Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 57

tren

Martin Trenevski

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 57

1. Македонското општество навлезе во една застрашувачка фаза за нејзините граѓани, но изгледа и за следните генерации. Фаза до степен на екстремна наци-фашистичка етничка нетрпеливост, понижувања и игнорирања, пред се на сопствената и доминантна нација во државата – македонскатa нација, но и кон помалите етнички заедници, Евреите, на пример.

    Во раните утрински часови, во неделата (16ти фебруари) Собрaнието на РМ, со гласовите од пратениците на СДСМ и ДУИ ја разреши од функцијата техничката министеркa за труд и социјала во преодната влада, единствената министерка Еврејка во историјата на независна Македонија, доктор на науки Рашела Мизрахи! Во килавото образложение на вршителот на должност премиер во преодната влада (до изборите на 12ти април) Оливер Спасовски, за разрешување на Др Мизрахи беше речено дека таа, наводно го прекршила Уставот на РМ (се поставува прашање: кој устав? Оној октроисаниот со купени пратеници, со уценети пратеници ослободувани од затвор… кој устав???), затоа што не сакала да ја отстрани таблата во Министерството за труд и социјала каде пишува дека тоа е министерство на Република Македонија, а не на некоја фантомска “северна” држава!

    Патем, да потсетиме, сега веќе поранешната министерка Др Мизрахи и самата кажа дека таа табла ја наследила во таква форма од нејзината преходничка, сега потпретседателка на влада Мила Царовска! Но, таквото образложение не беше доволно за Спасовски и тајфата евентуално да ја повлечат иницијативата за нејзино разрешување. Според Др Мизрахи, до нејзиното разрешување доаѓа само за да се дефокусира јавноста од бројните афери на власта. “Можам да разберам критика заради политички ставови, но не критика заради верска и национална припадност. Последен што го правеше тоа беше Јозеф Гебелс”, коментираше Др Рашела Мизрахи.

    Предлогот за разрешување на Др Рашела Мизрахи дојде од потписникот на капитулацијата во Нивице (родениот татко му порача да му се исуши раката заради тој потпис) – кого некои електронски Мак-медиуми го нарекуваат “двоцевка”, а други портали му припишуваат дека наводно имал полициско досие во ЈуКеи поради поседување 300 парчиња дрога за време на постдипломските студии таму, а дотичниот се вика Никола Димитров.

Тој одглуми дека Грција испратила “вербална нота” со протест заради одбивањето на Др Мизрахи да го смени текстот на таблата во Министерството за труд и социјала, по што тргна лавината на расистички изјави и антиеврејски напади од национал-социјал-демократите (СДСМ), но и од нивните коалициони партнери од албанското малцинство ДУИ (водени од антиеврејскиот став на екстремниот ислам).

Колку за потсетување: вербална нота во дипломатската пракса и нема некоја особена тежина туку во суштина е формален документ за

потсетување/укажување за одредени состојби. Тоа што грчката страна пет пари не дава за исполнување на нивните обврски што самата ги превзеде со македонската капитулација во Нивице – за Никола Димитров и тајфата, никому – ништо!?

     Осуда на ваквиот анимален излив на етничка нетолеранција од сеуште актуелната власт пристигна  од претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Скопје, но македонските национал-социјалисти (СДСМ) изгледа ни самите не се свесни колку длабоко заглибија и на меѓународен план со незаконското и вон сите процедури резрешување на Др Мизрахи, по што ќе биде врашки тешко, ако не и невозможно да се повратат.

     Случајот за разрешување на единствената Еврејка министер во една европска влада (значи не говориме само за Македонија) знам дека со големо внимание и длабока сериозност веќе е тема за расправа во Светскиот еврејски конгрес, но и во институциите на државата Израел! И двата споменати субјекта педантно глобално ги следат сите појави на антисемитизам и соодветно реагираат. По се почестите појави на антисемитизам во Франција, Германија и други земји, Светскиот еврејски конгрес и државата Израел нема да останат рамнодушни на појавата на екстремна нетолеранција кон малата еврејска заедница во Република Македонија, чиј единствен министер во македонска влада беше Др Рашела Мизрахи.

     Верувам дека Светскиот еврејски конгрес и државата Израел ќе извршат силен притисок на Еврејското лоби во САД за бруталната манифестација на антисемитизам од страна на сегашната национал-социалдемократска влада во Македонија. Исто така верувам дека Еврејското лоби во американскиот Конгрес и Белата куќа соодветно ќе реагираат на експлозивната појава на антисемитизам во Република Македонија.

     За очекување е Еврејското лоби во САД да изврши силен притисок и на американскиот Стејт департмент и на ЦИА да го корегираат нивното сценарио за разнебитување на Македонија и да престанат да даваат финансиска (преку ЈуЕсЕјд, и на други начини) подршка на сегашнава – изродена од сопствениот народ, власт на престојните вонредни парламентарни избори на 12 април 2020.

     Водечката опозициона партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, што е реална опција за смена на власта во Македонија од секогаш негуваше почит кон своите сограѓани – Евреи. Токму владата на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу останатото, се погрижи со сретствата од имотите на Евреите што фашистичка Бугарија ги испрати во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1944, да се изгради Музејот на холокаустот во Скопје; многу Евреи беа активни учесници и во Илинденското востание 1903. Објавена е и книга на англиски и македонски јазик за Холокаустот на македонските Eвреи. Колку за потсетување: двајца Македонци се длабоко врежани во колективната меморија на Eвреите!

Првиот, големиот Александар Македонецот е единствен освојувач кој дошол со војските во Светата земја не да разурнува и пљачкосува – туку донирал богати дарови пред храмот на Давид и Соломон во Ерусалим.

Вториот е Димитар Влахов кој со гласовите од солунските Евреи бил избран за член на турскиот Меџлис (парламентот) во Стамбол и се залагал Империјата да овозможи Евреите да се враќаат и  да се населуваат во нивната прататковина, што бил главен предуслов за создавање на државата Израел.

     Народот/гласачите во Македонија на престојните избори имаат можност самите да бираат и да изберат опција што им нуди мир и правна сигурност, повисок стандард, повеке вработување, можности за младите, странски инвестиции и пред се и над се прозападна определба за својата политичка иднина.

Криминално-мафијашката банда СДСМ-ДУИ треба еднаш за секогаш да се прати во неповрат, во историјата, а НАТО и ЕУ да добијат пристоен чесен и достоинствен партнер и сојузник.

Тоа е понудата за македонските гласачи за изборите на 12 април 2020.

Martin

МИЗРАХИ: Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука

2.  Она што се нарекува македонско Собрание се распушти во неделата, на 16ти фебруари и сега следат предизборни кампањи што, според мене, ќе бидат највалкани од воведот на партискиот плурализам во Македонија пред 30 години. Мојот впечаток го базирам на искуствата од последниве три години на владеењето на СДСМ и ДУИ, непочитување на Уставот (и неговата промена), законите, процедури, право и /не/правдини – нешто што ни го наментаа “големите” белосветски демократии, а со цел уништување се што носи македонско име, дострел и вредност! Со еден збор, очигледно е дека сеуште преовладува концепцијата на “длабоката држава” да се елиминира македонската нација во етничка смисла и да се формира нешто слично во политичка смисла (демек сите сме Македонци, но како граѓани, а не како етникум).

      Големи се изгледите овој проект, за којшто се даваат огромни пари и да успее но пред се и над се заради неединството меѓу нас Македонците!!! Впрочем, а што друго да очекуваш кога лидерот на националсоцијал/демократите и поранешен премиер ЗЗ за најдрагоценото национално обележје – името на нацијата и државата изјавува:”Да му е.ам името”.

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top