Коментари

Коалиција со Беса-почеток на крајот на СДСМ?

СДСМ и БЕСА обзнанија предизборна коалиција, но не обзнанија политичка платформа врз која оваа коалиција се темели.

Toa ќе го стореле во наредниов период. Нов и сериозен придонес на СДСМ на теоријата и практиката на политичката наука. Секаде во светот политичките партии прво преговараат за идеолошко-политички платформи па потоа потпишуваат предизборни или владини коалиции. Само СДСМ и Беса тоа го прават наопаку. Имаат сериозни причини за тоа.

СДСМ се преставува како лева, а Беса како десно од центарот партија. Идеолошки ништо не ги спојува, но оваа забелешка може и да се игнорира. Македонија и до сега видела вакви идеолошки перверзии. Но, не може да се игнорира фактот дека договор за заедничко предизборно коалиционирање потпишаа една анационална и една национал-шовинистичка партија.

Дефинирањето на СДСМ како анационална партија произлегува од самите изјави на врвот на оваа партија. Во оваа смисла најдалеку отиде г. Заев дефинирајќи ја сопствената партија како мултиетничка. Најлесно би било оваа негова изјава да се протолкува како производ на неговото непознавање на феноменот наречен политичка партија. Некои аналитичари тоа и така го протолкуваа. За жал, работата е многу посериозна. Конкретнава изјава на г. Заев, во комбинација со некои други негови изјави, но и изјави на негови соработници, покажуваат тенденција за целосно негирање  на постоењето на македонската нација.

Изјавите дека македонската држава е мултиетничка се глупост. Тие се резултат на недостаок на знаење на политичката и правната теорија и терминологија. Мултиетничка држава не постои. Постои унитарна, федерална и конфедерална држава. Во таа држава постои население кое најчесто е мултиетничко, но во себе содржи и доминантна етничка група, која преку своите заложби ја формирала државата и преку инструментите на државата прераснала во нација. Всушност не постои унитарна држава без нација. Дали таа нација е етноцентристичка или граѓанска е сосема друго прашање. Но таа постои. Исто како што во рамките на државата постојат и национални малцинства и етнички заедници. Идеално решение за секоја држава е тие национални малцинства и етнички групи своеволно  да се инкорпорираат во националната матица. Праксата покажува дека еден дел од припадниците на националните малцинства и етничките заедници тоа и го прават. Друг дел, помал, или поголем, сеедно, тоа го одбиваат. Сосема разбирливо и сосема легитимно.

Оттука, постојаното повторување од страна на СДСМ дека Македонија е мултиетничка држава, односно дека СДСМ е мултиетничка партија, како и неговото делување во извршната и законодавната власт, покажува анационален приод кој има за цел да ја деноминира македонската нација на ниво на етничка група. Ниту теоријата, ниту праксата не познаваат ваков пристап. Тој не само што е спротивен на логиката на постоењето на нацијата и државата, туку е спротивен и на принципите на либералната економија. При ова јасно треба да се има во предвид, дека заложбите на СДСМ за деноминирање на македонската нација, се спроведуваат чекор по чекор. Нивниот методолошки приод е воден од правилото на варење на жаба. Најдобар доказ за приемната на ова правило е фактот дека ниту Заев ниту кој и да е од врвот на СДСМ во своите јавни настапи ја немаат употребено синтагмата „македонска нација“. И не смееат!

Задржувањето на статусот на македонската нација е спротивен на договорите со Бугарија и Грција, но и Тиранската платформа. СДСМ овие договори не ги потпиша за да ја популаризира македонската нација. Спротивно! Тие се потпишани за преку насилно донесените измени на преамбулата на уставот да започне процес на нејзина деноминација. Во спротивно, владата на Заев ќе го почитуваше резултатот од референдумот и за тоа никој во светот немаше да ја осуди. Во секоја демократска држава вољата на граѓаните е светиња. Велика Британија излезе од Европската Унија бидејќи граѓаните на консултативен референдум се изјаснија за тоа. Многумина се спротивставуваа, многумина се трудеа тоа да го спречат, но и левите и десните англиски партии јавно истакнаа дека вољата на граѓаните мора да се почитува.

Уште повеќе. Доколку СДСМ навистина се грижеше за зачувување и зајакнување на македонската нација, неговата влада, веднаш по референдумот требеше да даде оставка и да се оди на нови избори. Ниту тоа не се случи. Еднаш дадената душа на ѓаволот доживотно останува во неговите раце. Заев и неговата екипа со одбивањето да се спротивстави на Тиранската платформа, всушност го најави почетокот на битката за деноминација на македонската нација. Тој нејзе ја жртвуваше, со една и единствена цел. Да формира влада за да ги потпишат договорите со Бугарија и Грција.

Албанските политички партии во Република Македонија се националистички. Нивна заложба е сенационално албанско обединување. За нив постоењето на македонската нација е пречка кон остварувањето на оваа цел. Едноставно, се додека постои македонската нација, тие ќе бидат национално малцинство. Тие тоа не го сакаат. Ќе треба да ја следат судбината на нацијата. Венецијанската комисија тоа јасно и гласно го кажа. Токму од тие причини, тие постојано ја повторуваат идејата за целосна имплементација на „духот“ на Охридскиот договор. Сами си воведоа уставно-правен термин „дух“ и со помош на СДСМ работат на негово реализирање. Уставно-правниот поредок на Република Македонија го претворија во платно за сликање на нивните замисли за „духот“ зад кои се крие големо-албанската идеја. Кажано попрецизно, таа идеја веќе и не се крие. Неа СДСМ се обидува да ја прикрие, залажувајќи ја јавноста за некакво само нему познато инклузивно општество.

Дефинирањето на Беса како национал-шовинистичка партија, не треба да изненадува. За воља на вистината  помалку или повеќе и останатите албански политички партии се такви. Разликата помеѓу нив и Беса е во тоа што Беса јасно и гласно зборува за уставо редефинирање на Република Македонија, а во функција на изедначување на уставно-правниот статусот на албанското малцинство со македонската нација. За да биде мислава појасна, потребно е да се потенцира следново. Едно е да се биде националистичка партија која се бори за зголемување, доколку е потребно, на правата на припадниците на албанското малцинство, а сосема друга работа е припадниците на македонската нација да ги девалвираш и да ги сведуваш на ниво на етничка група. Не признавањето на постоењето на македонската нација, од страна на Беса, но и на која и да било друга албанска политичка партија, е чист национал-шовинизам.

Постоењето на Република Албанија и Република Косово, во задгрбието на албанското национално малцинство во Република Македонија е реалност. Таа реалност има свои реперкусии и врз меѓу-етничките односи во македонското општество. Тие постоеле и ќе постојат. Од нив не може да се побегне, но може да се менаџираат. Под услов, албанските политички партии да ја прифатат реалноста дека тие се национално малцинство во Република Македонија. За такво нешто тие, благодарејќи на Заев и неговата компанија, повеќе не сакаат ниту да помислат. И затоа Беса влезе во предизборна коалиција со СДСМ, но без заедничка политичка програма. Заев и врвот на СДСМ ги подржуваат заложбите на Беса, за дозаокружување на големо-албанскиот сон, но тоа јавно нема да го кажат. Сакаат и овие избори да ги добијат со повторно лажење на македонските гласачи, а потикнување на идејата за сеалбанско обединување кај албанското гласачко тело. Едноставно! СДСМ и неговите македонски привезоци во текот на кампањата, на македонски јазик, ќе зборуваат дека го циментирале македонскиот идентитет и јазик, без да ја споменат македонската нација, а Беса, на албански јазик, ќе зборува за потребата од доостварување на заклучоците од декларацијата на албанските политички партии од просторите на поранешна Југославија.

Коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, е перверзна и спротивна на интересите на македонската нација и држава. Македонските национални интереси оваа коалиција, доколку победи на изборите ќе ги жртвува во корист на албанските, бугарските и грчките. Се со цел да се задоволат барањата на заинтересираните за експлоатација на резервите на гас во Источното Средоземје. Единствен начин ова да се спречи е победа на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори. За да се случи тоа потребна е мудрост. Истата онаа која граѓаните ја покажаа за време на референдумот. Тогаш со бојкот, а сега со гласање. Резултатот од изборите треба да предизвика ефект од кој СДСМ повеќе нема да може да се рехабилитира. Сепак, за да се случи тоа потребен е предуслов. Потребно е ВМРО-ДПМНЕ на обичниот граѓанин јасно и гласно да му образложи дека нема сила економија без силна држава и обратно. Нема силна држава без моќна национална свест и обратно. Нема силна економија, без моќна национална свест изразена во степенот на патриотизмот и обратно.

Автор: проф. д-р Јован Донев за НетПрес

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top