Коментари

Ламбе Арнаудов: “НЕМОЈ ДА МУ ГО ЗЕМАТЕ СОНОТ НА НАРОДОТ“

lambe-arnaudov

lambe-arnaudov

Ламбе Арнаудов: “НЕМОЈ ДА МУ ГО ЗЕМАТЕ СОНОТ НА НАРОДОТ“ – Христијан Мицкоски

Глупавите луѓе постојат на светот за да ги засрамат мудрите, само што при тоа мудрите и понатаму остануваат мудри, а глупавите стануваат уште поглупави.

Толку за емисија “Трилинг“ на ТВ 24 во која брилираше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и го заврши својот настап со антологиската порака од насловот: “Немој да им го земате сонот на народот“.

Оваа реченица кажува сé и далеку ја надминува, според својата содржина, комплексност, опфатеност и интерактивност во жанрот на егзистенцијализам, досега од многумина авторитети анализирана како најдобра кратка порака реченицата на прославениот нобеловец и еден од најголемите интелектуалци на сите времиња, Алберт Ками која гласи: “Мојот камен, моја работа.“

Овде се работи за длабока содржинска порака од индивидуална, егзистенцијална форма на поединец и затоа симнувам капа.

За разлика од Алберт Ками, пораката на лидерот Хрискијан Мицкоски е вистински сон за егзистенцијалниот опстанок на еден народ и држава, еднаква за сите граѓани на Р.Македонија.

Оваа реченица истовремено во себе содржи љубов, вера, истрајност, лојалност, посветеност, непомирливост, и безвременост во негување и доизградба на идеалите, наследени, прифатени, потврдени и пренесени од генерации на генерации, што трајно и засекогаш нé поврзува во она што нé обврзува, а тоа е силна, горда и исправена Република Македонија со поеднакво распоредена дарежливост на своите вредности кон сите македонски граѓани кои што денес место да живеат се измачуваат. Најважниот дел од пораката  е дека сонот е реален и ќе донесе поубав и порадосен живот во многу скоро време.

Сонот на народот е реален затоа што тој не доаѓа при спиење. Тој сон го сонуваме кога работиме, кога одмараме, се радуваме или тагуваме, најчесто кога ни е тешко, но и кога ни е лесно. Го сонуваме будни и не се заборава како сонот во спиење што трае неколку секунди, овој сон трае, не престанува, се зајакнува, се проширува и не се заборава НИКОГАШ.

Не им го земајте сонот на најголемиот дел од овој питом народ кој денес се во првиот одбранбен ред во зачувување и спасување на нашиот живот, на кои сега лицемерно им се додворувате и им благодарите, а бесрамно ги лажевте, деградиравте и ги понижувавте. Тоа се храбриот медицински состав на Македонија, кој досега беше најдискриминираната професија во Р.Македонија. Тука до нив се војниците, полицијата, пожарникарите, комуналците и сите вклучени во одбрана на животите на другите, не ретко по цена на својот живот. БЛАГОДАРИМЕ !!!

Исто така не им го земајте сонот на сите оние честити граѓани на Р.Македонија кои исправени стојат гордо пред најголемиот предизвик со кој досега се сретнале и свесни за големината на влогот, без плачење, негодување или кукање прифаќаат изолација, самоизолација, вонредна состојба, полициски час, ограничувања, намалувања, задолжувања и 50 милиони долари дневен губиток, свесни дека на крајот и тој товар дека ќе падне врз нивниот грб. Не им го земајте сонот на Македонците затоа што тој не е ваш и по никоја цена нема да ви го дадат, љубоморно ќе го чуваат за себе, за своите семејства, за својот народ, за својата Татковина.

Таков сон сонуваат само луѓе кои будно бдеат врз судбината на својот народ и татковина и секогаш се спремни да ги одбранат нивните интереси. Вие останатите ваков сон не можете да сонувате затоа што спиете и дење и ноќе и вас ви припаѓа привилегијата да се свртите кон традиционалниот сон кој ништо и не значи.

На крај. Сите заедно, народот – сонувачот ќе победи. Ќе го победиме КОВИД-19. Ќе го победиме и ЗОВИД-17 кој во изминативе 3 години безмилосно развиваше духовна вирусна пандемија врз својот народ и успеа од Македонија да направи касарна без војници, оружје, опрема, муниција со што до темел го разурна одбранбениот систем на државата и имунитетот на народот, со што на долго време ги направи неспособни да се одбранат од вашето дивеење.

За среќа, вашето време кое зад себе остави урнатини на секој чекор поминува и доаѓа времето на народот на кој по не можете да им го земете сонот. Тој сон му припаѓа на народот и единствено народот е тој кој ќе го претвори во реалност.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top