Коментари

Александар Бичиклиски: Пиреј сме ние …

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 n
Bicikliski

И војни и болести и природни катастрофи сме преживувале а и сега ќе преживееме. Но СДСМ повеќе од сигурно ќе “умре” како политичка партија по пандемијата, давејќи се во сопствените политички фекалии… Ќе ве казни народецов така јако и ќе ве акне од земја да не знаете кој крај да фатите.

По само две недели кризни државата е донесена пред банкрот, нема плати , нема медицинска опрема,се краде на тестови, се лаже безобзирно ,се носат катастрофални кризни мерки и итн…

И пазете секој кој е критички настроен кон нив, го прогласуваат веднаш виновен за тињава која ни се случува….

И сега пак од ракав ќе се браните , ВМРО е криво,Груевски ви е крив …

Да 11 години земавте редовно плати и пензии во време на две економски светски кризи, во време на бегалска криза , во време на елементарни катастрофи .
11 години буџетот беше помал од буџетот во последниве 3 години.
Државата беше три пати помалку задолжена ….
Се помагаа земјоделците,градежните компании, образованието, спортот,младите, пензионерите и итн.
Не ви чинеше, лаевте нема демократија, заробена држава ,човекови права ….

И донесовте “демократија” до државен рекет, затворање на новинари,монтирани судски процеси, лажни вредности и енормно богатење на криминалното подземје, обид за убиство на нацијата со нејзиното обезличување поврзано со нејзиниот идентитет.

Станавме хибриден режим со воведена вонредна состојба, со концентрација на моќ кај неколку луѓе кои истата дебело ја злоупотребуваат.
Владее колективна хистерија и страв.

Се спомнува национализација во 2020 година, да 2020 не 1947… Кога сме кај национализацијата, нема да верувате се согласувам со Заев …

Да време е да се национализира имотот и парите на сите оние кои овие 30 години се обогатија крадејќи од народот ,без оглед дали се од ВМРО или СДСМ и тоа по ред…Од приватизацијата во 1996 па до ден денешен.

И Свето и Штерјо и Орце и Кочо и Љубчо и Хари и Минчо и Андреа и Сашо и Рада и Вице и Зоран …и итн
Сигурно тежат повеќе од 100 милијарди, пари исцицани од овој народ.

Ајде Зоране дај личен пример…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top