Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 60

tren
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
1.  Употребата на терминот “Мултикултура/та” се почесто добива на интензитет во климаксот на поличките случувања во Република Македонија, особено во екот на кампањите за претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 12ти април. Тоа особено дојде до израз со изјавата на лицето Зоран Заев (З.З.) дека партијата што во моментов ја предводи (СДСМ) “не била македонска партија, туку мултикултурна партија”!?
     Истресе З.З. невидена глупост и остана жив, но на негова среќа никогаш повеќе не ја повтори! Претпоставуваме дека некој учен и стручен што ги разбира работите го удри по нос, т.е. го предупреди да не жонглира со термини што самиот не знае што значат!?
     Оваа вербална егзибиција на лицето З.З. можеби и е добра прилика да се посветиме малку повеќе на терминот “мултикултура” и “мултикултурализам” за работите да постанат појасни.
     Почетоците што и претходеа на појавата т.е.своевидната генеза на овој термин практично треба да се лоцираат во настаните што следеа по завршетокот на Втората светска војна. Крајот на најголемиот воен конфликт во историјата на човековата цивилизација воедно означи почеток на мрачниот период на “студената војна” што започна помеѓу довчерашните воени сојузници, но сега лути идеолошки противници: САД, со земјите нивни подржувачи и СССР, со блокот што го создаде од земјите што со оружје, но и огромни човечки загуби, ги ослободи од нацистичкиот јарем.
     Уште пред званичната капитулација на нацистичка Германија, САД (ЦИА) ја лансираа операцијата “Пејперклип” (Paper clip – спајалица), што во пракса се сведе на лов на водечки нацистички научници, особено експерти во ракетната техника, меѓу кои најпознат беше Др Вернер фон Браун, таткото на ракетните проектили “Фау 1” и “фау 2” што го разурнаа Лондон (Американците и самите признаваат дека ракетната програма на САД до 1960-тите години всушност е програма на заробените германски научници – проектот “Сатурн5”, на пример).
     Со разгорувањето на идеолошкто нетрпение на крајот од 1940тите и почетокот на 1950те години помеѓу САД и Советскиот блок и можноста за непосреден воен судир меѓу двата блока, Американците заклучија дека прекалените нацистички воени команданти од фронтовите кај Сталинград, Ленинград, Курск, Нормандија и други фронтови, со богато борбено искуство, би можеле многу добро да им послужат во евентуалната војна против комунизмот и со лесностија им овозможуваа да се евакуираат главно во прекуокеанските земји, во прв план во Австралија. А таму, по пристигнувањето на аеродромите или пристаништата во Мелбурн, Сиднеј или Перт, веднаш по пристигнувањето, им го менуваа идентитетот и наместо Германци, преку ноќ тие постануваа Австралијанци со англосаксонски идентитет! Слична пракса во педесетите години од минатиот век се применуваше и на обични доселеници-печалбари.
    Со ваквата брутална пракса на асимилација, властите во Австралија со текот на времето сватија дека тоа претставува грубо нарушување на човековите права, и асимилацијата беше заменета со понежна варијанта за интеграција во австралиското општество, со мултикултурата.
    Авторството на терминот “мултикултурализам” му се припишува на професорот на Австралискиот национален универзитет во Канбера Јержи Зубрицки кој прв го употреби во раните шеесети години од минатиот век, за неколку години потоа тоа да стане официјална политика на петтиот континент. Воедно, мултикултурата како политика се спроведува во пракса и во четирите земји на доселувањето: САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, а се заснова на три темелни предуслови, од кои нема и не може да има одстапување. Тоа се:
   1. Еден и единствен службен јазик на ниво на целата земја, а тоа е  а н г л и с к и о т! Со други зборови: во земјите каде мултикултурата е пракса  н е м а  закон за јазици (!?), како што беше изнуден кај нас во РМ, ниту двојазичност (!!!), а доселениците го користат мајчиниот јазик во локалните средини (цркви, клубови и други oблици на социјализација, во дополнителната настава на мајчин јазик и сл);
   2. Единствена надворешна политика, и
   3. Единствена (централизирана) одбрана на земјата!
   Место заклучок: темелот на мултикултурализмиот е правото на сите граѓани, без разлика на национална и верска припадност, НО ВО РАМКИТЕ НА ЗАКОНИТЕ НА ДРЖАВАТА, да го изразуваат  своето етничко потекло и културно наследство.
    Значи, наместо асимилација како репресивен метод на интеграција во општеството, преку мултикултурата, луѓето се третирани со почит и достоинство (Види: Мартин Треневски: “Непозната јужна земја – разгледници од Австралија”, Матица Македонска (1992), стр. 101-103). 
    Следствено Зоране Заев: Во демократскиот и цивилизиран свет политичките партии се засноваат на идеолошка и програмска основа, а не на етничката припадност на членовите (таква  глупост карактеристична е само во Република Македонија и не знам дали нешто слично постои во светот!?).
2.  Република Македонија не успеа во изминативе 75 години државност да изгради единствена политика кон сопственото иселеништво кое е побројно надвор, во границите на земјата, од нас овде во татковината. За разлика од земји каде е традиционална и долготрајна праксата на иселувањето (Италија, Хрватска, Грција…), каде врските на дијаспората со матицата земја се со папчана врска, во нашиот случај се се сведува на импровизации, ад хок активности и случајни ивенти, но не на конзистентна и добро осмислена долгорочна соработка.
     Расположението во дијаспората во огромна мерка е рефлексија на случувањата во татковината, а после невидените стресови што ги приреди последниве неколку години владеачката врхушка, разочарувањето нај нашинците ширум светот е тотално. Така, имаме масовен бојкот во црковните општини кон дипломатско-конзуларните претставништва на РМ во странство, контактите се сведени само на службени посети за конзуларни и слични услуги и толку! Се изгуби сплотеноста и соработката помеѓу сонародниците и македонските ДКПа. Замислите, на пример, ситуација кога на традиционалниот Илинденски пикник што секој 2ри август се органиизра во Торонто, а на кој навремето присуствувале помеѓу 10.000 и 15.000 сонародници од САД и Канада, повеќе не присуствува (а ниту го канат) Генералниот конзул на РМ во Торонто!? Жално и трагично, би рекол, но не знам дали Зоран Заев, Никола Димитров и слични ним се свесни за овие последици од капитулацијата што ја починија во Нивице, на Преспа.
     Врв на непочитувањето на дијаспората секако е извесната неможност иселеници кои имаат законска можност да гласаат во странство, да неможат да го остварат тоа свое право заради високиот и недостижен сензус и да имаат свои претставници во Македонскиот парламент!. Според изјавата на  претседателот на ДИК Оливер Дерковски: “Иселениците не биле заинтересирани да гласаат, а доколку не учествуваат на гласањето (на 12 април, моја забелешка) нема што повеќе да бараат од Македонија”!?
     Не знам дали самиот Оливер Дерковски е свесен каква колосална глупост истресе!? Не сум сигурен.
3. Според меѓународните истражувања Македонија бележи сериозен пад на индексот на корупција и сериозен раст на корупцијата! Најголема стапка на корупцијата во земјата е под власта на СДСМ 2002-2006 и 2017 до денес, под владата на Зоран Заев.
    Од 180 земји обфатени со анализите, Македонија е на 106то место по корумпираност смета Транспаренси интернешнл, а според индексот на демократија на британски Економист во Македонија владее хибриден режим на Зоран Заев, дури полош и од режимот во Косово, заедно со режимите во Сенегал, Непал, Мали, Сиера Леоне, Кенија, Танзанија…!!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top