Коментари

Македонија мора да внимава кого ќе го избере на избори

1 1

1 1Свекрва

Македонија мора да внимава кого ќе го избере на избори

По распадот на Југославија, политиката на социјалдемократите стана најголемо зло за Македонија. Од самиот почеток тие беа против осамостојување на земјата, а откако земјата прогласи независност, тие започнаа со стечајна постапка на државата.

Првично беше транзицијата на општествениот капитал во приватен, кога беа прогласени огромен број на стечаи на општествените фирми, за да истите преминат во рацете на елитата на црвената боржуазија. Денес Социјалдемократите предводени од нивниот лидер ја водат замјата кон целосен стечај.

Непочитување на Уставот и законите во земјата, потоа Преспанскиот договор, Договорот за пријателство со Бугарија и Законот за јазиците ја доведоа земјата пред целосен распад. Дури и членството во НАТО, нема да биде од посебна корист, доколку во играта учествуваат и други нејзини членки. Се очекува само некој да го потпали огнот и целиот регион да зоврие. Дали тоа ќе биде Босна и Херцеговина (БиХ) или Косово, зависи од тоа како ќе се постават коцките во регионот или од парламентарните избори во Македонија и Србија.

Имено, најави доаѓаат од БиХ каде пратениците во Република Српска дадоа рок од 60 дена за реформа на Уставниот суд на БиХ во спротивно заканувајќи се со отцепување. Овој потег на српските пратеници следува по одбивањето од судот да ја потврди нивната пратеничка одлука, земјоделското земјиште во Република Српска да биде нивна сопственост, а не на Босна и Херцеговина.

Во своето обраќање во парламентот во Бања Лука, Милорад Додик, српскиот претставник во босанското претседателство рече: „збогум БиХ, добредојде РС-егзит. Ќе се видиме за 60 дена“. Исто така, Додик ќе истакне дека Република Српска како и Косово има право да бара независност. Дека не е празна приказна говори и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој вели дека тоа е јасна порака дека ако се продолжи со политика на загрозување на еднаквоста на српскиот народ, ќе имате проблеми.

Овие настани во БиХ доаѓаат во исто време кога има политичките превирања во Косово, како и проблеми во Црна Гора, каде црногорските власти имаат спор со СПЦ (српската православна црква) пропратени со протести на Србите низ црногорските градови.

Имено, во последно време повторно се актуелизира прашањето за поделба на Косово, кое што беше дел од плановите на САД уште во 1999 година. Дури и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Доколку дојде до било каков договор меѓу Србија и Косово за размена на територии, тогаш неминовно ќе биде Белград да бара компензација во БиХ. Односно ќе се оствари изјавата на Додик „збогум БиХ, добредојде РС-егзит“.

Доколку дојде до вакво сценарио, според црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во сараевската телевизија „Фејс“ ќе изјави дека „секој обид за отцепување на Република Српска од БиХ би водел кон војна.“

Исто така, менувањето на граници како решение за Косовското прашање не може а да нема реперкусии врз Македонија. Тогаш радикалните албански елементи кои се залагаат за Голема Албанија ќе имаат алиби за да побараат менување и на границите на Македонија. Во таков случај Македонија дури и да е член на НАТО, нема да може да се спротивстави за да ги зачува постоечките граници. Особено не доколку на чело на државата се Заевистите.  

Со самото тоа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека СДСМ не е веќе македонска партија, туку е мултиетничка партија, која врз претходното искуство ќе се базира на албанското гласачко тело на престојните избори, тогаш при еден таков развој на разрешување на косовското прашање, македонската држава ќе биде доведена во позиција на монета за поткусурување.

Дека СДСМ не е заинтересирана за македонскиот народ и неговата држава покажа потпишувањето на Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и донесувањето на Законот за јазиците.

Од ова треба да се извлече поука  и секој Македонец кој си ја сака државата без разлика на политичка припадност треба да му даде поддршка на ВМРО ДПМНЕ кој знае и може да ја сочува македонската држава и македонскиот идентитет.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top