Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 45

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ –  45

1. Во неделата што измина Македонија загуби еден од  најдобрите и најуспешни спортисти во последниве неколку децении – кошаркарот Благоја Георгиевски – Буштур. Речиси целата спортска кариера Буштур ја помина во кошаркарскиот клуб Работнички, играше безброј пати за македонската репрезентација во кошарка, а учествуваше и на две олимпијади на кои се закити со олимпиското сребро.

    Имав привилегија да го познавам Буштур од најраното детство и сведок сум на почетоците на неговата кошаркашка сага. Пред големата поплава (1962) и катастрофалниот земјотрес во Скопје (1963) живеевме во скопското Пајко маало, недалеку од Камениот мост и додека како деца наоѓавме разни занимации во слободното време, Благоја уште тогаш мечтаеше за кошарката. Ние децата од маалото решивме да му помогниме. Направивме табла од даски од трговскто претпријатие Интерпромет што имаше магацини во маалото, но се појави проблемот со обрачот за кошот. Собравме доброволни прилози – кој по банка, кој две или повеке. Благоја го порача обрачот кај некои ковачи на Бит пазар, се разбира според пропишаните димензии и го монтиравме на таблата. А за мрежа не стануваше ни збор. И додека ние децата игравме џамлии, фанта и слични детски занимации, Благоја упорно фрлаше на импровизираниот кош со секаква топка што ќе му се најдеше при рака. И така, со својата упорност и работа тој ги достигна олимписките височини во кошарката.

     Скопскиот земјотрес го растури нашето маало, а нас жителите не раштрка на сите страни. Но, нашите животни патишта со Благоја повторно се вкрстија подоцна и постанавме баџанаци. Незаборавни се приватните доживувања што ги споделувавме во животот со Благоја и неговата прерана смрт е моја лична загуба, но загуба и за сите нас, посебно за македонската кошарка бидејки со своето огромно искуство можеше уште многу да придонесе. Нека му е вечна слава и фала!

2.  Оној бугарски мрачен тип и мизантроп Красимир Каракачанов не престанува да ја бранува и иритира македонската јавност. Во саботата (1.02.2020) дошол во Битола да промовира две книги за полковникот Драганов и за Тодор Александров. Во текот на престојот Каракачанов, кој е потпретседател на бугарската влада и министер за одбрана на Бугарија, не пропушти прилика да каже дека, според него, “спорот за Гоце Делчев бил политички, а не историски”, те дека  Гоце според него,  бил Бугарин!?

     Сосема оправдано, ширум Македонија уследија силни протести и осуди на ваквите провокации на Каракачанов кој без никакви скрупули доаѓа да ни ги скрнави и присвојува нашите најсвети ликови.

     Патем, познатиот македонист од Риека, проф. Калоѓера,  сосема исправно го етикетира Каракачанов заради провокацијата во Битола како “надуена будала”!

     Но во конкретниов случај не е само Каракачанов во прашење туку и неговите домаќини во Битола што воопшто и го поканиле на гости!? Кое е тоа “Друштвo Иван Михајлов” во Битола и кои се неговите програмски заложби? Што пишува во нивниот статут и за што се залагаат тие? Некој треба да се позанимава со овие аспекти на ваквите непријателски дружини, чија цел е да создаваат немир меѓу луѓето и да служат на туѓи интереси и тие треба без пардон да се бришат од регистерот на невладини организации.

3.  EVROPA ZDAJ(Европа сега), беше омилен поклич на Словенците во осумдесетите гедини на минатиот век кога со сите сили се подготвуваа за членство во Европската Унија. “Европа сега” е мантра што и актуелниве македонски властодршци не ја вадат од уста постојано повторувајки дека “се што се барал Брисел од нас – сме сработиле”, дека небаре сите реформи се завршени и се така, во ист стил.

     Актуелната власт во Македонија никако не може да свати дека папирологијата не е единствен критериум за членство во ЕУ и дека на целото македонско општество му е неопходен комплетен ремонт, почнувајки од загадувањето, односот на администрацијата, корупцијата на секој чекор…….

     За македонската недораснатост за членство доволно во ЕУ јасно говори и фотографијата во прилогов: мртов коњ обесен на камион за собирање смет крстари низ улиците на главниот град за да биде фрлен на некое ѓубриште. А ова не е прв пат да гледаме вакви слики низ скопските улици! Пред година-две коњ почина сред улица во близина на трговскиот центар ”Мавровка” (наспроти Универзитетската библиотека Св. Климент Охрудски) и слична сцена низ скопските улици се случуваше и тогај!

     Да ги прашам градските татковци: после оваа грда (погрда не може да биде) слика, имате образ да го споредите Скопје со Виена, Прага, Рим или било која метропола во ЕУ? Или, што би рекле скептиците на проширувањето на ЕУ (францускиот претседател Маркон и нему слични), дали навистина сметате дека сме спремни за членство во Унијата? Како човек којшто живеел и работел во повеќе земји членки на ЕУ (во цела Скандинавија, Белгија, Австрија…) лично мислам дека сме една светлосна година далеку!

Konj

4.  На матните бизниси на кланот Заеви им нема крај. Сега, како што наближува датумот за предвремени парламентарни избори (12ти април) се поголем е бројот на поединци дома, во земјата, а и од надвор кои се охрабруваат јавно да ги обзнанат беззаконијата и криминалите на Заеви, на кои им нема крај.

     И не само тоа, сега на површина излегуваат се поголеми афери на меѓународен план што, ако се докажат, (а не ќе да е проблем да се докажат, барем така се чини) излегува дека Македонија изминативе години беше заробена државава од политичко-криминална групација на која за да го стори она што западните служби и го побараа (смена на името и Уставот на земјата) и беше дозволено буквално се, ама буквално се!

     Но тие, “западните”, структури очигледно и самите сватија дека нивната “концесија” за услугата што им ја направи Заев со силувањето на сопствената нација и пратениците во парламентот за да гласаат за промена на името на државата и нејзиниот устав, доведе до крајности што се незабележени во пошироки рамки и што претставуваат сериозен проблем и за самите нив. Така, неспорнен е скориот прием на Македонија во НАТО, но спорно е како Алијансата во нејзината политичка димензија ќе прими членка со толку високо ниво на државен криминал и корупција на речиси сите нивоа и во сите општествени свери, без исклучок!? НАТО ќе мора веднаш да реагира на овие грди реалности што ги внесува во организацијата најновата членка, Република Македонија и не ќе има компромиси по тоа прашање.

      Уште посложена е ситуацијата со Европската Унија каде преговорите за членство (како што упорно се мајтапат со нас) небаре само што не започнале! Во дипломатските кругови во Скопје веќе кружи информација за криминалот тежок стотици милиони евра со одземањето на концесијата за експлоатација на злато во рудникот Казандол кај Валандово за да си го присвојат кланот Заеви!? (Концесионерот на којшто му е одземена концесијата поднесе тужба со барање за оштета од 350 милиони евра). Ако на ова се надоврзе и најновиот скандал со мафијашите од Малта и Либија, потоа аферите што ги објавува италијанската ”Ла Верита” и уште многу, многу други, на македонските гласачи на 12ти април обврска им е да кажат НЕ на ова зло што не снајде, поточно зло што ни го наметнаа други, од странa, и да си ја земеме судбината на земјата во свои раце.

Секоја друга варијанта е  г у б и т н и ч к а  и ја води државата и сите нас со неа во неповрат!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top