство од Македонците што Римјаните се сметаат за ослободители (Плутарх : “Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем “).

За посебноста на македонскиот народ низ средниот и новиот век пребројна е документација а премал е просторов.

Денес пак од разни страни ни се поставува исполнување на разни барања а за признавање на уставното ни име,..

Се треба да исполниме за она што и онака е наше , имено – нашето уставно и историско име. Ова е исто како да се услови и Германија со барања само за да ја именуваме како што се именува – СР Германија.

Кој е тука – лудиот?

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top