Коментари

Укинување на Специлајното јавно обвинителство со посебен закон

908

908Специлајното јавно обвинителство мора да биде укинато со посебен закон заради тоа што со посебен закон е и создадено.

Се’ повеќе преовладува мислењето дека сево ова што се случуваше и се случува околу Специлајното Јавно обвинителство (СЈО) е само маска да се затскријат многу поголеми дела од кои некој можеби има особена корист. На пример, ако веќе се откриле неправилности во тоа Обвинителство и требало да се затвори, тоа морало да се направи со донесување на посебен закон за неговото престанување со работа, особено поради фактот што истото е формирано со посебен закон. Со тој закон морале да се определат доста работи, како: датум на престанување со работа, орган што ќе ги преземе предметите, судбина на предметите и на вработените, ревизија на финансиско-материјалното работење на СЈО и уште доста други работи.

Деновиве се гледа оправданоста на ваквиот пристап кон СЈО бидејќи може да се види дека неукинувањето на СЈО со закон било со цел да се држи напнатост и да се водат нечесни политички и правни игри. Вака, само се оставаат работите отворени за да може некој во некое време да манипулира и со неговите функции и со неговите вработени и предмети, односно да креира причини за замајување на јавноста, а во истовреме да се затскриваат други дела.

Една работа треба да се расчисти во корен. Никако не смеат да се спојуваат работите околу укинувањето на Специлајното јавно обвинителство и правното регулирање на јавнообвинитеската дејност и работи. Значи, донесувањето на закон за обвинителската дејност, под наслов како закон за јавно обвинителство, претставува начин на регулирање на сите аспекти на оваа дејност, со што треба да се опфатат сите подобласти за кои ова обвинителство е и ќе биде надлежно. Работите на укинувањето на Специлајното јавно обвинителство претставуваат еднократна дејност и тие како специфични треба да се одвојат од севкупните активности околу јавнообвинителската дејност. Ако овој текст биде објавен пред да заврши шарадата во Собранието околу Законот за обвинителската дејност, истиот треба да поттикне размислување за раздвојување на овие два аспекта, кои некој намерно сака да ги спои во еден закон – за да може да манипулира и под плаштот на СЈО да ги затскрива нечесните дејанија во делот на јавнообинителската дејност.

            Ако на следните избори падне оваа Влада, новата Влада ќе мора да испита многу работи од оваа Влада, особено во делот на располагањето со финансиите, кои можеби сакаат да ги скријат со ваквите евтини трикови како што е ова со СЈО. Еве неколку индикативни работи:

    – како е можно приходите на централниот Буџет да се приближни, ако не и поголеми во годините од 2016 до 2019 година во споредба со годините преттоа, а да не се гледа каде се потрошени тие средства, да нема значајни инвестиции (да не зборуваме за аспектот на задолжување дома и во странство). Логично се поставува прашањето дали средствата се насочени кон други дестинации;

    – како е можно приходите на побогатите општини и на Градот Скопје да се приближни во двата наведени периода – 2016 до 2019 година и преттоа, а тие општини да не преземаат активности на својата територија? Дали некој им ги земал и им ги зема парите и ги оставал без средства?

    – зошто Премиерот??? во времето го “избрка“Министерот за финансии и тој самиот ја извршуваше таа функција – неконтролиран од никого, макар и за кратко време? Дали тој во тоа време има направено некои нерегуларни дејствија со средствата од државата (односно од народот)?

    – се слуша дека при изгласувањето на уставните промени на одреден број пратеници им се плаќани доста примамливи суми. Ако е тоа точно, од која ставка на Буџетот тоа е правено, – ….

      И работите околу случајот “Рекет“ исто така можат да се подведат под катагоријата “Замајување на јавноста“. Во прашање се неколку милиони Евра со кои се маскираат нечесни дејанија вредни неколку стотини милиони Евра. Како режирани и на лента, на јавноста и’ се подметнуваат нови случаи, како “Рекет-2“, па кога јавноста ќе го “голтне“ тој случај, му се подметнува нов случај, по него трет и така по ред, само за да се држи тензија и да се оттргнува вниманието на јавноста од други, подлабоки и повредни случаи.

     Под иста категорија можат да се подведат и голем дел од случаите произлезени од настаните на 27 април. Во оваа смисла вреди да се цитира Стевче Јакимовски кој вели дека голем дел од отворените предмети се за банални работи, за кои нема основ, дури нема ни индиции и се измислуваат износи за кои исто така нема основ,

Мирко Трпески

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top