Коментари

Никој нема право да тргува со националните интереси

1 1

1 1Свекрва

Никој нема право да тргува со националните интереси

Во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12-ти април, во неделата, на 16 – ти февруари Собранието на Македонија се распушти.

Со овој чин заврши со работа најкорумпираниот и најкриминалниот парламентарен состав од постоењето на македонската држава. Овој состав ќе остане запаметен во историјата на македонскиот народ по многу незаконски одлуки и прекршување на Уставот. Пратениците на СДС и нивната коалиција, дојдоа на срамен начин, така владееја и така заминаа.  

Од самиот старт пратениците од корумпираната и криминогена коалиција го испоганија законодавниот дом – Собранието на Македонија, прекршувајќи ги притоа Уставот, Законите и процедурите. Талат Џафери беше избран дури по завршувањето на регуларната седница без притоа да се утврди колку пратеници гласаа за него.

Иако лидерот на СДС Зоран Заев пред да го добие мандатот достави гаранции до тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов за заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, потоа уставнит поредок на државата, како и тоа дека носењето на одлуките ќе биде во согласност со правото, со Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употребата на јазиците тој го загрози опстанокот на македонскиот народ и неговата држава.

Под диригентска палка на Зоран Заев, пратениците на СДС, го игнорираа референдумот на кој граѓаните на земјата јасно ставија на знаење дека се против промената на уставното име. Под притисок и уцени од владеачката коалиција, пратенииците се согласија за отварање на Уставот и потоа за негово менување. Некои дури беа пуштени од домашен притвор само за да гласаат за промена на уставното име.

Ваквиот однос не беше толериран од тогашниот претседател Иванов кој не го потпиша указот и размислуваше за активирање на гаранциите на Заев. Меѓутоа тие никогаш не беа активирани и Договорот од Преспа и Законот за јазиците влегоа во Службен весник само со потпис на Талат Џафери.

На крај од мандатот на ова парламентарно собрание се случи разрешувањето и на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи само затоа што е еврејка и стоела пред табла со уставното име Република Македонија. Овој настан како и гласањето за Законот за јавно обвинилтелство во Собранието, кој во првичното гласање не доби доволно гласови, а потоа на срамен начин, на сила беше донесен, покажа ужасно газење на правдата, на едно фашистичко владеење на заевистите, кои сакаат да го заплашат македонскиот народ пред следните предвремени парламентарни избори.

И покрај прекршување на Уставот и Законите од страна на коалицијата предводена од Социјалдемократите, преставниците на САД, НАТО и ЕУ во текот на мандатот на овој парламентарен состав молчеа.

Владеењето на овие структури, со отсуство на вистинска правда, потоа отсуство на економски развој и стагнација во стопанството, беше една од главните причини за масовно иселување на младите од земјата во последно време.

Сето ова укажува дека СДС која направи непроценливи штети на Македонија, неславно и срамно ќе замине од власта. Меѓутоа, овој пат некој мора да ја плати казната за предизвиканата штета. Не може вечно да се остават неказнето челниците кои работеле спротивно на националните интереси, на луѓето кои заради лични интереси му нанеле огромни штети на македонската држава.

Свесни дека ќе ги изгубат следните избори и дека ќе треба да одговараат пред судот на народот, повеќе челници на СДС одамна почнаа да ги префрлуваат средствата од чантите Луј Витон на сметките во странство, каде веќе имаат добиено државјанство, имаат  купено имоти и отворено фирми.

Тоа мора да биде поука за идната власт и таа треба да направи се што е потребно за да се спречи таков чин во корен. А изречените казни треба да бидат пример за во иднина, дека никој нема право да тргува со националните интереси.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top