Коментари

Следниот мандат народот ќе го довери на оној кој не лаже

1 1

1 1Свекрва

 1 април е денот на шегата, 12 април е денот на одлуката.

На 12 април македонскиот народ на предвремени парламентарни избори ќе биде исправен пред судбоносната одлука кому да му верува: на СДС или ВМРО-ДПМНЕ, на Заев или на Христијан Мицкоски. Народот тогаш треба да одлучи кои изборни програми се реални, односно дали ќе живее во светот на лагите или пак во реалниот свет исполнет со секојдневна борба за создавање на подобра иднина на македонскиот народ.  

12312

Македонците се чесни и работливи луѓе. Меѓутоа чуствувајќи се како граѓани од втор ред во сопствената држава, како луѓе кои неможат да ги остварат своите права на работа, како ни на достојна плата на она што го изработиле, потоа чуствувајќи се изманипулирани и излажани од власта предводена од СДС и нивниот лидер З.З, се повеќе граѓани ја напуштаат државата. Во нивната намера не може да ги спречи дури ни вирусот Ковид–19. Евентуално само промена на власта, за која се знае дека би се држела до реална и остварлива програма, би можела да ги задржи дома.

Неодамна уште една лага која беше искажана од устата на бившиот премиер и лидер на СДС З.З. ја прели чашата исполнета со пелин. Прво кажа дека промената на имињата на училиштата во Чаир е незаконска, за ден потоа да напише на својот профил дека промената е согласна законот. Набргу, на својот фејбук профил се надодаде и Артан Груби, кој напиша дека конечно училиштето е 100 посто албанско.  Како што тргнало, со помош ма СДС утре Артан Груби комотно може истото да го каже и за целата земја.

Во тој контекст, челниците на СДС имаа премногу путер на главата. Тие за да го добијат претходниот мандат ја прифатија Тиранската платформа, потоа во текот на нивниот мандат, продолжувајќи во нивен стил го склучија договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со што ја доведоа пред распад македонската држава.

Зоран Заев, лидерот на СДС, пред да го добие и на почететокот на својот мандат ветуваше многу, но ништо не направи, освен што со сменето име, за да безимени, со одземен идентитет, со свиткана кичма и на колена ползиме кон ЕУ и НАТО.

Гордиот Македонец ова понижување не може да го  издржи и кога гледа како наместо криминалците, патриотите скапуваат во затвор и си заминуваат од земјата. Тие не кренаа раце од својата земја, но чекаат подобри времиња и личности на кои ќе можат да им веруваат за да се вратат во земјата и со својот глас да ја променат состојбата на сите полиња.

Само така ќе може патриотите да излезат од затвор, а криминалците, ракетарите и предавниците да го завземат нивното место.

На 12 април всушност е време за одлука, време кога сите Македонци треба да се соберат и да гласаат за иднината на македонската држава. Тие треба да одлучат што сакаат. Или сакаат повторно да ги води Заев и да ги манипулира со евтини популистички трикови и да ја изгубат земјата, или пак сакаат вистинска личност како Христијан Мицковски кој не зборува за виртуелен свет, туку за борба за подобра иднина не само на македонскиот народ туку и на другите етнички заедници во земјата.

Имено, за разлика од трговецот од Муртино кој прво се колнеше во “жицата македонска” и во “татковци и дедовци” дека “не се родил маж кој ќе го смени Уставот и уставното име”, граѓаните видоа само пазар со највисоките национални интереси.

Зоран Заев ветуваше правна држава, а се забетонира Луј Витон судството, политички рекет и “трас-трас” пресуди, Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ нема луксуз за празни ветувања. Како прво тој не е трговец, туку професор кој предава егзактна наука и кај него мора се да е прецизно, предвидливо и исполниво. Тој нема право и не смее да лаже. Она што ќе го вети на народот тоа мора да го исполни, дури и ако вети дека ќе се обиде доколку има доволен број на гласови да го ревидира и Преспанскипт договор.

Народот е исправен пред две програми, една на СДС и друга на ВМРО ДПМНЕ.

Првата програма која треба да ја спроведува СДС тешко може да се оствари бидејќи нивниот лидер никогаш немал чврст став и одлуките ги менува за миг, тргнувајќи од личните интереси.

Втората програма на ВМРО ДПМНЕ е остварлива, бидејќи ќе ја спроведуваат луѓе кои знаат и умеат сето тоа да го претворат во стварност, и луѓе кои не лажат и манипулираат.

Од досегашното искуство народот може лесно да се одлучи на кого да му го довери следниот мандат, а тоа се оние кои не лажат туку остваруваат.

Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени по парламентарните избори на 12 април.

Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.

Следниот мандат народот ќе го довери на оној кој не лаже.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top